Стави си тенко перниче или било што, под стомакот. Јас спијам на страна со перниче (бебешко, купено за бебуш, хаха, ама таман ми одговара само колку да биде потпрен, а не подигнат), исто така мало перниче ставам позади грб за да ме држи во место, обавезно голема перница меѓу нозе, и едно мало си гушкам зошто знае раката да ми се утрнува, па ја потпирам така. И замисли, по 10ина пати во текот на ноќта менувам од лева на десна и обратно, и само ги префрлам јастуците.
Многу се исплашив, до сега ваков не сум имала исцедок. Некако како накај кафеаво ме маваше или темно жолто што знам, па цел ноќ главата ме растури од болки. Од сабајле имам таков проѕирен, ќе видам во текот ма денот. Да се нема мира. Фала ви девојки, без вас незнам за кај сум...искрено.
Земи си перница за трудници. Мене исто така ми беше и само таа перница ме спаси. Must have за секоја трудница дефинитивно
Сфаќам дека си загрижена, ама врска нема од кафеаво ова. Јас имав кафрав исцедок во 12та па во 15та недела, и беше заради воспаление на вагината, предизвикано од кандида. Што значи дури и да имаш кафеавко не е секогаш најлошото, има 300 причини поради кои може да се случи. И ја исто отидов одма испаничена кај Тофоски и му викам иам кафеаво и ми изреагира: Добро де, и?! Немаш крварење ми вика. Сеа ќе те погледам, ќе видиш дека не е страшно. Ама те молам смири се, 27ма недела си, не си 6та па волку да паничиш. Се' се решава, има предобри доктори сега, и друг пат ако имаш вакво да знаеш дека е од вагиналетите. Само смирено, мисли кој стрес му го праиш на бебуш.
Те разбирам за ногата и мене ми се кочи десната нога при подолго пешачење или па ако се залежам, за тоа мислам нема чаре, си тежи бебушот на таа страна и притиска некој нерв. Значи цела нога од задникот до палецот мислам осеќам како да не е моја ногата, не е баш болка ама така некое чувство како затегање. Магнезиум обавезно, мада и покрај магнезиумот навечер во спиење имам грчеви. Перници за спиењето да ти е поудобно. Да ти го потпира и стомакот и половината. Ако немаш перница за трудници (мене тоа ми помогна доста) намести една меѓу нозете, уште една под стомакот и една/две на половината како потпора.
Eeee bash taka ubavo opisa isto kako da ne e moja noga nekoja tqpa bolka odvratna poise iritira nego sto boli ama e odvratno. Kje probam dusicke fala ti
Софи ти кажале веќе дека е вагиналетата. Јас сакам добро намерно да ти кажам сериозно да пробаш да бидиш посмирена. Верувај толку стрес не е добро за бебе. Биди смирена и опуштена. Јас да почнам да набројувам што доживеав во бременоста, смртни случаи во фамилија, болки за предвремено породување,домашните сите болни од ковид,лежење во болница и лежење дома 24часа... Но морав да мислам на бебето и да бидам смирена. Пушти си музика,гледај филмови,шетај. Да ти се мислите на друго место. Остај ги настрана претходните проблеми,27ма недела, повеќе од пола си на пат да го земеш во раце бебето. Да си уживаш малце во бременоста
Девојки, ви се случувало под газот мускулите да ве болат? Сеа вака непријатно можеби е ама овие три дена кога ќе седнам на вц шоља, како да ми се дроби месото под газот (делот од нозете мускули). 34+6 сум. Пијам магнезиум, гледам да не се шетам многу мирувам..
и јас имав болки неможев да станам.почни да се движиш само тоа е спас..знам дека си со серклаж ако не се лажам,ама по малку не е на аодмет башка си веќе во сигурна зона во 9 ти месец....
јас по сите совети овде што ги добив нарачав денес перница. имам една ама кратка сеа од тие големите нарачав.чекам деновиве да стигне па ќе видиме
Ајде па да кажеш дали вреди да се купува. Уште не сум порачала јас, некако ни се стесни по дома, со сите беби гаџети, играчки и сл. низ дома, се мислам кај ќе ја чувам за дечко мал да не ја влечка низ дома дење Ако ептен вреди ќе ѝ барам место
Мамички ние толку издржавме, 34+4 .. дојде на свет мојата принцеза, дај боже да е се во ред па да и се радувам повеќе.
Ќе биде во ред како нема да биде. Ти посакувам брзо закрепнување и побрзо да си се гушкате со куклата. Гушки до нестрпливата принцезичка
Ќе биде мама, ќе биде здрава, жива и гордост на мама и тато! Со лесно и многуууу гушки до принцезата!
Ќе биде мила и тоа како, воопшто и не се сомневај таа е борец. Честитки големи, ве гушкам и побргу да закрепнете и двете.