Мене ми е цервиксот отврен.Спомнаа сирклаж ама за прва бременост не препорачуваат. Претежно лежам,добрастон по два на ден и прогестерон секој трет. Некој вакво искуство?
Тоа е друго веќе....јас, исто како вирго25, имав затворен цервикс и никакви други проблеми освен болки во препоните заради ниско поставеното бебе... Мене, во првата бременост, пред прегледот, се спремаа да ми прават серклаж. Испадна нема потреба, ама сепак се спремаа, значи може. Кое објаснување ти го дадоа тебе галапче?
Па пошто лежев и во болница а таму беа тројца лекари.Само едниот спомна.А матичниот и другиот рекоа дека не препорачуваат за прва бременост. Отворен е цело време и крварев извесен период ама чат пат.Само еднаш ептен интензивно.А тоа е од полипот што го имам.Проблем плус. Велат отврен е ама добро е што е 5 см. Мислев дека на 12та недела ако не ти направат не прават ама со една женичка со која заедно лежевме во боница се слушнавме и ставиле а таа е вече 7 ми месец.
ГАК? Ти напишав,матичниот и едниот кај штто лежев рекоа не.Друѓиот рече ке следиме. Бев и систина ај Димчев,не ни спомна такво нешто.Само рече да продолжам со терапијата и да одам на скрининг на 29 та. Инаку сум 17 + 2 Мислев виде долу под мислењето затоа не напишав
Може и во вода обична ама за да ти оди подобро и да не ти се пробај со сок од портокал или лимон.Мене така ми препорача докторот и така ги пијам.Ми рече една недела два пати на ден ама неможам.И онака имам проблем со толица уште ова ми фали.Во упатство пишува на гладно или за време на оброк.Јас насабајлечки на кај 5 кога станувам за во веце тогаш ги пијам.
За одмарање тоа е . Чудно ми е што мене докторот не ми одреди строго лежење освен појасот кој не ми помага многу, се ми се чини откако го носам полошо ми е , Сега сум 22 г.н. имам уште многу до крај ме интересира дали може да се влоши ситуацијата на пример јас одам на работа ама кога сум дома одмарам а и да сакам не можам да се движам . Ме фака паника дали да одам да ме види доктор или да чекам до 25 недела. Нормално ли е ова, страв ми е да не дојде до влошување ако има некој слично искуство ве молам споделете. Многу се плашам да не дојде до контракции посебно што сум со ин витро... се ме плаши , има ли Шанси да се смири болката и да се крене бебето спонтано, а инаку бебето ми е ептен подвижно постојано мрда тоа е добар знак или???
Дали сте имале проблем со земање упат за крвна слика од матичен гинеколог? Јас сум 31 недела и до сега без проблем зимав упат секој месец, но од овој месец наводно имало измени и матичниот гинеколог не ми дава упат...
Немало таков проблем, но доколку донеле некои измени земи си упат од матичниот општ лекар и одма ќе си завршиш работа. Мојот општ матичен лекар е во Поликлиника Јане Сандански, кај бараките карши Пензиски Фонд.Тука секој вторник и четврток доаѓаат Авицена, на товар на Фондот. Ми земаат крв испитуваат крв и мокрача, седиментација се што ти треба и резултати уште истиот ден или евентуално за 2 дена.
Јас негде од 14 до кај 18 недела имав таква страшна главоболка,буквално ми се повраќаше од болка и ме тресеше. Јас се консултирав со матичната и ми рече дека можам да се напијам аналгин. Доволно ми беше да се напијам само пола аналгин во комбинација со бекодсин да ми помине главата.
уф женски одсабајле кога станав осетив такво пецкање во грло и гребење , ми се воспалиле крајниците, ги осекам, не можам да голтам, и плунката не можам да си ја голтам, а сега почна и треска да ме тресе, ке ме фака вирусот, уф, се ми е ладно, во собата незнам колку е топло, маж ми и синчето се потат, а мене ми ладно и под кебе седам,,цел ден пиев чај, цеден лимон, парацетамол се напив 2 пати, тоа сакав и да прашам има ли мерка, дозвола, колку смееме да испиеме парацетамол во тек на ден, знам се пие на 6 саата, ама да не е штетно, што сме бремени па по еден?сега ми кажаа ке пијам пак чај, со мед ке ставам и маргарин, тоа помагало за грлото, некој совет од вас женски
Можело максимум до 8г на ден, ова ми го кажа другар гинеколог, па сега прерачунај колку се тоа апчиња вкупно Слободно напиј се штом му помине дејството, а имаш потреба од него.
Mekuska, toplo ti preporacuvam da go probas ova, mene mi bese isto ko i na tebe, ama blagodarenie na lekov,koj go napraviv i bez veruvanje deka ke pomogne, sepak e cudo i mi pomogna, na site vi go preporacuvam! dovolno e taa gargara so sam edna goltka da ja napravite i bolkata isceznuva vednas!! http://uspesnazena.com/alternativna...lu-grla-anginu-za-jedan-dan-prirodno-lecenje/
Женски, во петокот бев на скринингот (22 недела), се беше супер, малиот си напредува добро, цистата што ја имаше на главчето се изгубила. Фала богу се си беше во ред. Ме интересира, докторката не ми спомна ништо, ама кога плаќав сестрата ми даде упут за д-имери и фактори на хемостаза, и за хепатит б,ц и хив (по ново било задолжително секоја трудница да ги има овие испитувања). Вие добивте ли вакви упути, задолжителни ли се... ми се смачи од игли, од вадење крв, на две недели правам крвна слика ради низок хемоглобин, сега уште овие ми фалат, друго што ли ќе им истекне
Д-димери и фактори на хемостаза обавезно се проверуваат... Ако има потреба и некакви индикации се прават со секоја крвна слика... А хив, хепатит б и ц се таканаречен инфективен скрининг кој што еднаш се прави пред породување.