Нас во Германија ни прават ЦТГ веднаш штом ќе влезеш во 7ми месец . Моето прво беше 28 недела утре ми е второто 32 недела. Само стават на стомакот едно како појас и апаратот си работи околу пола саат, ти си лежиш и тоа е.
Нема ништо лошо во цтг прегледот. Гледај пред да одиш да јадеш,касни благо,пивни нешто газирано за да не биде успано бебето. Прво одиш во амбуланта кај што те прегледува доктор на ехо,па те праќа на цтг. Може и да не те прати, на гак праќаат во 38-39та недела на цтг, се пред тоа било рано за нив. Инаку ако баш прашуваш како изгледа прегледот, ленгуваш на кревет,најчесто на грб,сестра ти става два каиши,еден за контракции и еден за бебето. И дремеш едно 15-20мин после со извештајот се враќаш кај докторот во амбуланта за да го провери.
Здраво женички. Јас сум нова мама на форумот. Сакам да прашам дали знае некој или има некоја што останала бремена во период кога примила вакцина, стрикно Фајзер? Јас така малце сум збунета, не знам што да мислам
Што можам да искористам за течење нос, настинав ќе си умрам одвај дишам само марисол ми дадоа и пантенол...help
Лично немам искуство ама познавам некои кои не знаеле дека се бремени првата вакцина ја примиле 5та недела втората после 12та недела и засега се во ред, не би требало да наштети на плодот, не му ја секирај многу, мислам дека многу повеќе штети секојдневното изложување на зрачењето од мобилни и компјутери и храната која ја внасуваме мислејќи дека е здрава ама тоа е тоа
Kaj mene nema uste nisto , veverva sme na CTG pa ke vidime dali ke se pojavi nesto ili ne.Epten sitno broime do termin ama dali ke bide tocno na toj den ke vidime
Ние стигнавме до фаза молење. Само му зборам: „Ајде бе сине, ајде инатче мое, излези веќе, дојди да се гушкаме.“, него ич уво не го боли, убаво му е во меше. Ќе чекаме термин изгледа.
Јас примив прва доза, не знаев дека сум бремена. А за втора се консултирав со повеќе доктори сите ми рекоа дека одлуката е моја, никој не ме посочи да ми каже да или не. Сега закажав уште на имунологија и кај Афродита во Ремедика, да видам уште они што ќе ми кажат дали ќе добијам конкретен одговор.
Здраво женски. Дали некоја имала вакви дамки во бременост, дали можеби знае зошто се појавуваат. И со предходната бременост бев исто..Ги имам само на лицето.
Кај сакаш закажи, никој не може да ја предвиди имунолошката реакција на твојот организам. Никој не може да ти гарантира, на крајот пак останува на тебе дали свесно ќе внесеш вирус во организмот и ќе му дадеш уште работа на организмот, кој и онака има превише сеа работа во бременоста. Како сакаш сврти ја работата, пак на крајот на тоа се сведува. Што и да одлучиш, со среќа.
Незнам дали ова прашање е за овде,ако не слободно пренесете...Ме интересира претходниот месец на крвната слика имав позитивни кетони во мокрачата...Денес направив нова па ќе видиме! Што значи тоа...Докторот ми вели повеќе вода ) а јас пијам вода скоро по 3 литри на ден...Имала некоја нешто сл?Позз
Мешиња ние завршивме на ГАК прекрасна докторка ни се погоди значи злато жена ме викна во првите дека сум со инсулин вели грев ме фати јас стопати и се заблагодарив, бебе е супер НТ 1,1мм што е одлично мерките одговараат на неделата презадоволна мама