Честитки , нека ти е живо и здраво синчето , ти посакувам убави моменти исполнети со многу радост заедно .
Се породив јас , Максим дојде на свет Неможам да ја изразам среќата преку зборови ви посакувам сите да ја доживеете.. Со лесно и со среќа на сите
Уф шо сакам да слушам вакви вести Да ти е живо и здраво синчето мама, да расте во паметно и успешно човече, уживај сеа ти следи најубавиот период од животот
Би требало, мада нема правило. Мене во 11 недела ми шпекулираше, ама во 16 ми кажа дефинитивно дека е машко.
Па мене во 12та ми кажаа дека е машко, па у 15та се премислија дека е женско и на крај ми рекоа рано е уште
Ако е убо наместено ,ќе ти кажат,жене во 19та ми кажаа,пред тоа не се гледаше,а за предходните 2 ми кажаа во 14та и 16та недела
Здраво мамички. Денес само убави вести. Бев на прво ЦТГ, се` беше во ред. Докторите викаат бебево мрда како за две, многу разиграно. Баткото е наместен и чека. Плодова вода има доволно, постелката уште е прв степен, значи има време (а мене не ми се чека ). Наредна недела пак на ЦТГ и ќе ми мерат цервикс и така. Матичните ќе ми одат во пензија, и тоа баш откако ќе се породам. Ептен се израдував што ќе ми ја водат бременоста до крај, мислам дека ќе ми беше помачно да требаше да се префрлам кај нови баш при крај.
Епа тоа е работата, што мрда цело време, не застанува да го/ја видиме а можеш да замислиш колку сакам да знаам
Zimoto mesec dena piev Lactogyn,pobaraj vo Zegin pod zeleznichka ili Eurofarm kaj klinika,jas od tamu gi kupuvav.
Мамички мене денес ми е терминот, бев на цтг беше добро не покажа контракции и имав вагинален преглед но не сум ни малку отворена. За 2 дена сум пак на цтг и докторот ми кажа дека за 8 дена ако не ме фата болки ке мора со провокација. Јас не сакам со провокација дај кажете ми некој методи и брз начин за отварање и да започне породувањето што побргу. Некако имам став од провокација Секој совет би ми бил од полза,фала ви
Качувај се по скали, пешачи, секс со свршување внатре. Јади урми. Со лесно, може да изненади бебе. Мисли позитивно тоа е најбитно.
Еее ова и се деси на другарка од друг град се пораѓа во Ск. Иде на преглед и докторот вика нема шанси за 10 дена да се породиш ти, ич не си отворена. Она од преглед пешачеа малце повеќе, вечерта ја фатија породилни болки и се породи утредента.