Покажувало регулар контракции. Имав болка во стомак и кичма. Сега се повлекоа. Делумно во кичма и само интензивно се потам.
Сигурно се биле лажни само што повеќе си испаничила. Ќе биде се во ред , ти посакувам побргу заминување дома .
Имаш контракци мајка ги покажува на цтг ама не се многу јаки до 40 одт на колку време ги осеќаше? Ама мораш да издржиш слушај доктори што ти кажуваат те гушкаме
Мајка сега немам никакви болки. Ми шибнаа инекција во колк, венски лек ми дадоа од што почна да ме гори желудник и низ гради рекоа нормално било, ми истече инфузија сум задремала сега се разбудив, болки немам никакви. Кичмата што ме болеше делумно сега и таа не ме боли. Слушам се што ќе кажат, ми е страв и на мене, се надевам побрзо ќе си заминам дома, па кога ќе дојде време ќе се вратам назад.
Само смирено не си отворена, можеби се лажни контракции, бебушка расте се тегне. Остани си таму да бидеш под надзор раат ќе си. Ти ја пуштам цела среќа... Држи се
Има, има Се породив пред 3 недели, дојдоа на свет моите две девојчиња. Немам многу време и затоа не успеав да се пријавам Ви посакувам многу среќа и со лесно на сите
@RumShtangla Биди силна мајка добро е што си реагирала на време! Те ставија пак на цтг да видат како е сега? Примивте зреење? Не се брзај за дома, ако треба нека те следат некој ден да бидите сигурни дека се е во ред. Ти пуштам среќичка!
Честитам, да се здрави и живи кукличките Претпоставував дека има нешто , бидејќи те немаше по долго.. уживајте
Супер чим немаш болки сега те уклучија ли пак на цтг да видат таму си на сигурно ќе те следат али нека си поседи бебека уште малку внатре рано и е за искачање биди силна ќе те пуштат брзо дома сигурна сум
Јас имав искуство со ова и среќа се среди, ми рекоа не внесувам доволно храна и вода и организмот ги користи резервите. Јас немав јадено и пиено вода неколку дена, резултираше со дехидрација. Неколку инфузии и инекции ме вратија во живот. Сега сум супер. Пробај да внесуваш храна почесто и да пиеш повеќе вода.
За 2 недели си во безбедна зона. Не брзај за дома седи таму, нека ти даваат терапија и подобро да лежиш.
Таму си на сигурно ќе издржиш колку дена и да треба плус за две недели ќе бидеш во безбедна зона така да само позитивна мисла гали меше и тука сме ние форумски мамаички за подршка и за што и да ти треба
Прими си и без гајле, дури и некои доктори викаат дека после 34 нед плуќата е созреана, јас еве примив исто денес 3та доза, не се плаши лежи си под надзор си ќе истуркаме и двете, 1 ден сме разлика со термин мислам, тука сме биди силна