Јас па стварно ви се чудам како трудни во сред пандемија ви се шета по молови....мислам дајте одговорност малце према себе и животот во вас. И без да има рестрикции не влегувам ни во кафана ни во кафич ни во мол. Не гледам како некој ме приморува да се вакцинирам кога сум доволно свесна дека бремена и невакцинирана во пандемија не мрдам од дома. И дајте немојте со патетики нема да ни даваат да се породуваме .....свашта.
Како и да е, мораш да купиш леб и млеко. И не си ваљда сама дома, јас маж ми во подрум го пратив да спие. Се шалам, ама разбирам зашто се загрижени. А да се изолираш, не можеш, факат.
можеби можеш да не мрдаш од дома. некои мора да одат на работа и да користат јавен превоз каде што нема никакви мерки и ограничувања. конкретно си гледам за мене, идам цела пандемија на работа и постојано сум во контакт со луѓе
Еве јас работам од дома.Живееме со маж ми сами и доста ми е тешко кога ми треба нешто да донесе.Тој е цел ден на работа.Иначе имам дијаноза високо ризична бременост поради претходни 2 спонтани .Лежам дома не сум мрдната .Едноставно се навикнуваш.Јас која неможев да се приберам по дома последен пат во кафич бев во мај...Се издржува да знаете се за нашите бебки.....И сега ако не ги притиснете газдите да не одите на работа кога зашто бројките на заразени се доста големи ,страшно е...........
Мене ми е гајле искрено за кафичите и рестораните. И онака бев 3 пати негде од коа почна пандемијава. Ама ова со моловите е тотална глупост. Како сеа да го пратам маж ми да ми купи прслук да кажеме коа и јас самата незз сега што бројче носам. И да идам јас у мол не се бутам у луѓе сигурно, си глеам шо ми треба и си искачам. Башка сеа ко ќе залади на секоја од нас ќе и треба нова гардероба, ќе бидеме поголеми во мешињата. Како да порачам онлајн коа врска неам шо бројче носам сега. И исто ми е многу нелогично како може да примиме 600 бегалци услови на пандемија. Што не им бараат нив сертификат или ПСР?! скроз нелогични и контрадикторни се меркиве, како и се што излезе како мерка у пандемијава. Мислам викендов сите беа главни на Цеца и неа слични, а сеа шмркаат и киваат наоколу, а ние шо се пазиме ќе седиме дома. Свашта!
И јас не шетам по кафичи и кафани и молови веќе година дена. Ќе се снајдеме по помали продавнички за гардероба и слично. За на работа дека ќе не ослободат тешко, посебно ако некоја од нас има важна функција во фирмата и нема кој да ја замени. Страв ме фаќа сега и од ходниците кај нашите лекари и лабаратории а треба да правиме тестови секој месец. Ептен се тресам од факторт дека и вакцинираните пренесуваст вирус, значи веќе за нас никој не е сигурен па ни тие дома. Страв ми е од вакцина и стварно незнам како ќе го издржиме следниот период пред нас
Точно. Ама не планирам да излезам ос дома а не по молови. Сѐ ќе си нарачам, среќа има и достава и замена. Облека трудничка не ми треба оти и така не одам нигде Да истуркаме до крајот, светска пандемија е не е заговор против трудници после ќе мислиме и ќе правиме. За себе знам дека ќе се вакцинирам после пораѓај и ќе се обидам да се вратам на стариот начин начин на живот (ако не ме смени новиот).
Мајка ми на пример 2 недели после втора доза Синовак е позитивна. Другарка исто со Фајзер шо е. Не сме апсолутно никако заштитени
Здраво девојки. Ми треба преглед кај било кој гинеколог во Прилеп, бремена сум и патував со авион, поприлично напорен лет без спиење и чекање по жешкото и прекачување. Ептен се измачив и изнервирав. Во Прилеп ќе сум само неколку дена и после пак имам лет, па сакам да проверам само дали бебушко е во ред. Има ли некој кој би ме примил побрзо денес или утре? Ви благодарам
овај број е од гинекологот Мимоза 078202102 плетвар има ординациј слушни се сепак нз дали ќе те прими зависи како има работа
Јас искрено да ви кажам ја поддржувам одлуката на владата. Повеќето од луѓето (со исклучоци секако) се истите тие што не веруваат дека постои вирусот и каде и да одат не носат маска. Не знам колку сте приметиле носат маска на влезот колку да влезат и после тоа ги спуштаат маските на брада, епа извинете ама ако можеме ние трудни на 50 степени да носиме маска може секој. Лекарите што да кажат по цел ден со по две маски на жешково. Во однос на моловите и треба да има забрани бидејки нема доволно вработени да регулираат дали бројот на присутни е согласно мерките и дали сите носат маска или не. Колку и да се големи затворен простор е и полесно се шири вирусот на затворено. Дури мислам дека и порано требаше да се воведат мерки, забавите во Охрид, Пробиштип... повторно доведоа до 900 нови дневно заболени. И не може од кај нас каде и да се оди да се бара сертифкат ние пуштивме кој сака да дојде без сертификати оваа мерка требаше мноооогу порано да се воведе ама бидна. Мора да имаме малку повеќе одговорност спрема сите првично секој за себе понатака и за останатите. Ништо нема да ни биде ако не одиме во кафани кафичи секако и до сега не одевме, ниту пак нешто ќе ни стане ако не влеземе во мол... голема работа.... има многу маалски продавнички каде може да се најде и соодветна облека и се. Времето е убаво може да се шета во парк на отворено не е дека сме локдаун дома само. Да сме живи и здрави, да имаме убави бремености и на свет да донесеме здрави бебиња, се друго е споредно. Ниту облеката е битна ниту кафињата и моловите. Извинете на долгиот пост.
Ај помош. Работам во образование, од септември сме со физичко присуство, просветен инспекторат ми вика не си ослободена од работа, влада ми вика ослободена си од раб со физ присуство но не и целосно. Како ќе терам, од училиште немаат поим како, со физ сум ослободена но не можам од дома онлајн бидејќи сум од 6 до 9 и деца ќе одат со физ. Некоја со сличен проблем.
Леле хаос. И ја лани бев у образование, знам кој хаос е. Среќа годинава не сум, па можам да работам од дома. Се си мислам ќе мораат да одат наставниците со физичко присуство. Сочувство, сега образованието ни е у најголем хаос. Еве го септември а уште ништо не се знае..
Ти благодарам за помошта Ми закажа уште за денеска. Се надевам сега само на добри вести затоа што имам ужасно стресен период
,. И јас имам важна функција ама нема тука ,им кажав оѕворено ние сме 150 вработени секој ден јадевме заедно ,низ фирма состанци и слично.Им реов можам и да земам боледување ама се согласивме да работам од дома,нема тука што ..Башка со маска да седам во канцеларија нема.Вчера кај мене на работа имаше 8 позитивни од мојот сектор.Замисли ако одев ...само од тоа ми е страв сега треба само пазење....Јас имам термин октомври за 2 месеца ке се испазам па што сака нека биде
Дали втор скрининг кај матичен ви го наплаќаат? Дека не е стандарден преглед? Ми го наплатија 3000 ден. се зачудив дека кј матичен
Девојки ако одам на втор скрининг во Систима ќе биде проблем да ми даде др и конзилијарно на истиот преглед?