Јас со првото сум царски сега еднаш сакам природно еднаш царски а имам страв од природно. Има шанси кога дојде време и јас да барам пак царски. Дали ке може само по желба не знам.
И јас го поминав, па од толку силни болки отидов на ургентен во Систина ми дадоа спазмекс да ми се смири. Бебо беше ок. Мора и со сила бар електролити, кока кола по малце, нешто да внесуваш. Јас никогаш не сум имала ваков јак стомачен.
Ее фалаа. Добри сме, за мене операцијата мина најлесно во споредба со инекциите и станувањето. Ти како си? Не му се излегува на малото?
Девојки овие ли се тие гаќи за една употреба за во болница? Не знам дали ќе дозволат на ГАК, ама јас и така бев у шопинг за козметика за бебе па во ДМ ги начекав 309,00 денари.
И јас вакви си земав, ваљда ќе ги дозволат, па и немаме друг избор, се утепав барајќи. Туку, овие 2-3 дена по неколку пати во денот осеќам менструални болки по пар минути. Осеќам и болки позади во половината, околу бубрезите. Осеќам мноооогу јак притисок во долниот преден дел на карлицата, околу срамната коска. Вечерва особено, при секое менување на позата додека спиев, имав појаки менструални болки. Вчера влегов во 38ма. Можам да очекувам порано да ме фати за пораѓај? Или само си се спремаат матката и карлицата?
Незнам дали да паничам или е нормално.. 34+ од вчера па еве и сабајлево осеќам како притисок како болка долу на срамнава коска кај вагинава, само кога ќе станам од кревет бидејќи лежам цело време, додека лежам не осеќам ништо. Што значи ова..? И малку подзголемен исцедок ама проѕирно без мирис без ништо така, си имам цела бременост скоро па и дека ставам уррогестан ама овие денови некако какко повеќе да имам.. 300паники ме фаќаат
Здраво, без паники. Јас тие болки од 30 недела ги имав, мислев срамната коска ќе ми се откачи. Тежи бебчо и прави притисок. Полна 39 недела сум и таа си е болката, и ќе се придвижува и накај препоните. Исцедокот доколку не мириса е нормален и ќе зачестува.
Дали некоја има одено на преглед во Санте Плус, гледам имаат отворени денови за трудници прв преглед бесплатен (не знам дали уште важи ова). Сакам да се расшрашам за пораѓај(иако имам уште долг пат до таму) па ако имате некои информации споделете.
И јас имав претходно и порано исчезнаа, еве сега пак се појавија и како се ближи времето знаеш паника одма, плус дека со серклаж сум 300филмови си праам.. не мириса безбојно си е си викам да не течи плодова, ваму си викам подврзана сум како оди тоа незнам.
Јас познавам сестра што работи во Санте. Ми рече подобро на улица да се породиш отколку тука. Немале доктори, сестри пораѓале, немале основна опрема, се на се катастрофа било. Знам дека е најевтина солуција од останативе приватни клиники, ама немој да испадне 'сиромавиот дупло плаќа.' Исто пред година ипол, другарка ми рече дека докторот бил толку поспан и не знаел кај тера што пола бебе и искочило само дур се свести. Сум се наслушала вакви мал милион приказни и иако и ја на почетокот се двоумев за таму, од коа ми кажа сестрата нема шанси.
Аи леле со такви муабети подобро на улица него таму втф? Имаш искуство или на рекла казала така велиш? Јас пак ако пак раѓам, раѓам само таму. Презадоволна бев. И не ме породи сестра туку Елма и акушерката Силвана која има златни раце. Има и многу тазе искуства на форумов сите беа задоволни ко што прочитав.. Иди си на преглед и сама одлучи си
Пишав во самиот одговор од каде ми се информациите. Не донесувам заклучоци од рекла-казала. И за ГАК има милион лоши искуства, па јас одам таму и сум си презадоволна од докторот и персоналот. Жената праша, а секоја од нас може да одговори и да сподели свое или искуство од некој близок. Она секако не мора да ме послуша и може да си оди и лично да си увиди дали и се допаѓа. Јас лично не би одела.
Ти не би таму, јас не би на Гак за жива глава и така.. Сите си имаме различни искуства но чисто сумњам дека сестра вработена таму ти кажала така. Сестри пораѓале бе Нејсе, тука има трудници да не ги плашиме. Во Санте имав пораѓај од 3 мин Ни шиена ни сечена ништо, ниту напон( само 1 напон беше ) ни болка осетив благодарение на лајт спиналот. Изглегов за неполни 24часа по мое барање. Додека во Чаир ги имав најголемите врски и пак не поминав баш добро. Пораѓајот да иако природно родив дете 4400, а негата после да не зборам..
Ги имам и јас истите болки. Имав и порано па ги снема памповторбо се јавиа сега и тоа појаки. Одкучив да не се јавувам на лекар затоа што првио пат прашав ми рекоаа дека е нормално од што тежи плодот. Сега претпоставувам дека е уште потежок и повеќе ми лежи на лева страна и таму нантаа стана ми се поголеми болките на лев препон... кога ќе се раздвижам и кога ќе заземам позиција не боли, само при станување и вртење у кревет.
Со иста ситуација сме значи се надевам нема простор за паники, кај мене е на десната страна повеќе таму и е главчето па повеќе ме притиска. Исто и јас при станување, кога се вртам не толку многу, а и многу сум залегната од 25та лежам така да препишувам и на тоа си викам. Па потежок е плодот ко што викаш, ајде ќе биде во ред дај Боже.