Site sme silni Inaku i jas prirodno planiram , sega za sega e super se pa ke vidime do kraj sto kako ke bide, jas ne ni pomisluvam na carski
Мене докторот ми даде прирачник и видов дека од 24 до 28ма недела се прави, а јас се мислев во 24 само па појдов денес и ете утре ке испитам. Па ако ептен треба пак, ќе проверувам. Знам дека е топло јас и полнечка и нозете кај стапалата почнаа да ми отекуваат. Искрено толку не замарив, ама вчера кога видов само десната потечена, а и денес исто. Читам во тоа прирачникот ако се има попуштени вени или да отекува една рака или нога да се проверат ддимери и хемостаза. Јас треба некаде за 2 недели пак да ги проверам, примам клексан незнам што да мислам.
ве молам брзо за совет повракам болка во желудник и пролив ќе дехидрирам и ми студи немам темп прво да кажам прашав докторка мк рече електролити и линекс ама пијам линекс одма го повраќам многу ми е лошо помош бремена сум 11 недели
@Bubce38 мислам дека @lemon8ejt има и мало бебче и плус трудна со второ и ко да ја читав дека се има вакцинирано во бременоста со второво . Ако не читка нека пише,ако сум грешка се извинувам што ја вознемирувам.
Не ти треба упат, иди со чашка со урина во било која приватна лаботаторија. Јад правев во Фармахем, 400 ден. Знам дека и во Биотек е исто толку, и мислам дека сите ја држат таа цена одприлика. Резултати ти праќаат на меил следниот ден ако нема наод , или за 2 дена доколу има.
@sikica7 Го пројдовме и денешното цтг. Бебуш активен како локомотива, ужива, не му се брза сега за сега. Останува да чекаме до нареден петок дали ќе има промена во ситуацијата.
Здраво, Ве молам за совет и искуство со скратен цервикс. 12 недела сум и на прв скрининг ми измерија 28мм дека е. Од почеток примам Утрогестан и пијам магнезиум. Ми рекоа да мирувам и да продолжам со Утрогестанот и магнезиумот. Кога ги видов мерките на нет дека нормално е од 40-50мм малку се извадив од памет, но исто така читам дека кај некои со мирување им се зголемил цервиксот. Ве молам за искуство на некој дали толку рано му откриле толку краток цервикс и како поминал до крај. П.С И некој друг совет ако има некој да ми каже
Ми кажа сега да одмарам и за 1 месец на контрола да видиме како ќе биде. Не ми спомна за серклаж а јас не ни прашав зс незнаев ниту колку треба да биде. Сега на нет прочитав. Дали да барам второ мислење или да почекам 1 месец па ако е пак кратко тогаш серклаж. Прашњето ми е дали може да се зголеми. Дали некој имал такво искуство? П.С Која недела правеше серклаж?