Ама редовно ве читам Утринска гимнастика ми е Фемина 28+1 стигнав, оваа бременост многу мачна ми се виде
Давајте совет жени.. Матичниот и на приватно не се баш загрижени ама ова 9 мене ми гледа многу.. Да барам ли ендокринолог за консултација што да правам.. Раат не видов низ нос се ми излезе.. Болки, контракции димери сега и шеќерот душа ми плачи премногу ми е страв за бебето, не знам веќе како да си помогнам допропаднав после ова.. Ми рекоја само диета и ме оставија така..
Сврти погоре и пишав и на Софи ако сакаш пиши ми Лп ќе ти помогнам со задоволство, дијабетичар сум и пред бременост можам да ти дадам совети само без паника и нервози гушки
Здраво. Мене ме тестираа за шеќер во 20та недела заради што татко ми е дијабетичар. Покажа покачено ниво на шеќер. Од тогаш до пораѓај се боцкав со инсулин. Не се плаши, ништо не е страшно. Бебко се роди 2.900гр, здраво, живо и сега напредно. Се најубаво..
Колку ти беше шеќерот, баш ме интересира ? Мене слично на @Be-yO-nCe . Прво 4.4 Па 10.39 И 8.20 Денес бев кај матичниот вели граничен ти е, не е страшно. Малце диета и тоа беше се. Благо и бел леб да не јадам и искрено тука подобри совети од вас имам. Незнам што да кажам. Се секирам и ја за бебко,ми е страв дали добро правам се'.
Здраво, јас правев во 28 недела проверка на скриен шеќер поради дијабет кај татко ми. Прво мерење 4.2 2 ро 10 3 то 8 Бев на ендокринолог на дополнителни проверки. Ми рекоа исклучи благо, секакви сокови, овошје со многу шеќер како диња, грозје, банани, помалку тестенини и се гледаме по породување.
Прво 6.0 После 12.1 Трето 10.20 Мене ми ја дадоа минималната доза на инсулин. Докторот ми рече и заради годините (40) најдобро ќе биде на инсулин да одам. И се испадна во ред. Се најубаво девојче и без грижа..
Со новите мерки не смее ни во молови да се влегува... ова нема да има крај никој ништо не спомнува за трудниците... ме фаќа страв дека ни по маркети и болници веќе невакцинирани нема да пуштаат како што тргнало
Од кога е ова со моловите? Прв пат слушам од тебе, аман веќе со вакцинацијава! Па ние бар ко 'ранлива категорија' треба да бидеме поштедени од сето ова и да НЕ НЕ ПРИНУДУВААТ НА ВАКЦИНАЦИЈА!
Не е точно за моловите, еве јас бев денес, никој ништо не ми побара, а и не пишуваше нигде такво нешто.
Sorry, денес не бев во тек за новите мерки.. Точно било https://360stepeni.mk/vladata-gi-do...alnitsi-i-molovi-ke-se-vleguva-so-sertifikat/
Работам како администратор во маркет и нема најава дека не можат да влезат без вакцина и плус не ме ни тераат да се вакцинирам дека сум трудна, не пуштаат само без маски како и до сега, а за моловите незнам и јас сега слушнав на вести..
зборот ми беше ова е само почеток секој ден носат нови мерки не се знае, чудно ми е зашо никој не спомнува ништо за трудниците да бидат иземени од овие мерки. нема шанси да ме натераат да се вакцинирам бремена
стварно не е фер нема шанси да се вакцинирам трудна како ке купуваме стрвари за бебињава онлине не е тоа тоа , и јас мислам наредна мерка се маркети и болници како шо тргнало …
Ова дека не беше задолжителна вакцинацијата, ама ако не си вакциниран ќе можеш у двор да си излезеш само. А со ЈСП шо праиме? Или таму не се шири корона?? Леле бре не возат како сакаат, дур ние седиме и гледаме!
Тука се и фабрики со над 2000 вработени, таму пу пу не важи Ова е некој трик има нешто тука и нема да трае долго, избори се ближат нели мора да олабават тогаш. А за тоа за по болници да бараат сертификат нема шанси да биде така, дури тогаш ќе има бунт