Ќе се породиме заедно ќе видиш Јас бев денеска на преглед, вика докторката има напредок ама не сум скрос спремна. Сакаат на викенд бебињава да излезат
Не ми текна да го сликнам. Целото беше со контракции, и посилни и послаби. Не ме прегледаа овојпат, а претходната недела не бев отворена. И тогаш имаше некои контракции, ама поретки беа.
Ако биле со заоблени врвови се вистински контракции ти ги осеќаше ли додека беше на цтг ајде јас типувам дека до недела ќе се породиш
Мами дај кажувате чаре цело лице ми е исфрлено со бубалици што во живото сум немала ај да кажеме од маската ама па веќе цела година и повеќе сме со маски... пудра не ставам и се чистам со мицеларна вода, ништо не помага.. кога го осетивте прв пат бебко тие мами што сте со второ трудни?
Женички да ве прашам, дали ви се случува да ви студи? Јас сум 6та недела и сега во моментов некако осеќам студ. Нормално е нешо од хормоните, или си имам ја некој проблем
Е не забележав какви беа врвовите... Ништо не осетив. Ајде типувајте, на крај сите ќе добиеме награда бебиња в раце.
Не знам дали е до хормоните или до времето. Мене не ми студеше летово до пред некое време, сега оваа недела измрзнав, дури со ќебиња се покривам.
Па во иста состојба како во понеделникот сум. Само наместо 2цм, сега сум 3цм отворена. А и исто се чувствувам. Ноо, не мора да значи, може и за 5 часа да добијам болки, може и за 5 дена
Јас на 40степени се мрзнев Па за 10 минути ќе ме фати жештина и ќе се препотам и ќе пуштам клима и се така во круг Хормоните беснеат
Откако ти го прочитав мислењето ја порачав книгата, почнав да ја читам, значи ептен е промисинг. Предобро објаснето за бебињата со убави практични совети за секојдневни ситуации. Можам да замислам понатака колку убави совети ќе има. Браво за предлогот. И ти благодарам