иста јас во средата бев на втор скрининг се беше во ред. еве ме денес не ја имам почувствувано овие два дена да мрдне илјада филма си свртев на секои две недели идам на ехо и од едно до друго паники, ќе полудам до декември јас
Не. Јас одев на 4, така ми е кажано од матичните. Кога имав проблеми, тогаш на 2, а сега дека 9ти месец веќе секоја недела. Инаку конечно ми се оправи железото, семето од коприва и свежото рендано цвекло со лимон покрај апчињата очигледно си го направија своето. Ама сега нов проблем, во урината кај леукоцити пишува доста. Нема бројка, само „доста“. Читав дека ова може да значи инфекција на уринарниот тракт, ама ќе си почекам до петок да видам што ќе кажат матичните. Уште ова ми фалеше.
Женски, тие што користат појас за трудници. Дали може да се спие со појасот или само за во движење го користите?
Јас до јануари со тикови ќе бидам хаха Ама многу ми е мило што не сум сама и што не има вака во доста голем број
Дојди си и ти, добро дошла, ќе си креваме паники секој ден и ќе се надополнуваме Баш пред некој ден возев кај А1 арена и глеаме со маж ми една ромка со 3 деца на семафори. И он ми вика (пошо нели си има таксират човекот со мене) а мислиш дека оваа била на 100 еха ко тебе и се замарала дали има кандида и пиела 100 апчиња?! Низок удар, многу низок
И јас сум тука некаде.. Од почеток на 2 недели сега веќе еднаш неделно пратиме цервикс имам константно контракции и 3 4 пати цтг а не сум ни 32ра.. Ми е страв таа папката да ја отворам Само да бидиме супер и ние и бебушките само ми е криво не знам вие како врвите ама јас не поуживав воопшто од толку стрес и неизвесност..
Мене ми е матична, мислам дека се на одмор до крај на неделава, мене баш на последниот преглед ми спомна да дојдам окулу 20ти.
Welcome to the club Охоо па на крај ќе испадне дека сите сме такви, а јас мислев дека само ја сум "мрдната" Исто и ја, деновите ми поминуваат во грижи и анксиозности а не знаете колку сакам да уживам во бременоста и да не сум ваква
И мојов исто ми коментира, ама пошто хормоните ми се за никаде... Се плаши.... Еве тука ќе се охрабруваме јас сум 29 недела со цервикс 27 мм лежење, терапија. Контрола ми закажа на 1 ви септември а денес бев.. Мноду дилго некако
Хахаха, 3 недели не е долго, ама во нашите глави е предолго знам. Ама еве ја ќе напраам 3 и нешо недели како не сум била шо значи можеш да издржиш и ти, со тебе сме!
Многу поинаку ја замислував цела бременост.. Расти меше јас цветам од радост.. Ручечиња вечерчиња одморче некое летово романтични викенди, куп емоции со мажето.. Ама испадна ко легнав 9та недела не станав па тој ме догледва Се се врти околу потребите, место за желби нема баш освен најголемата се да е во ред.. И се се врти околу тој еден преглед, да видиш бебе да смириш душа и да броиш денови дури дојде тука на сигурно во прегратки..
и јас не уживам воопшто. цело време сум под стрес ... не можам никако да се опуштам само тоа ми е во глава да биде се во ред ...
Девојки 40+3 сум и веќе неколку дена се осеќам како настината, кивам и ност ми тече. Да се напијам ли парацетамол дали ќе ми помогне и спреј за нос имам Септа Назал за возрасни дали смеам да ставам од него? Читав од членки за Оперил капките има поделени мислења.