Си одиме дома. Не пуштаат. Беба е ок, мама нема болки, цтг уредно се е во ред, ситуација стабилна каде каде.. чекам само да кажат кое време да си одиме дома. Поздрав до сите и фала на поддршката❤
Супер мами сега дома одмарајси гали меше уште малку ти остана од бременоста така да искористи да поуживаш уште малку
Го имав истиот проблем пробај да вариш 5-6 суви сливи како компот и топол да го пиеш мене само оваа ми помогна поздрав
И јас имав вакви маки на почеток, и сеа не сум нешто сјајна со столицата, ама каде-каде е подобра ситуацијата. Секое сабајле пиев 2 лажици мелено ленено семе во чашка јогурт. Works like magic. Инаку исто, 2 пати неделно макс идев со тешки маки и тоа. Пробај
Женчиња кажувајте нешто за кашлица, мислам ќе ми пукнат и конци и се неможам убаво да се искашлам како човек
Контракции како планини, ама џабе. Ми рекоа во недела пак на цтг, ако не биде ништо, тогаш во понеделник ќе видеме шо ќе се прави.
Здраво мамички. Јас сум 32 недела од кога влегов во 8 месец се мачам со алергија, брунки по телото, неподносливо чешање посебно навечер. Имал ли некој сличен проблем и што да се прави. Матичниот нема објаснување
Здраво, имам прашање, дали некоја од вас мешиња се породила природно со постелка на преден ѕид ниско поставена?
Мешиња вака: сопругот пиеше антибиотик без пробиотик и деновиве ми се жали на печење и чешање од половиот орган. Бидејќи сум бремена периодов избегнуваме односи. Со што може да се мачка да за му се смири? Има ли некои препатати за мажи?
Консултирај го твојот гинеколог за него, освен Канестен имаше и една друга маст со поширок спектар, еднаш јас и сопругот ја користевме ама не ми текнува како беше. Гинекологот може да му даде и терапија да пие за побрзо да му помине и поефективно да ја отстрани за да не му се повторува.
Ќе зовриеш еден кромид со лушпа, ќе го оставиш малку во водата додека се олади малку и со мед или малтекс секој ден пиј. Најефикасно ми се покажало.
Дали знаете колку кошта еден рутински преглед во систина,12 неделс сум. Пред неколку дена бев за скрининг платив 4800 ама не знам колку е ехо ?