Леле значи и јас исто, ко помочана. Цело време менувам гаќи, и истите филмови си ги праам, да не е плодова вода, значи исти сме сите хахах. А повремено иам и таков млечно бел, ама редок, без мирис и чешање. Не знам ни самата колку уринокултури и брисеви иам направено. За Вагисан и мене ми ги препорачаа, и јас ќе си земам.
Многу ми е мило што имаш позитивно искуство, и јас закажав кај др Елма. Дали во цената е вклучено еднокреветна соба или тоа се доплаќа и дали имаше некои допопнителни скриени трошоци? Јас ќе одам на прегледот и најверојатно ќе се одлучам за таму, иако сеуште ми е многу рано. Јас по природа воопшто не можам да трпам болка, па многу ми е важна епидуралната анестезија. Затоа уште сега паничам и почнав да размислувам за пораѓајот.
Сите се сместени сами во соба во која имаш сопствено ВЦ, се тоа ти е вклучено во цената и немаш контакт со други родилки. Постојано си имаш надзор од сестри и доктори, постојано се грижат да имаш се што ќе им побараш и ти е потребно. Трошоци плус имаш во зависност од тоа како ќе биде состојбата на бебето и дали ќе треба да прима нешто плус за што бараат најпрво твоја согласност. А во врска со епидуралната анестезија, јас бев без бидејќи бев отворена 5 прсти, а епидуралната се ставала до 4. Со лесно на сите.
Добро утро мами дали ви се случува да имате јаки болки во половина, јас вчера се исплашив колку ме болеше вака не ми е било со синко 14+ сум се напив дупла доза магнезиум и легнав па некако и попушти е сега долу кај јајници осеќав некој притисок по “мое мислење” ваљда бебуш е таму матична ми е на одмор па до понеделник кој ќе издржи :-/ си велам штом попушти нема место за паника но сепак не сум мирна некако...
Прво, не може да споредуваш ГАК со приватна болница. Од милион здраворазумски причини. Може, ако имаш искуство, да споредуваш Плодност-Ремедика-Систина-Санте. Еве на пример мое искуство од пред неколку години од Санте : Однос доктори-пациенти пред, за време и пост пораѓај 9/10 Нега пост пораѓај 9/10 Услови (соба, вц, удобност кревет, перница, ноќница, папучи) 9/10 Хигиена 10/10 Храна 7/10 Професионалност и љубезност на останат персонал 8/10 Нега на бебе 9/10 Достапност (за помош, прашање)10/10 Однос цена-услуга 10/10 Не ми текнува друг аспект шо е важен, одамна беше а сега уште не размислувам за пораѓај.. Во наредните 4 месеци Ако дозволува ситуацијата пак би таму. Верувам дека има и знам родилки што плаќале и по 500 евра на ГАК, посебно од внатрешноста, да им се посвети повеќе нега и внимание, ама сите се со горчливо-киселкасти искуства и став Сакам да заборавам, бар детето ми е ОК. И тоа е генерално разликата, јас имам убави спомени од цело искуство од раѓањето на моето дете, сами во соба, ако не можам да го кренам до мене телефон и барав помош од сестра, совети за доење, бањање, нега.. Тој период бевме неколку мајки и бебиња во болницата, и имавме на располагање едно чудо педијатриски и обични сестри: помош да станам, помош да седнам, ми излезе канела, ме боли овде-нормално ли е, помош да се туширам, ми падна далечинскиот, може ли пластична чаша и уште една перница, смеам ли чоколадо пост пораѓај.. И такви насмеани, позитивни, ако си расположен за муабет и ќе останат 10тина минути, ако гледаат дека не си разговорлив прашуваат дали треба нешто и те оставаат. Мене ми беше топ 5 дена кај нив. Ако маркетиншки се стремат кон топла и семејна атмосфера во болницата-според мене постигнале.
Можеби глупаво прашање, но дали може во прв триместар да се поправаат заби со анстезија? Дали анестазијата ќе има некое влијание врз плодот и неговиот развој Во понеделник сум на преглед ќе си прашам, но ако не е проблем барем да си фанам термин за наредната недела.
