Ич немаш подобрување од канестенот? Мене тек по втората доза ми помина. Иначе, нитрофурантоин го пиев во првата бременост, ама неколку дена пред позитивен тест, имав цистит тогаш и ме печеше, ама само при мочање и ми помина од нив. Не знам што да ти кажам, сигурна бев оти вагиналетите ќе ти завршат работа.
Здраво да ве прашам 26+4 ден сум и последниве 2-3 дена бебецко мн малку мрда или денес па воопшто. Дали на некоја и се случило така нешто?
неми е јасно новата одлука вика без вакцина неможеме да влегуваме во објекти каде има појке од 30 лица ова важи и за болници? јас не сакам да ја примам трудна вакцинава ни еден др не гарантира дека е безбедна во трудност…
Нормално е. Некогаш ќе е многу активно, некогаш ќе си одмара, дури и ние возрасните имаме периоди кога само лежиме.
Малку не им е јасна одлуката пишува во секаков вид објект вклучително и угостителските објекти. Јас ова го разбирам дека и во маркет ако има повеќе од 30 купувачи треба потврда. Може јас грешно толкувам. Пардон на оффтопик
Можеби да, јас сфатив дека се работи за организирани настани. Муслам дека не би требало да важи за болници.
Од 16 август 2021 година се воведува задолжителна потврда за извршена имунизација, најмалку прва доза, со задолжителна редарска служба заради контрола на приложување доказ за вакцинација при влез во секаков вид објект, вклучително и во угостителски објекти, каде има повеќе од 30 присутни лица, за било каков настан (прослава, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културни или спортски настани).
Не важи за болници. Како може да важи за болници?! Има појаснување од министерот дека за институции не важи.
Полека без паника. Мене ме болеше ужасно половината пред некој ден 2 дена ми траеше. Ама баш ме болеше не да подболнува. Јас живеам на море па се изнапливав и ми се смири. Можеби во лоша позиција си спиела или подолго време си седела. Опушти се ќе помине.
Сега го видов постов ете и тебе ти препорачале пливање. Нема подобар лек дефинитивно. Мене докторот тука ми рече пливај колку што можеш. За се е добро буквално. А јас и така сум како водно животинче секој ден сум во море
Здраво Мене ми е малце рано за купување бебешки работи, 5ти месец сум, Ама со новиве мерки од следна недела за невакцинирани, не знам дали ќе можам до декември да влезам во продавници или трговски центри, па сакам неделава да прошетам бар да разгледам, па после ќе нарачувам онлајн Освен Babycentar и Bebehome кои други такви продавници во Скопје вреди да се посетат каде што сте наоѓале важни работи за новороденчиња?
Ти ги кажаа веќе повеќето, јас само да додадам и Андреј компани кај железничка, се изненадив колку работи имаат и ептен се услужливи бев вчера. Бебехоме го препорачувам тоа во аеродром, дека поголемо. За облека, јас планирам во Стружанка, Силви стајл, памук пале, окаиди, картерс. И јас сум 6ти месец и почнав со разгледување, количките барем се битни да ги свртиш еден круг низ продавница. А за меркиве и јас се мислев баш ама мислам секако во вакви што не се во молови продавници не дозволуваат над 30 луѓе, ама шознам....
Здраво мамички, ние сме 7ма недела и мака мачам со сува кожа. Какви креми за лице користите? Знаете ли за некои креми или состојки кои треба да се избегнуваат?
Луѓе каде да најдам октенисепт за вагинална употреба, плус апликаторот ми треба. Во една аптека ми кажаа дека сега веќе еден бил за внатрешна и надворешна употреба, нњ како порано различни, јас го најдов тој од 50мл онлајн но не знам дали да го кориатам и вагонално, плус нема апликатор.
Здраво девојки денес сум 38+3, предходните неколку денови имав многу стврднувања на стомакот, болки менструални и болки во кичмата. Денес имав пообилен жолтеникав исцедок кој се сомневам дека е можеби мукозниот чеп, сега на бришње имав скроз малку крв значи ептен мала точка. Да напоменам од 30 недела сум со ризик од предвремено раѓање поради намален цервикс. Шо викате да појдам ли во болница?