Здраво имам едно прашање дали упатот за крвна слика важи еден месец или не. Конкретно упатот ми е од 24 јуни а сега сакам да одам на 27 јули за крвна слика и дали ми важи упатот или треба д аодам по нов кај геникологот. Поздрав
ќе ти треба нов, за крвна слика важи некој ден помалку од месец. мене така ми имаат кажано во лабораторија и пошто секој месец правам крвна слика гледам да не е точно месец од датумот...
Женски крв од нос во 16та недела? Знам дека во прво тромесечие е нормално, ама мене се у второ ми се случува
Сестра ми е влезена во 9ти, од петокот до денес се нафрла цела по телото, ја чеша. Посетено доктор, дадено само крема. Некој со слично искуство?
Мене ми течеше крв од нос во 8ми и 9ти месец, како се наближував до крајот на бременоста се почесто и почесто ми се случуваше.
Направив тест денеска прв ден да не добијам позитивен излезе ви посалувам на сите да ви даде господ ваква радост ❤
Здраво. Знаете на некој кога му е досадно и нема друга работа, па си наоѓа сам проблеми да си ги мисли Кога бев во Њу Борн, докторот цервиксот ми го измери 3.85 рече добро е. Во Ремедика на втор скрининг малку над 4cm ми го измери докторката. Ама и претходно на слика некако како од едната страна да гледам јас што го викам како "одлепување" Тогаш беше помалку, сега повеќе кога бев во Ремедика. Мада ми рекоа дека е добро. Или јас стварно забегувам па мислам на се и сешто хахаха. Ваков ли е вашиот цервикс на ехо сликата? Нели треба да биде се како "залепено" или дефинитивно да се прогласам за забегана.
А ти пробуваш да забремениш? Стручно не можам да ти кажам бидејќи не сум доктор, ама што доктор видел и рекол дека е во ред, тогаш верувај му. Од нас сигурно повеќе знае у секој случај А и јас постојано си смислувам проблеми и се нешто ми е, така да те сфаќам потполно. ❤
Мешиња што е дозволено за мачкање против комарци во бременост? Огромни пликови ми излегуваат како 10 да ме каснале наеднаш...
Бремена сум 21 недела, ама ете изгледа само си наоѓам проблеми. За да не сум си мирна. Некогаш сама на себе неможам да се начудам, ај да ги обвинам хормоните. Фала ти сепак.