Јас колку што знам не се препорачува, исто имав проблеми со забите во 12-13та недела и ставав само лек за ублажување на болките, докторот не се нафаќаше ни да вади ни да прави со анестезија, исто и матич.гинек ми рече ако можам да почекам
Од страв не ги направив на време кога имав малку кариес само, па сега почнаа да ми крварат непцата и постојано имам крв во устата, претпоставувам дека веќе се расипале доста.
непцата знаат да крварат во бременост, не верувам дека е од кариесот. инаку мислам дека во рана бременост не се препорачува анестезија, ама колку што ја прашав мојата забарка ми рече во второ тромесечие не е проблем. како и да е јас одам цело време на забар. не смеам само снимки да правам, а и искрено ги правев без анестезија. сепак мислам дека можеш да посетиш забар и да го известиш дека си бремена
Јас вадев осмица во 24 недела и забарот ми потенцираше дека до 12та недела не е препорачливо анестезија и тој не би ризикувал...
Нормално е повеќе крварење на непцата во бременост. Внесувај повеќе Ц витамин, а стоматологот ми предложи да мачкам и бебешки Gengigel.
Абре што ми се собравте сите за Санте?! Гајле ми е мене искрено, кој кај сака нека оди. Во ниту еден момент не споредив ГАК со Санте, не знам како тоа го заклучи. Јас само си кажав какво е моето искуство со ГАК. Приватна и државна болница секако не се споредува ни у лудило, хигиената и апаратурата што ја имаат во приватниве болници е смешна да се спореди со таа на ГАК или со таа у Чаир. Јас пак ќе кажам, немам искуство ЛИЧНО со Санте, само пренесов мислење на сестра што работи таму, којашто самата има породено незз колку жени у недостаток на доктор, а докторката Елма сигурна сум дека е супер како што велите сите, но јас ниту ја спомнав, а уште помалку ја искритикував. Прв пат слушам за неа, а секако една докторка не ја праи цела клиника. Познавам многу луѓе со лошо искуство во Санте, сега ги слушнав и вашите добри. Секако мислењата се поделени, на жената останува да си пресуди самата. Јас ГАК ни најмалку не го величам, само сум си презадоволна од мојот доктор, и за односот и за стручноста и не би го менувала за 1000 фенси доктори од сите други фенси клиники. Да иде и он у Санте да работи и ја ќе одам по него како попче. Јас не бирам клиника бирам доктор.
ептен се сложувам со тебе за ова јас не бирам клиника бирам доктор. искрено мојата сегашна докторка која ми ја води бременоста ја запознав најслучајно на свет кога завршив на дежурен во екот на короната во систина. после толку лутање по доктори конечно најдов во еден доктор се што ми треба, искрено мене сите околу ми мрчат зашто сум ја водела бременоста на приватно, но ако реши мојата докторка да се врати и на ГАК ќе се префрлам таму. сепак сфатив дека се е индивидуално околу тоа кој што очекува од докторот и клиниката затоа е најубаво секој сам да си донесе одлука
Не знам од која причина ама осетливи се кога се каже нешто негативно за приватна болница. Таму не работат луѓе туку магионичари, не се прават грешки се е супер.
Знаете што значи ова? Ништо не ми објасни докторката на Гак, веќе беше премината на следната пациентка. Спојлер: Слики
Ко ќе си го најдеш човекот на кој што му веруваш апсолутно е небитно кај работи. Мојот доктор кога беше на одмор и ми се јави проблем со кандидата, целата бев во паника од што другите не знаеа да ми го решат проблемот, само ми менуваа вагиналети. Кога се врати, само што го видов, ми дојде мир во душава повторно. На крајот на денот само и тоа е битно, мајката да се чувствува безбедна и да му верува на гинеколот што го избрала. Тофоски тезга да отвори на пазар да прегледува пак кај него ќе идам, бидејќи до толку му верувам. А другите што си зборат, ич да не ти е гајле душо. Кај што сакаш, таму ќе си одиш. Ти си секако најбитна.
Јас во првата бременост имав стоматолошка интервенција со анестезија но за бремени се користи безадреналинска анестезија, како што се користи за срцево болни лица. Да напоменам во прв триместар беше исто, немаше никаков проблем