Мила што да ти кажам одам кај матичниот, ми вели ќе треба диета малку. Ајде кажи докторе што треба да јадам и како, очекував повеќе совети. Тој ми вели па благо да исфрлиш, како толумби, рафиниран шеќер. Велам, а бел леб? Да да и тоа. Ендокринолог едниот отишол во Германија, а другиот гужва многу. Велам ако треба ќе одам, не не на граница си не е страшно малку внимавање, ама вели не и да гладуваш. И така јас по свое, јадам тонус леб, повеќе салати. Благо 3ти ден како не јадам, освен овошје по едно-две на ден. Тестенини избегнувам, ориз компир планирам да јадам ама во помали количини. За 2-3 недели ќе го проверам пак да видам дали имам резултат. Јас незнам дали воопшто несмееме благо? Барем еднаш во неделата ? Нека кажат поискусните. Ти како си?
Како бе сама во рака?! И јас се боцкам од скоро, ама кога се боцкам сама се боцкам над колк, таму ми е лесно да фатам подебелко кожа, и медицинско лице ми одобри дека може. Во упатсвото пишува стомак за самоадминистрација, јас негде гледав дека заради затегнување на кожата од 5ти месец се боцкаат од страна, а сега не можам да си го најдам инфото.. Пробај во стомак, сите што ги познавам кажале дека и во стомак најмалку боли. И јас планирам да се преориентирам
И јас не отидов никаде велат нема потреба само режим построг и ќе се среди.. Насабајле јадам тонус со хумус, намаз маслинки нешто брзински што ќе ми се најди не можам да си готвам, ручекот ми е салата и тоа што има дома, гледам месо или риба. Каснав и јас ориз 2 лажици колку да не ми е форес ама како порано не. Ужинка јаткасти или јаболче друго овошје ми е страв. Вечера најчесто варено јајце јогурт и делам на повеќе пати оти гладна сум 24/7 можеби е грешно ама не можам да трпам Јас нема да испитувам повеќе само ќе терам режим до крај искрено не ми се врви пак низ тој шок на организмот бебката не застана 2 дена од гликозата Ми рекоја дека ќе треба да контролирам после пораѓај некое време. За блачко јас зедов темно чоколадо, исто како какао живо да џвакаш ама боље ишта него ништа па лапнувам по една коцка денот. @RumShtangla ти благодарам за сликчето, баш ми даде идеи
Нема проблем мила. Јас се придржувам тук и таму. Останав на истата килажа некогаш кога ми е лошо сакала нејќела морам 100мл кока кола да испијам останатото внимавам. Па сега како што е господ никој не е. Со лесно на сите
Од кога инспекторат е над државата, т.е. владата!? Земи си боледување ако можеш, не се пикај по училници, знаеме каква е хигиената и колку се почитуваат протоколите кај нас. Не можат сите деца онлајн заради еден наставник, ама факт е дека ќе бидат онлајн после месец, кога ќе почнат првите случаи на позитивни ученици
Јас ваков совет добив од членка, прво ми падна смешно и чудно како може така. Ама кога пробав ич не ми беше тешко и сега така терам. Ама ете некогаш се случи да пукне пликчето или јас сама да го пробушам, сепак не сум експерт.
А не си земам боледување се додека не дојде нож до коска! Ако сите ги аледуваат и мене ме следува... ќе им оатавам потврда и барање и галје ми е. Да одам во ниеден случај, ни еден ден, ама ако ме следува ќе аи го иатерам правото, се заинатив.
Јас се боцкам сама во стомак веќе неколку недели и не само што не боли туку немам ниту една модрица ни ништо, дури и заборавам на следно која страна сум ја боцнала од што нема никаков белег. Кога ќе порасне мешко ќе продолжам од страна иако и сега само лево-десно си се боцкам
Не ти помина од Нифуранот Софи?! Мене па секад ми делувал и тоа по 2 милиона сум ја имала. Абе да не не ти зеле тебе брисеви убаво? Да не ти е вагинална макава наместо уринарна. 200 000 имаше ми текнува со 3 апчиња поминува печењето на таа количина. Види жити се за брисеви убаво, стварно не е можно после Нифуранот да те пецка уште.
Ајде да речам дека не беше со прва мокрача туку со 3та па може и затоа бројот да е помал што знам. Немам еве еден ден нема да ме пече па 2 пак ќе пече и не сум искрено веќе свесна. До сега 2 пати ми земаа брисеви и беше чисто, ама ги праќаа во Авицена исто како и уринокултурата и ништо немаше. Сега во Синлаб пратено и имаше бактерија, па веднаш ми дојде може имам и вагинално нешто, а во Авицена не ми покажува. Сакав сега пак да ми земат брисеви, ама Докторот дури до 9ти ми е на одмор, кај матичниот нема шанси. Некако и неможам да распознаам од каде точно ме пече, ама осеќам некогаш кога ми се оди во вц и осеќам како нелагодност и пецкање и помалку мокрам. А, се надевав дека со антибиотициве ќе се среди.
9+6 сум веќе два дена од како ќе станам имам главоболки . Дали ви се случувало истото? И градите малку ми спланаа па сега сум само со лоши мисли
Јас имам најубаво искуство со Фармахем. И носи секогаш прва урина. Ама па и трета да е нема да се намали од 2 мил на 200 000. Знам дека не знаеш од кај точно те пецка, еве мене од кандидата ме пецкаше. Брисевите ми беа чисти а Фармахем дури 3 дена ја здржаа урината на анализс, затоа што им била сомнителна. И на уринокултурата ми покажа кандида, и после докторот ко се врати од одмор ми кажа уствари дека не е можно на бсшиката да иам, дека е всушност контаминација од кандидата и дека матичната не ми зела убаво брисеви. Ми направи он после премивка со генецијана (таа плавата течност) и дури тогаш прекина да ме пецка. Ми рече после 3 премивки, ќе се исчисти ова кандидава, ќе немаш гајле. Затоа ти кажувам за да најдеш асален доктор, инсистирај да те прегледа со спекулум и да ти земе брисеви, бидејќи со глава ти тврдам дека нема шанси да не ти помине од Нифуранот ако било само бактерија на бешиката. Верувај ми, 10 год веќе како се мафтам со сите уринарни бактерии, нема што немам пиено и оперирана сум од леукоплакија на бешиката. Ништо не ми помагало како нифуранот. Напрај ги овие работи за мирна глава, мора со нашиве доктори да им кажуваш што да ти испитаат, пошо само ќе гледаат да 'те пројдат'. Пиши ми шо ќе напраиш, ти ја знам маката и знам колку е непријатно.
Изгледа се зареков. Откако пишав почнаа да ме фаќаат контракции, болки, на секои 10 минути. Таман почнав да се спремам да појдам накај болница, прекинаа.
Не се грижи со исти мисли бев и јас, ама буквално. Првите недели имав често главоболки по 2,3 дена ми трае после се намалија. Сега знае од време на време да ме заболи пак главава по 2,3 дена. Со градите исто, дека јас и немам некои големи па ќе ми спласнеа и истите мисли ги имав Уживај и опушти се
Исто и јас , имам мали гради и само проверувам да не се намалени уште повеќе хахаха .. Ти благодарам на одговорот
Девојки веке 4 дена мака мачам со затнат нос , зедов марисол капки за нос ама ништо не ми помага неможам да спијам преку вечер .. сабајле се будам со главоболка … хелп …секој совет е добродојден