Нема врска ова дека носи вагиналниот преглед ризици, па ако има некаква опасност зар некој доктор би го правел тоа?! И мене во 15та ме мереа вагинално и мене ме боли секогаш таков преглед, ама стегната сум многу и отсекогаш сум се стегала на гинеколошки прегледи. Ко ќе ми каже опушти се си викам yeah right Еве мене Тофоски ме прегледа вагинално, а еден од најголемите стручњаци во Македонија. Не им кревајте паники на жените безпотребно и онака за се и сешто се плашиме да не не ко шо треба!
Мене секој преглед ме гледаа вагинално. Кај мене беше од корист тоа, спречивме предвремено породување. Секој доктор си работи на различен начин. Матичната ни еднаш не ме прегледа вагинално. Ќе ја прашав зошто, нема потреба ми викаше.
Така де, си знаат докторите што си прават. Башка нема сондата да ти ја шибнат до грло за да напраат некаква беља. Кај некои случаи, баш како твојов е полезно тоа и ме нервираат вакви мислења кои се апсолутно неточни. Ја имав вагинална инфекција и шо сеа да ме остаат така ли непрегледана доле?! Да не се правиме доктори кога не сме.
Да, точно. Докторите кај што одев на приватно беа толку внимателни и нежни, ни еден преглед со сондата ни па со рака не ми беше воопшто болен. Брисеви ми земаа цело време, цела бременост немав ни една бактерија. А и да имав мора да се проверива и да се лечи секако.
Јас 33та и мене вчера вагинален преглед. Некако ми беше шубе ама си викам бар знае најточно што се случува доле. Беше еден престар Др што посеизглеа не веруе многу на сонди )) све со рака и стомакот ми го испипа и со метро го мереше, ултразвук 10сек само. А Тофоски кога ме прегледуеше вагинално (во првата бременост) секогаш ме болеше може пократки прсти има па гура понападно )) плус еднаш видов мали му беа ракавиците виси тоа гумата он буричка доле хаха
Хахаха, е не сум приметила, ама сеа коа ми кажа, сигурно ќе приметам на следен преглед. Мене кој сака нека ме глеа, со пердув нека ме гали ако сака доле, мене ми е непријатно на граница со болно. Тек како ќе раѓам ќе биде смешки
@sikica7 жими се не ја навлекуе стално му виси Инаку пред пораѓај, Тофоски рекол на анестезиологот да ме остави уште некоја контракција да осетам како боли пошто многу сум му скокала на преглед со рака, а сум се праела храбра Не можам да кажам дека преглед со рака повеќе боли од пород, ама е многу понепријатно и не значи дека ќе те боли многу кога ќе раѓаш.
Леле чул те Господ да не ме боли, уште од мала ми било премногу страв од пораѓај, не дека некоја ужива да не се разбереме погрешно Како и да е рано е уште за тоа, јануари ми е термин, на пола пат сме Абе Тофоски е жива смешка, го обожавам жими се. И многу, многу сакам он да ме породи
Женски здраво. Јас сум 37+4 денес бев на преглед и цтг. ЦТГ беше мирно ама ми рекоа дека сум 1.5см отворена. Вчера имав лажни болки и цел ден стврднувања. Некоја да сподели искуство во слична ситуација 1.5см отворена што била, после колку време се породила?
Абе боли кога раѓаш да ама боли и кога буричкаат доле. Мене кога ме прегледуваа колку сум отворена докторот става прсти а јас се качувам нагоре на креветот, едвај успеа да ме прегледа, мораше сестрата да ме турка за рамена надолу да седам на место. Додека од контракциите осеќав како секое ковче на тело и секое влакно на коса ме боли. Различни се и двете болки но не се мали.
Епа идни мамички денес бев на прв преглед на ехо, има само едно бебенце, срценце си чука, си одговара на неделите 7+4 и се е во најдобар ред. Толку од прв преглед.
Исто сум 37+5 Исто отворена сум 1-2 прста веќе две недели и цтг е мирно... Којзнае кога ќе се породиме
Завршив денес со преглед и фала Богу добро е. Оставив урина и ќе видиме резултат. Докторот вели за печењето да земам Лактогин, ама велам докторе користев и ништо не ми помогна да пробам со канестен. Прво велеше не, па прифати да ставам 3 вечери. Вели некако несакам да ставаш ништо и сега ми е и тоа премисла. Ми рече и пробиотик да пијам и се надевам дека ќе го решам тоа печење. Инаку мене секогаш вагинално ми мери цервикс, мене па ич не ме боли и не ми е непријатно. Јас цело време сум мокра доле, дури ми е непријатно колку и исцедок имам.
Е зашо да не ставаш коа е пробиотик, нема штета. А капсули Лактогин за орална употреба нема кај нас, јас од Србија си ги нарачував.
Мене ме породи, пројдов како песна со него баш затоа што е таков. И со второво здравје он ќе ме пораѓа. Само некако некој друг со подугачки прсти да ме прегледуе
Хахаха, чек јас не знаев дека он и пораѓа, сеа е на одмор па не ни можам да го прашам. Ти како се договори он да те пораѓа? Мене многу ме опушта он и искрено само него му верувам, кога ќе ми каже нешто кажано е. И баш шо викаш пошо е таков каков што е многу убаво делува на трудницата. Цар е значи, го обожавам!
Па за Канестенот се мислеше што знам, а и претходно ми велеше не сакам многу да се брцкаш внатре. Ама и оваа печење не се трпи веќе. @lemon8ejt Цело време имам печење одкако останав бремена еве веќе 23 недела ќе ја почнам.Брисеви чисти, уринокултура исто, а печењето не престанува. Некогаш е толку јако што ми оди страшно на нерва, и воопшто не сум раат.