Ништо не ми објасни.. дали е добро тоа -17 или не. Инаку на темата вагинален преглед, после серклажот докторот што ми го правеше ме прегледуваше вагинално што се вика на секои 10дена се беше вп ред, т.е се до 30та недела кога бев на редовен преглед, и рече отсега натаму правиме само ехо, бидејќи поголеми недели поголеми провокации може да направиме, јас повеќе нема да те прегледувам така и му верувам, одбив заради тоа.
Велат дека утрогестанот доколку се аплицира вагинално, има подобро дејство. Јас секој пат вагинално го користев.
Смотано прашање, ама зошто ви се мрежести гаќи? јас пред минатиот пораѓај купив од бебехоум три пара, така беа пакувани, како хартиени, и не ги употребив-не видов потреба?! Вие кога и за која цел ги користите?
Консултирај се со докторот сепак. А и еве некоја друга членка нека каже. Мене до сега, ивф докторот секогаш ми ги препишувал вагинално.
Mi kaza doktorot ako sakam oralno ako sakam vaginalno moja odluka. Sega od koga se napiv magnezium i utrogestan koga lezam ne me bole ama koga stanam pocne po malku da bole. Nz sto ke da e
Абе не го мисли толку и не се стресирај. До 12 недела и ја го ставав утрогестанот вагинално. Разликата помеѓу вагиналното и оралното е тоа што при вагинално аплицирање утрогестанот дејствува баш онаму каде што треба - на ѕидот на матката, а при орално внесување делува на цел организам. Затоа е подобро вагинално да се аплицираат, не дека дејството им е помало ако ги пиеш. Плус ако ги внесуваш орално знаат да предизвикаат поспаност, вртоглавици и сл. Подобро вагинално ставај си ги и дај смени го тој гинеколог жити се. Јас имав исти такви грчеви до 10та недела и знам милион жени што имале, не си праи паника.
Јас дома кога дојдов ги носев дека високи и не ми сметаа на раната од царски. Купив пакување со 5 и едни ми останаа. Значи 4 дена ги носев потоа обични гаќи. Не се неопходни.
Јас ги носев 1 недела. Обичните ми сметаа, од ластикот ме болеше раната. Многу се лесни и од болница ги препорачуваат за да "диши' раната. Породена сум со царски.
Не си прави стресови, знам еден куп трудници што имале/имаат болки, користат утрогедтан и без проблем тераат, некои го користат и до крај на бременоста. Инаку и јас мислам дека е подобро да го ставаш вагинално, консултирај се само дали еднаш или два пати на ден. Другарка имаше поголеми болки и првите неколку недели ставаше по два пати па и намалија по еднаш. И стварно можеш да си размислиш си за смена на гинеколог. Имај само позитивни мисли, лесна бременост ти посакувам
Мене ми имаат кажано на преглед дека од 10 до 24 е нормално. Под 10 е веќе намалена, така да мислам дека супер е кај тебе.
Јас истото ја прашував докторката , доколку нема минати бремености што завршиле лошо нема да и дадат и ако е сместено во матка,мене ми се смееше докторката само ми кажа да уживам и дека се ќе биде во ред , јас до 9 недела си легав само од таа мисла и само тоа може и да прави членката доколку не чита и секако пренатални требале да и дадат.
Ај да ве прашам мислење за др. Џикова од ГАК? Кај неа треба да идам на втор скрининг, а прв пат ја слушам. Некоја од вас дали можеби има искуство со докторкава?
Не му било тоа специјалност ми рече, не сум суетен, подобро е кај некој што му е тоа специјалност да те пратам. - тоа ми рече. Јас му верувам целосно секако, и подраго ќе ми беше кај него да сум, ама тоа е. Ваљда знае кај кој ме праќа
Чудно ми е он да не ги прави скрининг. Он е повеќе за инсеминации и инвитра тоа знам. Тие се сите стручни и си ја знаат работата. Само што јас имам голема замерка за постарава гарнитура на Гак. Ако не си нивен или преку врски кој те шиша. Затоа од помладиве сум презадоволна. Само оваа што ја читам тука Ива Пенева е тотална утка.
Да, да, он ми ја правеше инсеминацијата и он ме води, и преку врски сум секако, бидејќи нема шанси да стигнеш до него. Вака он е мн приземен, не е воопшто арогантен, баш е супер, ама иди па стигни до него. А таа Ива прв пат ја слушам Да не сум преку луѓе, незз ни дали би ме погледнале. Едино Роса Спасова ја запознав он дур беше на одмор и супер ми делуваше жената. Чим викаш супер е Џикова, ќе ти верувам, глеам ги разбираш докториве. Само уште да смирам нерви пред скрининг, тоа никако не ми иде
Уште матични броеви не им знам Само двајца незнаев ама сега кога се пораѓав ги запознав доаѓаа кај цимерката и ми оставија многу добар впечаток. Јовчевски и Даниела чисто за инфо нека стои Посебно Јовчевски. Џикова ми ја правеше амниоцитезата успат и ме гледаше. За пред скрининг незнам да те утешам бидејки јас бев данбетер.