Јас па бев уплашена дека мн јадев, а не качував килажа, после качив 2, па уште едно, па симнав 1, па пак качив 2, вкупно 4 качив, натаму ќе видиме. Сега веќе 5м не јадам толку многу.
Од јули негде. Иначе си јадам благо првите 2 3 недели ќе умрев, ама сега више малце по малце, неможам да се оставам без благо. Плус дозволено е 30грама Абе од ништо нешто ќе направат
Можно е само да си подуена, ќе ти спласне стомакот. Кај мене така беше во почетокот, после до 4 месец немав воопшто меше, а качував скоро по кило месечно. Еден период стагнирав, па качив наеднаш 5кг, ама од тогаш не сум се поправила и еве до крај си останав со таа килажа. Сѐ додека бебе напредува, сѐ е во ред.
Си ја активирав пак трудничката перница. Леле, рај невиден. Ма ќе ги благословувам деноноќно... Малце кнап сме со место, тројца на спална плус перница, ама се држиме добро за сега. Лежам и не ми се станува колку уживам...
Исто мислев. За првата бременост не купив, ама сега мислам дека ми е неопходна. Давајте препораки за перница За поправање: не се измерив кога останав бремена.. има ли такви "забегани" ко мене? втора бременост, само посакував сѐ да е во ред и ич не ми текна. Може и оти во првата бременост ставив 10 кила и сите беа воодушевени, а јас не ги симнав лесно, т.е. ги симнав и во минус отидов после 3години
Од лала (инстаграм), се крстам во неа, за првото се изнаспав до 41 недела спиев до 14 саати минимум, милина. Плус морав и да лежам. Сега буткав некако до 25 та недела, вчера кога ја извадив, легнав со син ми во 9 се разбудив во 7, преееееодморена и наспана и среќна. Ни болки ни вртење, сум се закотвила, мерак. Малце е голема, но тоа е поентата уствари. Се каам што порано не ја извадив. А маж ми ми вика, за роденден да ти купам пак таква перница, многу ја сакаше, викаам аааа си ја чувам под спална, нема бегање мора да смислиш друго.
Pillows_lala види на инста. Ја нарачав пред 3 години, не се сеќавам за цена, ама ја перам во машина имам 9 кг машина и не е мрдната.
Нема потреба да мислиш на качување килажа или да “јадеш за двајца” продолжи како и порано што си јаделе доколку можеш и дололку немаш аверзија спрема некоја храна, јас сум ужас со оброците по цел ден не јадам само вода пијам и повраќам па тек навечер каснувам нешто не се оптеретувам и си го слушам телото без да го мачам бебушот секако има со што да се храни си црпе оно од вишокот. Иста килажа ја држам од почеток 64 кг и немам уште меше ,10 недели правиме денес се надевам дека е се океј со бебушот , го немам видено 4 недели
Јас сум 19 +6 и 6кг сум поправенка. Ама само у мешето ми се гледа. На другите места сум си иста. Инаку почнав негде од 3ти месец да се поправам мислам дека, од 10та недела навака. Ма да ја не јадам нешто многу, неам некои желби посебни за благо или за друг вид на храна, како што имаат повеќето трудници. Колешка моја ми кажуваше дека она дури ослабела дур била трудна. Така да секоја жена си е посебна приказна, нема апосолутно правило никакво, а и тебе ти е многу рано за поправање, чекај малце точкичка е тоа уште, којзнае дали има срцева акција уште. Стомакот ти е подуен, и мене ми беше. Најнормална работа у бременост е тоа, како последица на зголемен прогестерон. Уживај, дур бебуш напредува, све е нормално.
Срцето веќе го слушнав во 7ма недела и во првата и во втората бременист не повраќам си јадам колку што ми се јаде не се прејадувам а кога бев на преглед последно гинекологот беше изненаден од големината на плодот во 5та недела беше точка во 7ма веќе дупло поголемо таканда кај секој е различно само да се здрави и живи бебушите ❣
И јас не качив килажа до сеа, еве 21 недела само 4.5 кила сум поправена, јадам како и претходно, за еден човек и освен меше немам вишоци нигде
27 недела терам, настинав страшно, прво беше малку црвено грлото и ме гребеше ама не сум била за антибиотик, суво кашлав па може од нос да ми се слева, некоја алергија за која повторно не сум била за никакви лекарства, се убив од прегорен шеќер, ментол бонбони, пантенол два пати на ден, прополис еднаш во денот, зрно бибер (само еднаш пробав). Денес и вчера се напив по еден парацетамол зошто и носот почна да ми тече, и се осеќав како да кревам температура а немам мерев. Матичниот доктор ми вика нема шанси да е корона, башка прележав пред 8 месеци. Кашлам и кивам и нормално се напрегам со кашлицата. Денес веќе четврти ден, мислам се преморив од кашлање и кивање и сега послабо го осеќам бебето. Страв ми е од напрегање за кашлање да не сум направила беља некоја. Совет некоја и искуство да сподели? Инаку утре сепак ќе одам на приватно да се тестирам, барем да бидам сигурна дека не е корона
Абе како може од напрегање и кашлање нешо да му напраиш на бебуш?! Дај не зезај те молам, па тоа си е заштитено внатре, ако беше така лесно да им наштетиме до сеа никоја немаше да роди. Ништо не му е и ништо нема да му биде, биди си мирна. А и да си се тестираш, сеа сите повторно се испозаразија, што си е сигурно-сигурно си е.