За болки во грб од најголема помош е прошетка. Секој ден редовно колку можеш повеќе. Исто и одредени вежби.
Супер, исто како да не сум трудна. Да јадам нешто и ќе одам, па ќе пишам тука. Ти како си? @Dulceee да не има вести?
тука сме негде јас сум 24+4 . иначе се надоврзав на ова мислење затоа што сакав да кажам дека и мене ми помага највеќе движење и тие денови кога повеќе се движам немам болки. сепак работам во канцеларија и седам пред ком. по 8 саати тоа многу ми допринесува за болките, деновите за викенд доколку сум во можност пешачам тогаш ме пушта болката... не сум пробала да вежбам иако пред да останам бремена бев многу физички активна, а сега ми е веќе страв. инаку јас кога се консултирав ми рекоа магнезиум и калциум да пијам и да не се улежувам , од друга страна цел живот сум ситна - се движев од 50кг до 53 макс. моментално сум 63 што значи веќе имам качено 10 кила што мислам дека исто и тежината ми влијае за овие болки. не знам дали ти е уредна бременоста ама доколку ти е пробај со редовни прошетки може ќе ти помогне
Уредна ми е, супер е се', но јас сум сега 37+5 и ми е екстремно тешко пешачењето. Вчера едвај изодев вкупно 2 км (по километар во правец), кај ме боли цела карлица и ме штипат мочни патишта, па уште и не можам да дишам, одма губам воздух. А до 7ми месец пешачев секој ден најмалку по 5 км, некогаш знаев и по 7/8 да ги истерам. Ама после се' помалце и помалце можев, сега едвај се движам и низ дома. И јас цела бременост, еве и сега се уште работам по 8 саат пред пц (од дома од 4ти месец наваму), затоа велам, мора да се има физичка активност, иначе уште толку болки се има. Веќе подолг период не можам ни вежби да правам поради големината и тежината на стомакот, порано редовно секој ден по 10ина минути си правев одредени вежби како "мачка/крава" што се. Иначе, јас почнав со 48 кг, а сега веќе имам 64 од кои во последните 2 месеца немам ништо накачено. Башка као сите кг да ми се отидени во стомак, цело тело исто ми остана, а стомакот како џиновска лубеница ми е. Па после карлицата пати... не може да издржи толку тежина. Јас само се надевам дека добро ќе поминам на пораѓај, некако ме фаќа страв, мала карлица, големо бебе.
Ич не се плаши од работи кои не се во твоја моќ Јас првиот пат се плашев од мала карлица, бебе мислев ќе биде големо, прво мислев дали да барам царски заради сите приказни, па како поодмина бременоста сакав природно ама со обезболување, па на крај сакав целосно природно.. Цел план за породување имав, ама се породив порано, непозната причина ми го дупна водењакот а не се отварав, нит имав контракции и ме породија царски, и тоа со целосна анестезија. Во ниедно сценарио не можев тоа да го предвидам. Совет од мене: уживај колку што можеш, не мисли на пораѓајот уште затоа што и самата ситуација и бебе имаат удел во тоа како ќе се одвиваат работите
Ме скараа оти не сум родила до сега. Цтг покажува од тие вистинските контракции, ама не сум отворена и тесна ми е карлицата. Ваљда ќе бидам царица. Чекам докторот да се врати од пораѓај па да ја договориме работата.
тогаш најверојатно ни останува само да си трпиме и да видиш негде по форумов прочитав од некоја членка масажи за трудници дома доаѓале имаше пишано дека од една масажа ја пуштиле болките...
Едно можда малце чудно прашање. Немам стрии на стомакот, но затоа пак веќе неколку месеци пределот околу пупакот ми е зеленкаст и екстремно сјајен. Као да е исполиран, блешти. Можеш одраз да си видиш. Што е работата, има некој слична дешавка со кожата?
Не се секирај. Како треба така нека биде, само што поскоро да ги видиме бебулињата Пиши што си направила
37+5 сум, повремено мачкам од маслото со алое на Johnson's baby, повремено од еден лосион на Alverde со масло од коноп и повремено од Здраве кремата. Ама ич не сум редовна, особено летово, многу ми е топло за да мачкам работи, а и цело лето самата кожа баш на стомакот ми е доста мрсна. Ама многу ми е чудна кожата околу пупакот, зошто е толку исполирана и со чудна боја. А и многу ме чеша тука, језда претпоставувам така си е зш нонстоп се растегнува.
сосема е нормално... само искрено не знам дали нешто ќе ти помогне. јас бев иста како тебе, почна 6та недела повраќав се, желба за храна никаква. ме советуваа повеќе пати да јадам по малце, џвакав рупурут, пиев антиметил, сода за киселините... ништо не ми помогна. после 15-16та недела само од себе ми помина и ми се врати апетитот. со лесно да ти е цела бременост пробај да јадеш нормално да не гладуваш иако немаш апетит, кога ќе дојде второ тромесечии поминуваат најчесто мачнините... така сите викаат, така беше и кај мене