Јас повраќав од прв до последен ден,Од велес сум до Битола бидејќи бременоста таму ја следев по пат повраќав околу 7-8 пати и се пробав не биваше на крај од Плодност ми дадоа зитрон апчиња и само со нив некако се смирував и имав ефект друго ништо.Е сега јас кога бев дома не ги пиев бидејќи со инвитро и ми беше смачено од апчиња си повраќав ама барем кога излегував кога одев на пат ди пиев едно апче и цел ден мирна
Не е задолжителен прегледот зс срце но во последно време го препорачуваат повеќето доктори.Мене др Таше ми го направи вториот скрининг и ми рече дека не е задолжителен прегледот за срце но дека ни го препорачува ако сакме да го направиме.Инаку се беше во ред на 2 скрининг но јас си го наптавив за мирна душа
Мене ми го правеше докторка што идеше од Струга во Плодност ама и го заборавив името.Знам идеше секоја последна сабота во месецот
Кај секоја е различно, јас сум 20 недела, ама искрено не разликувам некогаш дали е бебето или се мои грчеви. А и докторот во 18та ми рече може да почнуваш да го чувствуваш околу 20та, ама повремено, не очекувај цело време, сепак е сѐ уште мало за да го чувствуваш како што ќе биде во 26та на пример. Така што не паничам, особено што на преглед го гледам колку мрда, а во тој момент јас ништо не чувствувам, па претпоставувам и другите денови е така.
Девојки од утре сум 24 недела и утре ми закажаа за скриен шеќер, во ред ли е или требаше уште некој ден да почекам ? Денес 4ти ден како пијам антибиотик, вчера не ме печеше, денес пече. Дали ке се спасам од оваа печење стварно незнам. Знам дека сум досадна. Чисто маката да си ја кажам.
Ај и јас да прашам.. 32ра недела сум и бебето во последно ми е прилично мирно а до пред недела дена салта правеше внатре. Сега само осеќам тегнење и кај што врви со раче ноџе и некогаш знае да лупни наеднаш. Морам да напоменам дека и до тогаш бев прилично вознемирена секој ден имав мн често болки и скоро и да не спиев.. Неколку дена веќе сум и јас посмирена и не ја осеќам баш како што велат 10 удари во 2 саати,бар не сум броела до сега треба да почнам и да се загрижам или? Константно преку денот ја осеќам ама не така агресивна како што беше а тегнењата и се силни мислам ќе ми пробие низ кожа дури и боли понекогаш Душа ме боли си велам и таа од мене примала стресови и затоа мрдаше премногу па сега е посмирена ама пак ме јади црвот.. Исто на последна контрола имав малку повеќе плодова вода па треба скриен да правам дури сега а до сега немаше индикации и не направив.. Искуство со толку касно испитување и дали има логика да го правам сега?
Јас сум 31ва и така осеќам исто како да се тегни веќе, не е како што знаеше да збеснува околу 28-29нед а за тоа да броиш мислам да не се замараш многу, кај мене вчера беше ептен мирна и нежничка, а денес друга приказна така да мислам нема правило, и тие си имаат денови кога им е погодено а кога не
Даа баш лудуваше внатре тие недели само мажот ми со раката ја смируваше.. Мрази рака на стомак одма ја снемува Уште да бројам со тоа да се опседнам и свршив работа
Исто, баш едвај неколку пати начекав да снимам да имам спомен сега нема шанса така да начекам мислам хаха Не се опседнувај уживкај си плус си растат па така и местото им е потесно за збеснување толку
Пијам мила пијам, два пати од 100mg. 2дена немаше да пече, сега пак. Ајде ќе видиме 10 дена треба да ги пијам.
Значи ние сме исто во недели мајка ,како шо си поминуваат неделите се намалува просторот за движење на бебето и помалку се осеќаат движењата,без гајле се е нормално. Ајде уште малку ќе истураме, па ќе се гушкаме со бебушките
Здраво девојки сакам да прашам нешто Бремена сум 16 недела и сакав да се вакцинирам со фајзер ама докторот кај што правев ивф ме советуваше да примам синовак и сега сум во мисла Ве молам ако некоја има искуство со кинеските вакцини да сподели Фала
Јас не би се вакцинирала у оваа состојба. Реално не знаеме што има у тие вакцини и не би ризикувала нешто да му се случи на бебуш. Плус, сметам дека нашето тело веќе доволно има и работи over-time за да му задаваме уште работа и непознати тела, со тоа загрозувајќи го имунитетот дополнително. Не сум анти-ваксер, ама во бременост никогаш не би се вакцинирала, подобро дома цела бременост ќе ја отседам. А и секако вакцината не значи дека нема да го закачиш вирусот. А ако веќе си решена и му веруваш на докторот, тогаш слушај го него. Секако знае повеќе од нас тука.
Мила уште малку остана, да влезеш во 36 недела и веќе можеш да се опуштиш па да мислиш на породувањето Па таму паники мисли, па после со бебче Само се надевам дека нема да бидеме волку мајки паничарки Маж ми се смее вели уште сега знам кога ќе почнеш да паничиш.