Мами дали знаете Скопје дали има некаде пренатални вежби и едукација како припреми за пораѓај? Во смисла правилно дишење како оди процесот...Порасно мислам имаше на клиника ама сега со ковидов не знам дали има се уште.
Има во Систина предавања за идни родители, ѕирни на сајтот кога на која тема е предавањето, има распоред.
Јасна од Здраво бебе држи подготовки за трудници и Даница од Астарта академија. Побарај ги на гугл ќе најдеш броеви контактирај ги.
Мајки, Од вчера поручек почна ужасно да ме боли кичма. Ама ужасно. Од ноќеска и стомак почна да ме наболува. Избезумена сум. Маж е специјалист невролог, баш е за кичмата , ама во мојот случај нема што да ми даде. Ме измасира со таа една коњска маст, џабе. На кратко ќе ми помине и пак ме фаќа. Ќе идам на преглед денес, ама тек околу 10ч ќе има др овде. До тогаш црни мисли ќе ме отепаат. Вчера бев принудена да патувам со кола на подолга релација, околу 200км. Да не се зезнав нешто?! Жива ќе се изедам Појас во 16та недела ќе ми помогне нешто? И за масажа сакам да прашам. Смеам да викнам физиотерапевт да ме масира? Извинете на долгиот пост. Ама стварно сум исплашена
Напиј се неуробион и парацетамол, слободно. Не верувам дека е нешто страшно, може си се преморила од патот. Мене кичмата ме болеше ужасно во 6 и 7 недела.
Исцедок никаков немам. Па како менструална болка ми изгледа. Не сум сигурна, не сум баш имала јас менструални болки пред бременоста да знам тие ли се.
Од патот мислам дека е најмногу, јас така секогаш се осеќам кога одам до Ск за прегледи, потоа одвај се симнувам од кола, пијам магнезиум и легнувам одма пружирам нозе се смирува по одредено време.
Јас кога патувам знае да ме боли кај опашката - крстот. И заради тоа земам перница да ја става позади грб и да патвам со спуштено седиште.
Баш ми е драго, сега секоја трудница е со прогестронска поддршка, најнормално си е тоа. Ќе си се намести, па здравје, ве чекаме крај на јануари со бебуш да ни се пофалите
Секој ден, нов проблем. Од вчера почна да ме боли најдолниот дел од "опашката", а од утрово ме боли во екстремности. Не можам ни да седам, ни да лежам, ни да одам. Океј ми е само да стојам, ама во место, да не мрдам нозе и карлица. Ама страшно ме боли, како да сум паднала (а не сум). На допир ужасно, како да е шинато. Што е работата? До толку се шири карлицата? Мојата карлица конкретно е проблем? Мала е? Не можам да излезам во веце зошто не можам да напињам бидејќи ужасно ме боли. Па како ќе напнам бебе тогаш? Баш супер, пореметена опашка во комбинација со лордоза и ослабена симфиза.
34+3 сум. Пијам магнезиум, без магнезиум + б6 не легнувам да спијам. Не знам до крај како е биде и како ќе пројдам на пораѓај. Карлицава ко да не е создадена за бременост.
До пред некој ден пиев по 2 од оној магнезиум на Dr. Viton по 250 мг, значи дневно 500 магнезиум внесував. Тој беше искомбиниран со Б6. Сега пијам еден од Дм, 400 мг е, го комбинирам со обичен бе комплекс од Крка. Да ја прашам матичната 800 мг магнезиум многу да не е. Ама па со сите болки во колковите, срамната и сега во опашката, мислам дека ќе ми одобри...