Здраво мешања има ли некоја од вас скоро да е правила прв скрининг и приска на ГАК? Матичната ми даде упар приоритетен за утре ама ми вели немало да ме примат? Не ми е јасно како дава упат а од друга страна вели нема да ме примат :-/
Зашо да не те примат? Јас кога бев на прв скрининг демек сите термини зафатени, едвај фативме термин, кога отидов таму немаше никој 1 саат пред мене, а ни после мене.
„Мудар родител, среќно бебе“ - Хедвиг Монтгомери во Антолог ја има, одлична книга, многу добро уредена по фази, ситуации, месеци за тоа што им се случува на бебињата и како треба да се постават родителите. Многу практична без трошење непотребни зборови на филозофија околу мајчинството. Пишувана е од жена-психолог. Има уште 2 дела но е за поголеми деца и тинејџери. Инаку ако нема добро би било да се отвори посебна тема за книги за родители, да имаме повеќе избор и препораки.
Другарки ај помош. Денес веќе 3 ден имам болка, десно над јајник, тапа, во должина продолжува нагоре, како кружниот лигамент да ме боли, како воспален мускул. Кога лежам се смирува ама кога станам по вц боли. Денес е поинтензивна. Вечер сун на 2 скрининг ќе прашам, 20+5, некој друг со таква болка таа недела? Бебуш го осеќам.
Фала ти Јас не успеав да најдам таква тема, Ако некоја знае нека ми посочи мислам дека и те како имаме потреба сега од книгички па и размена може да организираме некоја.
Исто бев пред три недели, почна со гребење грло, па нос течење, кивање и кашлање. Јас се тестирав бев негативна на ковид, значи друг вирус. Јас се напив три парацетамола се на се кога ми беше многу тешко, и ставав спреј во нос кога едвај дишев. Помина за 10 дена, истите стравови ги имав како тебе, но нема ништо да му се случи на бебуш, само мора да се издржи.
Исто негативна сум, со матичниот доктор се натегаме што да земам а што не. Он е никако за антихистаминици за алергија, евентуално капки за нос со дексаметазон ама уште вечерва да истрпам, верувај не се трпи му викам. Не можам да дишам кога ќе се закашлам, а навечер е 100 пати полошо. Знам знам ама тоа е ми вика. На своја рака ќе си земам сируп Алпенкрафт за смирување на кашлица, ваљда ќе помогне нешто од нешто, видов тука дека @Bella_Stella го користела а и другарка фармацевт ми го препорача. Друго не знам што да земам ни што да правам
Проверував крвна слика и анализа на урина и се ми е супер освен s-Гликоза, малку под граница ми е. Дали е тоа показател за некој проблем или дополнителни испитувања, што би можело да предизвика намалување? До сега не сум имала ваков резултат, а редовно проверувам крвна слика.
Немам користено таков сируп, не знам каде имаш прочитано. Јас не пиев ништо за алергијата за време на бременост. До негде ми помогна да се одвикнам од терапија, зошто бев зависна од Аериус, а сега не ги пијам и намалена ми е. Прашајте си доктор за Тафен спреј дали смеете, знам дека го примаат во бременост некои жени.
Ништо не е, и мене ми е под граница малку. Не укажува на дијабететски проблем, бидејќи знам дека натака те води паметот
Извини @Bella* била со Алпенкрафтот. А толку бев сигурна дека си ти Е многу Бела сте на форумов да знаеш колку се намачив да те тагнам веднаш ќе ми простиш
Јас користев Алпенкрафт поради сува кашлица, некаде во 4-5 недела од бременоста. Секако со препорака од матичен гинеколог.
Девојки, матичната ми даде упат за ГАК соба 36 за 30.08. По препорака на докторката што ме води од ГАК за да ме види на ехо пошто тогаш влагам во 34недела. Но гледам напоменала матичната и цтг да ми направат. Не ли е рано за цтг? И како оди прегледот за цтг?