Тоа е позиција б.ц. и д. Тука е малку подобро прикажано. Мислам дека со мирување, редовни контроли...и царски не би требало да има последици. Крварењето кое си го имала е типичен симптон кој се појавува околу средина од бременоста.
А што е разликата во плацента на преден или заден ѕид, мене ми пишува преден ѕид, а гледам на другите што доаѓаат со мене на цтг на заден ѕид..
Кај плацента на преден зид -повеќе го чуствуваш бебето, при сообраќајка или удар во стомакот е за нијанса поопасно од плацента на заден ѕид, Разлика голема или пресудно значење нема.
И мене плацентата ми е на преден ѕид, но за чувствување на бебето имам обратно искуство... Баш оние со плацента на преден ѕид подоцна го осеќаат клоцањето на бебето затоа што кога истото мава во плацентата таа служи како пригушувач... Ова секако правам муабет за на почетокот кога мрда. Вака при крај, кога е поголемо, се осеќа во секој случај... А за плацента превиа, нема зафрканција, треба мирување и внимавање... Мора да се следат упатствата на докторот... Инаку, ако ја видат на почеток на бременост,и во зависност од локацијата (делумна пп), истата со растење на детето и ширење на матката може да се помести... Но сето тоа мора детално да се следи...
E сега не земај здраво за готово јас што ќе речам подобро прашај си лекар. Инаку мене тука ми препорачаа дополнително од мултивитамините што содржат се да внесувам плус 40мг железо и плус 200мг калциум. На бебето никогаш нема да му фали ништо, ако не внесуваш доплнително ќе почне да си зема од тебе овие додатоци се пијат за мајката да си ги зачуваш коските, забите итн И мене ми трнат рацете ама имам забележано ако лежам на десна страна повеќе а на лева помалку. Не ми се верува уште 10 недели имам а ништо не сме спремни дома
Иста сум и јас. Плацентата ми е напред и послабо го чуствувам бебчо си мава како на перница, засега. Е сега лошо е со плацентата напред што кога ќе се заврти обратно лом прави по органите пошто немаш никаква заштита така. Пред два дена ме пратија на ЦТГ пошто се пожалив дека не ја сеќавам веќе 2 дена и си покажа дека е активна многу ама си удира на плацента а јас абер немам
И мене плацентата ми е напред, и читав дека во такви ситуации бебето подоцна почнува да се осеќа (и кај мене беше така, до 24та недела некаде не бев ни сигурна дали е тој, или само гасови ). Сега си е активен, посебно после јадење, и навечер околу 21 часот. Минатата недела се уплашив после прегледот кога докторката спомна дека коморите на мозокот му се блиску до горна граница (иако уште на прегледот самата ми рече дека не е проблем и бебушот супер напредува), се изначитав по интернет и се исповадив од памет (и ги измалтретирав сите околу, почнувајќи од мм, моите...), за на крај да и се јавам пак на докторката. Ми забрани интернетско толкување на резултати и рече дека ако било што сомнително имало, ќе ме викнела на преглед порано, а не дури во 32ра недела. Дури после тоа се смирив... А @Markiza30 , има време за спремање Јас пред Нова година не планирам да купувам ништо. Имаме додуше претстава каква количка сакаме, креветче рекоа ќе ни дадат, а ситниците се средуваат за еден ден. Само нека се бебињата добро, другото е лесно.
Ќе ги подигнеш право напред и кружно на внатре пананадвор, мене така ми се намалуваат отоците. Време ни е Луси, тоа е!
Освен оние стандардните миење со топла па ладна вода за циркулација, кревање на рацете горе, движење на прстите... Друго чаре не знам... Знам дека после породување поминува. Ако е утеха...
folnata se pie do 3ti mesec e posle zavisno od maticniot ginekolog i krvnata slika se prepisuvaat multi vitaminite.. jas primer imav slaba krv pa gi piev se do kraj i eve skoro mesec kako se porodiv ama uste gi pijam.. mojata doktorka taka mi rece a i probav da gi ostavam eden den ,vtoriot nemozam da odam poveke od 5 metri se osekam mn slaba.. i si gi pijam non stop
рацете отечуваат и од јадење на премногу зачинета храна и сол, сол во јадењето ептен малку, мене ми отечуваат прстите на рацете насабајле, бидејки во текот на ноќта, бубрезите послабо работат, а во тек на ден ми се повлекуваат. а јадат солена храна, е сега ако понатаму ми премногу отечат рацете, ке ја стопирам солта во исхраната минимално...
Епа правам такви вежби еве сега ќе одам и на јога, до последен ден јас вежбам, ама може да е од зачинета храна, сол си јадам да, може затоа...без сол па нема вкус јадењето ама ич, пробав...
Солта дефинитивно е фактор, затоа што прави задршки на водата во метаболизмот... Ама летово на пример, не јадев солено, пиев вода многу а пак имав отоци од жешкото. Сега пак исто, не јадам ич солено, пијам вода, а пак си имам отоци до крај на ден на нозете... Со рацете обратно... Сабајле прстите ми се ко ќебапчиња, ама после отрпнуваат... Во секој случај, нормално е... Треба да се внимава на големи и нестандардни отоци, особено на лицето!
Мешиња, ве молам за совет! Умирам од главоболка. Вчера цел ден плачев како мало дете (малку од болка, малку од хормоните). Кафе ако се напијам ќе ми се подсмири, за еден сат ајде одново. Додуша не можам ни кафе да пијам многу, многу. 16та недела сум уште повраќам и ми се лоши. Што правите за главоболка???
При низок притисок помага кафе, тс. кока кола. До две кафинња на ден и некога чаша кока кола доколку не ти се лоши не е штетно. Во спротивно, проветри, испадни на балкон, кратка прошетка, многу течности...
Краток период имав и јас зачестени главоболки. Пиев парацетамол. Можеш да се напиеш слободно. Ако се работи за тешки главоболки, знам дека можеш да се напиеш и аналгин, само сепак заѕвони кај докторот за да прашаш колку често можеш да го пиеш...
Здраво на сите, ве молам за совет , пред една недела бев на 4д скрининг. со бебето се е во ред ама премногу е ниско, докторката прапорача носеше на појас и почнав да го носам ама оттогаш посилни болки имам кога се движам и кога станувам посебно. Многу ми е страв инаку не бев отворена и цервиксот беше ок. бебето мрда скроз доле го осеќам и многу ми естрав да не се искомплицира, инаку прва бременост ми е и паника ме фаќа, постојано одмарам и не се напрегам и пак исто а преглед имам дури пред нова година, ве молам за совет.
Лежи со перница под газ и нозете на нешто поткренати. Мене ова најмногу ми помогна... Претпоставувам околу 20та недела си, и ако оди се' како што треба, за 1 месец +/- би требало да ти се крени бебето нагоре. Не пешачи, не кревај тешко, и секогаш кога ќе можеш лежи со перницата...без паника, 2ра таква бременост поминувам за дури сега да утврдат дека не е бебето ниско во матката, туку таа е ниско поставена во организмот Со лесно и опуштено!