Пиј си го слободно. Истото дејство си го има, ја ти викам си напраив инфекција доле од шо постојано нешто ставав, па сеа го пијам. Освен што ме прави поспана, други некои side effects немам
Здраво, Ве молам за инфо која недела се прави првиот скрининг? Односно кога најрано можам да го направам? И дали прво се прави скрининг па пренатален тест или обратно. Фала многу
кај мене вака беше прв бев кај матичната во 11 недела и некој ден да ме види,после отидов кај Димчев бев 12+4 за прв скрининг ,а во 13 недеа и нешто правев пренетален.Димчев рече нема потреба ама јас сум 36 па го направив на моја желба.Приска секако немаше потреба тоа е само статистички податок
Најрано не знам, ама најубаво е во 12гн за што повеќе да биде оформен плодот и да се видат органите поубаво (совет од гинеколози). НИПТ кога сакаш можеш да го направиш, не е поврзан со ехо скринингот, од 10гн па натаму . Јас правев нипт во 11, 12+ правев ехо скрининг.
Утре здравје сум на контрола во Њу Борн, ама покасно ми е прегледот во 12h. Сакав да испитам пак уринокултура, знам дека е најубаво со прва урина, ама прашање ми е и да има нешто ќе покаже ли и со втора, трета ? Ме уби од печење луѓе, немам мира. Скоро 3 недели не ставам веќе утрогестан и пак си пече и готово, значи не е ни од тоа. И што е најубаво да почнам да го мачкам стомакот за стрии, јас сум склона кон испукување на кожата ама може колку толку ќе спасам нешто.
Јас кога сум имала бактерија покажувало и во втора и трета утина. Само најрелевантни бројки би покажало со прва урина. Јас мачкав со Еуцерин масло и немав ниедна. Често знае да е на попуст во Зегин 30% да имаат така да се исплати
А јас пак ќе пробам да си кажам. Тебе те печеше и пред да почнеш со Утрогестан, пробај Канестен 1-2 дози сигурна сум оти ќе ти мине, а безбеден е во бременост, консултирај се и со лекарот утре. Ова од лично искуство и долго патење. На неколку пати и јас како тебе барав помош од мојот гинеколог, ама бистреше политика у меѓувреме и не ги поврза работите за да даде дијагноза и вистинска терапија, па морав сама да си откривам. Исто, ги немам другите карактеристични симптоми за габична инфекција, освен неподносливо печење, што ништо не го смирува освен Канестен или Микорил вагиналети (само да не се Микотрит вагитории, иако се со иста активна супстанца, кај мене се покажаа потполно неефикасни). Вистина ти велам, пробај, ама баш ништо нема што да изгубиш, а може да се излечиш.
Дали некој има искуство со пораѓај, а да му е дијагностицирана лордоза на грбот? Многу ме загрижува таа моја дијагноза, дали ќе можам природно да се пораѓам, дали ќе постои некаков проблем? Дали треба да носам со себе снимки од грбот во болница кога ќе се пораѓам? Дали ми е потребно нешто дополнително од ортопед?
Да значи цело време ме пече и пред бременост, ама тогаш не беше толку јако и нонстоп. Како останав бремена веднаш почна да пече и веќе стварно не се трпи. И секогаш кога ќе го прашав некако не ме сваќаше сериозно, ајде на крај од утрогестанот може да било, ама ете не е и од тоа. Утре обавезно го прашувам за канестенот да видам што ќе каже, се надевам конечно ќе се спасам. Знам дека е дозволен во бременост и се надевам ќе рече дека може. Многу е досадно и веќе на нерва оди колку пече и е непријатно.
Лелее и мене ме прави поспана/зашеметена од пред некое време ги пијам сабајле и попладне а навечер ги ставам. Дејството им е после еден саат пд кога ќе се напијам не одма. Се мислев дали е од нив.
Ако правиш со втора урина гледај барем 4 часа да има поминато од последно мокрење до собирање урина за примерок. Така ми имаат кажано во лабораторија.
Јас се мачкам со еуцерин маслото, го земав и путерот од hipp. И плус направив нешто со масла бадемово/кантарион/маслиново се се меша со ад капки и павловичева. Тука прочитав за ова, многу мрсно е , различно се мачкам со сите.
А те пече надворешно кај каналот за мокрење или внатре вагинално? Да пробаш со кантарион домашно направен? Смирува инфекции и воспаленија или со канестен маст за надворешно плус вагиналети да пробаш внатрешно
Па така ќе биде втора или трета ако ептен неможам да издржам. Мене ми рекоа најмалку 2 часа да има поминато од едно до друго мокрење. Па ќе видиме утре. @zverkica Надворешно кај отворот на вагината. Утре ќе се консултирам со докторот што да превземам и што смејам да користам. Ај уште нешто да се консултирам. И пред бременоста јас сум си со исцедоци значи буквално со мокри гаќи па дури и преку хеланки што пропушта. Сега па што да ви кажувам лом сум, катастрофа исто како да сум умочана, а не подмочана. Исто така многу се потам. Ајде сметав и од утрогестанот бидејќи беше и бел исцедокот. Преска гаќите лом, целите мокри исто и како претходните денови. Значи се мијам се сушам и одма осеќам како ми тече исцедок од вагината, течно е и малку млечно. Почнав да сумњам што ако ми тече плодова вода, а јас си мислам исцедок обичен. Исто така цел ден имам болки ниско во стомакот како пецкање де лево па десно, на нагло станување или померување. Веќе си немам памет.
Викаат дека поголем исцедок е нормален во бременоста така да не се секирај ич не е ништо страшно, аовачим е на отворот печењето со канестен маст како нова ќе бидеш за неколку дена користење по 3 пати на ден, и не се миј со сода сега да не го дразниш местото, можеш камилица чај почесто и жалфија
Здраво мами јас си имам мака... вчера со синко бегавме од пожарот и што трчав па и со него многу ме боле долу како за мензис пиев магнезиум, утрогестан и мирувам ама некако страв ме фаќа плус од денес почнав со работа инаку 9+ сме а докторката ми е на одмор...
Можеш да пробаш со Ацидосалус вагиналети, на природна база се, или пак со кокосово масло штом е повеќе надворешно.
Софче и камилица бааги концентрирана одмивај се по 2 пати нема штета мене само што ќе ме запечи одма киснам 2 3 кесички во шоља и се смирува.. Пред бременост мн ретко ми се случуваше ама затоа првите месеци секој ден по цел ден баш неподносливо.. Ете и утрогестан ставам по 3 пати и немам мака, знае тек тук да залути ама одма решавам и забележувам дека тој ден сум се оставила со помалку течности, гледај баѓи вода пиј можеби ти е поконцентрирана мокрачата па затоа те печи
Јас купив кола играчка малечка,плави чорапчиња и плави балони. Ги наместив на кревет во спалната и кога влезе се изненади. Претходно му кажав дека не се гледа пак полот @S.o.F.i Јас мачкав крем Канестен и се миев со камилица. Прашај матичен за кремот.Мене ми помогаше оваа комбинација.