Исто и мојот дечко Мислам дека и нема таков случај да се погодат мерките од циклус со тие од ехо, барем јас не сум чула. У секој случај подобро е да се понапредни, отколку да заостануваат.
леле немој да се секираш ич. јас исто кога отидов на одмор така умрев од секирации таа па баш тогаш ја немаше да мрдне... изгледа и беше одмор и нејзе само што се вративме во скопје почна пак по старо . иначе и јас тогаш бев 21ва. уживај таму без секирации
Ич да не се грижиш, мерките се подложни на минимални грешки, и важни се земени во континуитет за следење на напредокот. Постојат просечни вредности со кои ги споредуваат мерките на твоето бебе. А мерките зависат од многу фактори: -од ехото, и програмата на ехото, мене на различни места различно ми го мерат. -од вештината и брзината на докторот при мерење- и најмало милиметарче дава мерка на, на пример нога што одговара на бебе од 12та гестациска недела, големина на глава за 11+4 недели, меше со големина на 11+2 недели. - од поставеноста на бебето - идр. Важно е да е пропорционално, да нема големи отстапувања, на пример во големината на екстремитетите и главата. Ако се помали, добро е сите мерки да се помали, или ако се поголеми-сите да бидат поголеми. Тогаш објаснувањето е дека најверојатно е порано зачнато (ако е "поголемо" за неделите) или е подоцна во циклусот зачнато (ако е помало за неделите). Има врска и генетиката на родителите, крупни родители логично е дека ќе имаат бебе "поголемо" за неделите, а поситни родители ќе имаат бебе со "помали" мерки. На пример, син ми се роди во 37 недела со мерки на глава кои се соодветни за бебе од 35 недела, ама ние аме со нормална/ситна глава и лице и докторката што ме пораѓаше ми објасни дека гледајќи ме мене и сопругот тоа е очекувана големина. Толерантно е - 1недела и +1 недела за гинеколозите (ова најпресна информација од скрининг). А и за толку прават и утка во мерењата, знам бебуши што ги измериле помали за една недела, а се родиле со поголеми мерки и обратно. Сѐ додека е пропорционално и расте во континуит нема причина за стрес
Фала ти на убаво објаснето се , секогаш си со долги и убави објаснувања за нас што сме прв пат бремени. Гушки
Девојки здраво. Нели онојпат пишав дека го фатив стомачниот вирус, тој ден така терав и утрето беше подобро и вчера се осеќав добро, само го осеќав издуван стомакот со гасови. Синојка пак почна со дијареа, легнав и околу 1h ноќот се будам со нагон за повраќање и пролив само трчав во вц. Не се сеќавм кога последен пат сум имала толку лоша ноќ, имав болки во желудник кои се појавуваа ме грчеа траеше неколку секудни и ќе престанеше. Конечно се исповраќав и тоа убаво, ама болките во желудник продолжиа и низ стомак ги осеќав ама околу желудник ме стегаа па пуштаа. После легнав и некаде кај папакот осеќав докај 4h исто така и ми се смирија. Бебчо беше цело време активно го измалтретирав, многу се нервирам. Почнав да мислам контракции да не се тоа. Сега си продолжи само пролив имам, голем баксуз сум за саат време треба да појдам имам закажано контрола, патот ми е скоро 2 часа. Како ќе издржам незнам. Многу се нервирам, ми се плаче. Ноќеска испив пробиотик ама за пола час повратив и сега незнам дали да испијам, да не е многу брзо. Ова мене може само да ми се случи.
Софи мислам дека немаш проблем да се напиеш пробиотик. Јас заради кандида месец дена без престан пиев пробиотик секој ден. Течности повеќе внесувај да не дехидрираш и електролити обавезно. Од храна јади суво нешто переци, варен компир, ориз варен, двопек, кока кола е убаво за дијареата и банана. Со лесно ајде ќе помине.
Софче те мислам Не се контракции сигурно, имаш стомачна болка. Многу е битно да пиеш течности што е можно повеќе, исто и електролити за да надокнадиш. Мене секогаш ми ги препорачуваат ОРС, знам дека се и за бебиња, препрашај дали можеш нив да ги пиеш. Со лесно, и без многу стрес, бебчо чувствува се.
да и јас ти ги препорачувам ОРС и јас ги пиев тие и пиј што повеќе. исто за пробиотикот можеш да пиеш повеќе. не знам јаглен дали проба мене ми делуваше колку да не трчам цело време во вц...
Душа си бе Софка бе, ние паничарките не можеме раат да бидеме никако 2 пати дневно пиј си пробиотик слободно, нема штета од него. Има некој гаден стомачен вирус, многу слушам како се жалат, и баш ми е жал што си го закачила. Имаш грчеви од цревата, не се тоа контракции сигурно. Јаглен и електролити пиј на неколку часа, исто и од нив нема штета. Сестра ми е оперирана од црева и постојано има проблем со дијареа и ми ги фали Waya пробиотикот. Исто така не е убаво ништо зелено да се јаде дур имаш проблем (во смислол спанаќ, брокула) и исто така семиња (сусам, лен, чиа и сл). Бананите се добри, двопек, луто, кисело, зачинето избегнувај исто така. Ќе помине, не се грижи, треба некој ден само да помине. Те гушкам
Во врска со мерките од ехото да ви кажам мое искуство. Цела бременост ми го водеа бебето како помалечко, кога една, кога две недели помало според последен циклус. На крај се роди многу поголемо од што го кажуваа на ехо. Така што, ич да не се плашете.
Па добро сега кај тебе било така и мило ми е што така испаднало. Ама не можеме да се расфрламе баш со такви совети "ич да не се плашите". Има жени кај кои што заостанува плодот од реални причини, намалени протоци и слично. И на докторот е обврска и должност да алармира за да се даде соодветна терапија. Многу ми се чудни коментари од типот "докторот џабе крена паника". Подобро џабе да крене паника и да ме исплаши а да се испостави дека е се во ред отколку обратно, да не алармира и подоцна да испадне проблем. Па после ќе викаме како така никој не забележа... Да се разбереме плодот се мери на ехо не го ставаат на вага па да знаат во грам колку тежи секако дека се можни отстапки ама се знае по протокол на која отстапка докторот реагира.
Лелее честитки. Јас па денеска чекам, тоа два дена поминале не проверив Живо и здраво да е. Како сте? Како помина?
Не,природно и двете.За ова сама побарав царски.Др.Петровска ке ме породи.Немам убаво искуство од претходно со природните.