Мене ми е термин август и како што гледав ќе си тера пеколов. Спремив фустанче по кратки и чорапчиња, а за во кола со клима плус памучно ќебенце. Мислам дека се греотка во долги, 40 степени е.
Да прашам овде како најактивна тема. Како му го кажавте на сопругот полот на детето. Јас сакам да го направам тоа како изненадување бидејки уште не знае но не знам како а сакам нешто поедноставно не со балони и такви работи. Имате ли идеи?
И јас така си мислев дека им е жешко и нив, ама во петокот кога бев на контрола на гак сите бебиња што ги изнесоа беа по долги а беше пекол мене ми се слоши дури од маската. Јас спремив и со долги и со кратки па таму како ќе ми кажат така ќе го облечеме.
Јас сакам да купам кутија за подароци и да испринтам боди Daddy's girl или Daddy's boy, зависи од полот нели, ама јас се надевам дека е бебушка, па и у 15та недела ми рекоа дека и најверојатно е, ама не седеше мирна, па не можеа убаво да видат и може некоја цуцличка и чорапчиња. Јас презирам лично такви gender reveals со пукање балони, преамериканизирано ми е скроз. А исто неќам нешто со принцеви и принцези и слични стереотипи, ама тоа е само мое мислење. Се надевам помогнав малку
Вчера сабајле и синоќа имав многу густ бел исцедок, и поголема количина, немам болки или било што за да одам на лекар. Ставам утрогестан сабајле и вечер. За исцедокот што читам ми личи на мукузен чеп, но мислам дека е многу рано 29 недела сум. Имав и инфекција уреаплазма, цело време ставам некои вагиналети, ако може искуства ве молам, за 2 дена сум на лекар
Од утрогестанот и јас имав таков исцедок. Дури и инфекција си напраив доле, па ми рекоа да го пијам. Не глеам причина за паника тука
Се' ми е јасно за паниката, мене и прстот да ме заболе мислам дека е поврзано со бебето нешто и паничам
Ич не ни помислив за Али експрес бидејќи мислњв ќе ми се фати тој едноделен што го имам од после претходната бременост, ама не земав во предвид дека сега имам и плус меше )) ништо, ќе барам некоја таква опција со дводелни комбинација ❤
39+3 сум 6 Август ми е термин, ама на синко уште не му се излегува кај мама у меше му е убаво изгледа
Нема да пречи да почнам да го пијам денес и утре, среда сум на преглед. Мене ми е препорачан заради првата бременост која беше со скратен цервикс и се породив предвреме, сега ми го даде кога почнаа лажните контракции и ми ги смирува. Незнам што да правам денес немам кога да прашам а страв ми е да ги прекинам
Ај еден update од мене. 20+3. Денес бев на преглед. Бебе одговара за неделата. Тешка 386 грама. Срцеви отчукувања 158. Нозете свртени надолу ме уби од клоцање во бешика деновиве . Главче, стомак, плацента се уредно. Рачињата си ги креваше на лицето. Хемоглобинот ми е 10,7 и ми зголемија доза на железо. Ииии дефинитивно е девојче
Ако те бендисува како идеја... Ние ѝ направивме изненадување на ќерка ми бидејќи многу сакаше сестричка. Направив торта со розов фил во средина за таа да ја пресече тортата и според бојата да погоди дали е брат или сестра. Сега по слаткарнициве прават и такви торти по нарачка.
Zdravo dali bolki vo polovinata i dolniot del na stomakot bez stvrdnuvanje se lazni bolki ili porodilni. Terminot mi e sledniot mesec
И јас денес имам такви. Прво сабајлето, па за брзо поминаа и дури сега се повторија. Мене термин ми е крај на месецов ама си мислам дека ќе побрза баткото. А дали се породилни или не ќе видиме денес/утре ваљда.
За лажни не знам, не сум ги имала, ама породилните во втората бременост ми почнаа со болка во половината, а во стомак тек пред да се родат. Не беше некоја посебна болка, а искрено и за ништо не се стресував и ни на крај памет не ми падна оти си почнал процесот .