Леле среќа твоја што си веќе дома, знам, се ми е јасно, и јас сакам дома да работам ама пусто кај мене сме малку вработени, ќе мора некако да се извлечам и јас и дома да работам, нема друго чаре. Со лесно мами, јас ќе чекам декември да дојде за породување
За 3000 ден у Систина ќе си напраеше. Мене толку ме чинеше првиот. За кај матичен мислам не би требало толку. Ти дадоа ли фискална? Мислам дека матичните гинеколози и не се баш обучени за гледање срце и сл работи и најубаво да си го праиш тоа на гак. Јас вториот на гак ќе си го правам, ми се врати докторот од одмор и сеа душата ми е на место
Синко многу напреден По трансфер 18+1, а по ехо одговара на 19 +2 Многу некако ми се виде оваа разлика. Иако докторката вели супер си бил За втор скрининг планирам кај Димчев да закажам на 08.09, 21+ ќе сум. Веројатно е таман така. Не ми се верува дека скоро пола бременост ми помина. Пупу да не се урочам ама фино терам, без никакви потешкотии. Ослабната сум 4кг, добив прекрасни комплименти и за изглед и за стас На маж му фуфка Се " плаши" душата моја да не го заменам за некој помлад А не е свесен дека не би го мењала ни за 10 ергени Не знам у која тема да се разприкажам колку само фино се чувствувам. Нека ни е со лесно на сите мешковци
И моето мажуле е така понапредно една недела, ама супер си тера Дај боже до крај така да си тераш и само да се фалиш тука. Таман ќе си 21+ и јас тогаш ќе праам на гак. Димчев е одличен, супер избор. Јас сум 6кг здебелена, ама само у мешко искрено ми се гледа, у све друго иста сум си. Ма не е ни битно на крај тоа, битно ние и бебушите да сме здравиии
Ма неее, уште е мирно и се си се вадам од памет иако ми рекоа дека е рано. Ама мн сум нетрпелива и многу сакам да ме клоцнеее
Ништо не осеќам, ништо!! Ама др вика рано било. Маж сношти ме слушаше со стетоскоп и као слушнал икање. Ги ставив и јас слушалките ама звукот ми личеше на кркорење на цревата
Па јас имам закажано кај Петрова во Ремедика за наредна недела, како постручна, мислејќи дека кај матичниот Исијановски спаѓа во редовни прегледи и дека е бесплатно како сѐ досега. Да знаев дека ќе ми наплати секако ќе го скокне него и ќе одев директно само кај Петрова, таму ми кажаа дека е 4600. Инаку да, ми дадоа фискална, сѐ си е во ред, само бев изненадена.
И јас се зезнав така кај матичната за прв скрининг како дошло све треба пред време да си прашуваме колку пари е. Не одраа више
Здраво, дали некој знае дали прави прв скининг др Надица Ѓеровска (ординација мама) и колку чини. И дали има некој инфо до кога е на одмор ѕвонам неможам да ги добијам?
Бубче и синко е една недела понапред, по циклус сум 27+2 синко одговара за 28+3. Матичната ми рече дека ништо страшно не е и дека тоа е и нормално. Димчев е топ лекар, супер избор, само немој да се збуниш не зборува многу, бар моето искуство е такво, кажува само дали е се во ред можеш да го прашаш што те интересира ќе ти одговори, исто вториот скрининг кај него го правев во 22 недела.
Жени незз дали е тоа ама се превозбудив сега. 19 + 2 сум, прееска и сеа осетив доле лево баш како пукање некое нежно 5/6 пати по ред. Како некое најнежно ударче на свет. Можно ли е да е синко??