Приска е само математичка пресметка. Ако имаш над 35 год и си со Ивф, ќе ти предложат пренатален или амнио.
Нашата приска на стар софтвер е жива глупост. На 33г ми излезе ептен висок ризик за даун. Ехото е многу важно и секако ако се има потреба или можност пренатален, којшто кај мене излезе супер.
Се согласувам за приската дека е џабе.Јас не знам зашто воопшто се прави.Секој подобар гинеколог ке ти советува да не се прави.јас на пример правев скрининг 1 кај Димчев кој што е еден од подобрите,не велам дека во државна нема .Имам 36 г и ми е прва бременост, кој што успеав да ја изгурам до скринингот .Го прашав што мислси за пренетален тест.Ми рече нема потреба се си е во ред ама јас си го направив сакав да имам мирна бременост а пред тоа сум со 2 спонтани.Ако имате финансиска можност овој тест е правилен избор.Бателете приска
Здраво девојки. Некоја да има да знае да прочита резултат за скриен шеќер? Дали се чита првиот резултат од првото боцкање или од сите 3? Ако некоја се разбира нека ми пише тука или во лп.
Прво боцкање па пиев шербет, па после еден час пак боцкање и после уште еден час и трето боцкање. Еве ги резултатите ако некој се разбира. Во текот на неделата ке ги види и докторот.
Утрово ме фати страшен грч во листот, цела нога ми се укочи како даска додека грчот ме скина. Цел ден сега листот ужасно ме боли, не можам да стапнам ни да ја мрдам многу ногата, дали е само последица од грчот или уште стои згрчен до некаде. Освен магнезиум и парацетамол, смеам нешто да пијам? 35та сум.
Мене ми се случи неколку пати, 36+3. Покрај магнезиум само секојдневна масажа ми помага, друго ништо. Мислам дека друго не би требала да пиеш.
Јас како дијабетичар ќе си дадам за право да ти одговорам покачена ти е вредноста после пиење на Шербетот што НЕ значи дека е страшно но треба многу да внимаваш и да држеш диета ќе ти објаснат најдобро докторот имам диети ако сакаш ќе ти ги дадам.. да пиеш многу вода и никако благо и бел леб. Имај чести и лесни оброци и не се плаши јас и инсулин боцкам се за нашите најмили гушки
Исто и мене а јас 30 недела сум. Од се што можев да пробам облоги топло, ладно со мраз наизменично неколку пати. Парацетамол, магнезиум и движење....
И мене пред некој ден исто, 38ма недела сум. Земав дупла доза магнезиум и ми помина. Тоа на своја рака го направив. Најдобро консултирај се со доктор.
Не можам да се движам, имам големи болки во колковите, срамната коска и крајот од опашката. Сега и листот ужасно ме боли, едвај одам до веце. Знам да земам дупла доза на магнезиум, ама денес земав 3 пати по 400, плус парацетамол и нема никаква промена во листот. Се надевам утре ќе е подобро. Па и палецот на таа нога ми е ко укочен, не ме боли, ама не е флексибилен, тешко го движам. Воа воопшто не се слатки маки.
Леле искрено се изнервирав, бев сигурна дека со оваа ќе биде добро. Значи се нешто има и неможам никако да уживам во бременоста, ми се плаче веќе. Доктор Трајковски ми пишал да се советувам со ендокринолог и сигурно најмалку диета ќе треба. А, ендокринолог што би ми кажал, ќе треба ли нешто друго да испитувам ? Извини вака што те гњавам, штом имаш познавање. Можеш ако сакаш во лп да ми пратиш диетите, да видам од прилика што би требало да јадам. Некако се' ми се собра. Боцкам 2пати клексан, а времињата упорно си се намалуваат. Цело време печење имам и никако да го решам, еве пијам и антибиотик и пак ништо. Сега и ова. Денеска и бебушко ептен слабо го осетив, за разлика од вчера што нонстом ме клоцкаше. Еве ќе одам и ќе си плачам...
Значи вака без нервози и стресови тоа најмалце му треба на бебуш, ќе ти бара тромесечен шеќер и да мериш пред јадење и после 1 час, на трудници после јадење е дозволено 8 8,5 се што е над веќе се третира соодветно. Ќе внимаваш на јадење вода многу ќе пиеш и оброци ќе мериш во единици ќе имаш 3 оброка а измеѓу ужинка и пред спиење чаша јогурт,млеко, или овошје. Јас сум со години дијабетичар а во бременост се боцкам и ич не ми е тешко синко вели мама боцкаш бебето за да руча