Жени едно прашање. Бремена сум 9-та недела. Пред околу пола час ми се појавија болки во долниот дел од стомакот исто како за менструација. Сега знам дека се нормални болки, ама ова скоро пола час трае. (Крварење немам) -Иначе денес малку бев активна по дома, готвев храна и сл. Да не сум направила нешто.. Незнам што да правам
Здраво, бремена сум 12 недела, оваа недела поизразено осеќам жештина на долниот стомак, надоле се ми гори дури и препони, немам некоја мака да ме боли нешто само ми гори од топло, дали е нормално или нешто може да не е во ред?
И мене ми гореше така долу баш кај матката и вагината и накај нозете, и сега во второ тромесечие знае чат-пат, ама во прво скоро цело време. Зголемен доток на крв до матката заради потребите на новиот живот што расте во тебе мами. Ништо страшно, баш напротив, убаво е. Све си циркулира како што треба.
Здраво на сите 32 недела сум, имам проблем со алергија ме чеша многу навечер,целата сум нафрлана. Дали некоја имала слично искуство. Матичната не знае од што е ми препорача да се мачкам со бело пудро.
Ехеее мене и по неколку часа знаеја да ми траат. Си расте точкичката и си праи местенце кај мама. Баш во 9та недела мислам дека најинтензивни ми беа тие грчеви во матката, после се смирија после 9тата недела. Напиј се магнезиум директ, ќе ти олесни. Ќе се јавиш на лекар доколку болките се многу јаки и/или се придружени со крварење. Ова што го кажуваш ми звучи на најнормална болка што речиси сите ја имаме во првото тромесечие, ама ако си ко мене (паничарка) и ти е прва бременост можам да замислам дека на секоја сензација на телото се вадиш од памет. Ама прашувај тука слободно, членките се многу helpful и ќе видиш дека секоја од нас горе/доле минала низ истите работи.
Фала многу на одговорот, искрено ми олесна. Еве малку ми се смирија и болките. Иначе голем паничар сум и не ми е прва бременост,туку трета Ама поминати се повеќе години и точно не се сеќавам на болките.. Сепак во понеделник ке си посетам гинеколог.
Сите сме тука такви паничарки немај гајле хахах. Претпоставувам дека секоја бременост е различна, мене ми е прва па не можам споредба да направам, ама знам дека другарка ми кажуваше дека со првото дете имала вакви болки до 12та недела, а со второто ништо. У секој случај биди си смирена, а за твој мир посети си и гинеколог во понеделник. Ништо алармантно не е ова
Иста бев и уште сум, само сега немам толку чешање и не сум многу нафрлана. Ставав течна пудра, не ми помогна нешто многу. Забележав дека после бањање/миење уште повеќе ми се воспалуваат. Можеби да пробаш со рибина маст, една година истото ми се случи, доста ми помогна. Друг совет не знам.
Жени некоја дали има болки кај коската на задникот? Не можам да седам и да лежам, подобро ми е само ко се движам. Ама треба и да спијам на пример, не можам одечки хахах Пробав магнезиум, нешо посебно не помага.. 20 + 5 сме инаку, а ова е од сабајлево вака
Исто и јас имав, леле ми се чини ќе умрев од болка. Ставај облоги топло ладно ете тоа ми помогна.... И се напив парацетамол неколку пати за 4 дена ме пушти
Девојки ме интересира дали е овљ точно како што го пишува???И уште едно нешто ме интересира.Сега моментално сум 30+4 дена,или како што ми кажа докторот 31 недела.За брис ми рече матичниот во 34 недела.Е сега треба да одам кога сум 34+0 или 33+?
Исто, освен што преголема болка чувствувам во долниот дел, кога станувам или седнувам, како коскиве да ми се кршат.. Како е бебушот?
Девојки 8ма недела сум но ставам вагиналитети макмирор за кандида и одкако ќе ги ставам имам болка во долниот дел на стомакот дали е тоа нормално?
Здраво на сите маички Имам едно прашање. Од 26 та недела сум со покачени д димери и терапија клексани по два пати на ден од 0,4 сега ми ги намалија по една на ден од 0,4 Моментално сум 33 недела, а д димерите ми беа 3000 на последната контрола. Со бременоста се е во ред, плодот, плодова вода, постелка супер. Е сега прашањето ми е со вакви д димери дали некоја од вас се породила природно или царски, што е препорачливо или нема врска? Благодарам однапред мешиња
Imam jas ama samo na leva strana od zadnikot jas sum 17 nedela mi se pojavi pred nekoj den kako faten nerv koga lezam I na stanuvanje mi treba vreme dur se razmrdam go teram soprugot da me masira na toj del.