Ќе ја тагнам @Luna91 она мислам имаше пишувано за ковид во трет триместар и дека се породи позитивна.
Да сега ѕирнав. Ќе се распрашам за во Санте сепак, овие цени се премногу за мене, или Чаир не ми бега. Во Чаир или ГАК има шанси за епидурал?
Јас мислам дека уште трае промоцијата од 500 € со епидурална и јас планирам во Санте ама има време здравје само.
Исто и јас вака од 38ма. Ама еве утре правам 40та недела , сеуште нема ништо. Лажни се тие болки, јас ги имав 3-4 часа, па ќе престанат ќе ги нема 2 дена, па пак ќе се вратеа и така... А за притисокот баш убаво го опиша, еве до денеска уште такви болки имам, ама само при вртење кога лежам и кога станувам / седнувам.
Девојчиња ви благодарам на сите за советите, денес сум веќе подобро се надевам и на тоа ќе остане. Навистина лош стомачен вирус. Вчера на контрола добро пројдов, бебче е добро. Докторката рече по постелката се познавало дека сум примала клексани, ама дека си е добро. Не сватив баш. Инаку како што пишував и јас цело време сум со исцедок, цело време сум мокра во гаќите што од потење што од исцедок. Осеќам и јас зголемен исцедок, течен како проѕирен и млечен го сеќавам кога тече. Дури вчера го осетив и ги соблеков гаќите за бањање и на плочките гледам 4 капки, паметот ми оди и мене накај плодовата вода да не тече. А, и ја прашав докторката ми рече си има доволно плодова вода. Оставив уринокултура и чекам резултати, брисеви не ми земаа некако не бев опуштена ич од вирусот. Прашав дали може некои вагиналетки да ставам ми рече без проблем кои сакам кои ми одговараат на џепарлакот. Земав Пробаланс Лејди само тие ги имаше во аптека, ги има некоја користено?
За ГАК не знам, за Чаир другарка се пораѓаше пред два месеци се распрашуваше. Ептен тешко за епидурална и рекоа, мислам дека се мањак анестезиолози, ептен со врски ако се договори. Воопшто не е во ред ваквиот пристап според мене како може да не е на извор на родилката за епидурална, сма нажалост тоа е. Распрашај се за секој случај ова беше пред два месеца може нешто се сменило во меѓувреме.
Јас сум била на тој бесплатен преглед и супер беше, се ми кажа др. Елма и ми објасни за бебето. Одличен доктор е Елма, исто така и др. Синан. Породена сум пред 5 недели и добив одличен пораѓај, услуга, комуникација со сестри и најбитно од се цело време бев прегледувана од доктори како зараснува раната. Презадоволна сум, да останам пак трудна пак би се пораѓала во Санте плус.
мило ми е што си подобро. се работи за навистина лош стомачен вирус, јас не памтам вака да ме има фатено. 5тиот,6 тиот ден и јас испаничив и отидов на ехо да видам дали е се во ред... те читам и сфаќам дека сите сме на исти маки.. јас сум цело време со безбоен исцедок 10 пати направив уринокултура нема ништо, брисеви чисти не знам едно време ми одеше памет да не е плодова вода, ама на секој преглед ми викаат има доволно плодова вода инаку јас ставам повремено вагисан вагиналетки на природна база, не знам мојава докторка ептен тие ги фали
Имам пријателка вчера се породи, хаос било со ковидов. Кревети слабо, она со царски цела ноќ во шок соба ја преспала. Некако се хаотично па немам поима. И од финансиски причини, може и највеќе ради тоа. Имам супер тим ама не знам некако сакам убаво да се одморам да отспијам веќе сум уморна