Јас ќе издржам СЕ, ама ми е страв за оваа мало злато. Мислам дека ништо не ме подминува и секој ден си имам нервози. Утре сум кај матичниот па ќе видиме што ќе ми рече, од тоа што му пратив ми рече диета на граница ти е. Па и овие два дена, бебушко е многу мирен и добивам едвај нежни удари. Само го буцкам стомакот.
Здр девојки пак јас денес сум 21н * 3 д. Сакав да прашам кринон гелот што го исфрлам вагинално инс некоја темно кафено жолта боја , кога го прашав матичниот ми кажа тоа ми е од тоа што имав кафен исцедок пред извесно време , арно ама некогаш(кско денес ) кога ке видам на секојдневна исцедок кој е во боја сепрефркнувам како денес досега сум немала толку обилно исфрлање на гелот па мидлам дека тоа што видов на декојдневна е уствари кринон гелот. Ваше мислење ? Инаку бебо цел ден денес е активно
@nevermet18 eve summ haha Deckoto nema aber za izleguvanje,CTG mirno ,bebe super zdravje vo cetvrtok pak na pregled
Здраво. Искуство со Канестен 3 и вагинален пробиотик во 22 недела? Антибиотикот не ми помогна за Гардинелата и еден доктор ми рече дека не треба ништо демек нормално било се, друг ми рече дека може Канестен 3 и Линекс или вагинален пробиотик да земам. Купив и читам по нет, вагиналниот пробиотик се всушност млечни бактерии и дозволени во бременост, исто рече и аптекарката, а за Канестенот читам без апликатор да се користи. Искуство ваше? Фала
Златце, само нека расне тој, тоа му е работа. Мој бебуш го немаат мерено одамна, последен пат ми рекоа немало потреба секоја недела да се премерува, ама сега во петок сигурно ќе го проверат.
Вагинални пробиотици можеш, јас ставам од 11 недела, сега сум 20. Можеш да пробаш со ацидосалус вагиналетите.
Девојки да прашам нешто Др денеска ми препиша вагинални за кандида ама јас ставам по два утрогестана на вечер Дали да ги ставам сите три наеднаш или утрогестанот да го пијам овие три дена ???
Пиј го утрогестанот, инаку лом ќе се напраиш. Јас ставав вагиналети скоро цел месец и оттогаш почнав да го пијам утрогестанот
Земај ги орално. Ако ги користиш само еднаш на ден, тогаш може да ги ставаш сабајле или поручек, а тие за кандида навечер. Докторот не ти кажа за ова? Не оставај, прашувај ги сé што те интересира, кога сами не кажуваат.
Здраво,некоја што се породила скоро во Ремедика со провокација да сподели како поминала.Инаку кај Ефремовски сум и во среда треба да одам. Ви благодарам.
Па ти поарно размислуваш од докторот. А он не треба ни да размислува, едноставно факт е оти Утрогестанот или било кој прогестеронски препарат кој се аплицира вагинално, не треба да се меша со други вагинални препарати, особено не со антифунгалните, оти се конкурентни и влијаат на ослободувањето и апсорпцијата на прогестеронот. Ако се ставаат сите вагинално, тогаш треба да поминат барем 6 саати од едните до другите, за да се избегнат интеракции.
Истово ќе го кажев. Јас ставам антифугални вагиналети скоро месец дена, бидејќи не можам да се откачам од кандидата, а утрогестанот почнав орално да го земам од првиот момент коа почнав да ставам други вагиналети. Прво ми беше малце страв бидејќи читав дека предизвикувал вртоглавици и несвестици, ама освен поспаност јас ништо друго не осетив. А и секако сум си цело време поспана од кога останав бремена