И јас имам користено со што ги одработував после но не знаат дека сум бремена. Затоа прашував сабајле за приска дали е со термини, да ги закажам сите прегледи во 12та заедно во еден ден, па да извадам боледување за тој ден, бидејќи ќе треба неколку пати неделава да се ослободувам што не знам дали и ќе ми дозволат толку често да излегувам.
Попаметно ти е боледување да си земиш, сепак малтретирање е да одиш да испитуваш па да се враќаш да одработиш.. Јас би зела, сепак не ти се мешам во математиките како мислиш ти дека е најпаметно
Незнам навистина..:/ Да одговори некоја што е повеќе информирана од нас.. Најубаво да прашаш претпоставен
Мене у 33та со болки кога бев ме ставија прв пат на цтг. Еве денес 35та почнав, па др рече за две недели пак. Ќе ти каже матичниот кога што и како. Фала ти за убавите зборови❤
мерките за бремените жени сеуште важат и истите важат и за приватниот сектор. искрено не знам каква ти е фирмата ама подобро е да ги користиш мерките бидејќи е 100 посто од плата , а патолошка е 70% ... јас конкретно не ни прашав да користам мерки бидејќи си ја знам политиката.. користев боледување 2 недели на почетокот кога имав хематом. од друга страна искачам често од работа за контроли, лабараторија и сл. никогаш не ми прават проблеми, а и во канцеларијс сите прележаа корона и веќе се вакцинираа така да се осеќам побезбедно.
Чисто се соменвам дека ќе ме ослободат за прегледи ако им кажам дека сум бремена, сега се сетив дека кога бев на вакцина бидејќи се вакцинирав во Србија а превоз имав во работен ден, не ми дадоа слободен туку 8 часа си одработив за викенд.
Уште месец ипол морам да почекам, да ми го продолжат договорот, да не испадне случајно дека немаат потреба веќе од мене.
Јас незз колку пати искочив од работа заради прегледи и анализи, еве и утре треба да искочам за на скрининг, ама за среќа имам прекрасни директор и директорка и никогаш не ми направиле проблем и никогаш ништо не сум одработувала. Ако треба ќе останам и екстра колку што ќе има потреба, од шо се толку човечни и во ред луѓето. Коа и да кажам одма ми викаат ајде глеј си детето, тоа е најважно. Тоа е мојот случај, другите незз дали се толку среќни да имаат такви директори. Да бев у претходната фирма сигурно ќе одработував и маста ќе ми искочеше. Инаку у приватна фирма работам.
Дента кога се породив, бев на преглед и бев отворена 3 прсти без да ми падне мукозниот чеп. Последните 2 недели одев на преглед онолку пати колку што докторката сметаше дека е потребно. Ми правеа само цтг без вагинален преглед.
види по правило треба да сме ослободени од работа. инаку јас неам толку добро мислење за моите шефови, ама од друга страна не можам да се пожалам никогаш ништо не ми рекле, а искачам често , кога беше топло минатиот месец ме ослободија без проблем. на почетокот кога повраќав ме праќаа дома да си одам, не ми даваат да мрднам не дај боже да кренам нешто или слично сите колеги ме пазат во секој поглед така да искрено не можам да се пожалам
Ќе се распрашам да видам како ќе биди,башка и со патолошка мора секој месец ново конзелијарно мислење да се вади малце повеќе малтретирање е
Да, да и јас бев од дома коа беше топлотниот бран, а сега сите сме ради бројкиве. И да им побарав ради ковидов да ме ослободат, немаше да биде проблем. И така и треба да биде во сите фирми, ама на жалост свесни сме каде живееме и чисто се сомневам дека трудниците што работат во КАМ, Тинекс или некој друг маркет или фабрика се ослободени и имаат можност да работат од дома. А претходно работев во училиште и секој испуштен час морав да го одработувам без разлика дали сум била болна или сум имала нешто не дај боже. Кај нас се се сведува на човечноста на работодавачот, за жал пак ќе кажам.
Трета бременост ми е со претходните 2 не забележав паѓање на мукозен чеп,со првата ми прсна водењакот,со втората ме задржаа точно на термин бидејќи имав некои контракции ,а и дека втора бременост раѓав со провокација. За цтг мислам дека многу на брзо одиш. Јас сум 35+6 дена и првото цтг ми е закажано во 38+3. Бев во 34+3 на болница ,но ме виде докторката само на ехо и така ме закажа за на цтг,шо мене му се виде пак многу касно,во споредба со другите 2 кога прво цтг ми било во 36та недела.
Да се надоврзам на темава со работа и пандемија, мене фино поштено ми кажаа или доаѓај на работа или седи дома со боледување секако јас одлучив да одам се додека можам и бебко ми дозвува ама имам прекрасни колеги што многу ама многу ми помагаат а за ослободување само се најавам и секако не враќам саат па фали и тоа и ќе отерам се у ПМ инаку во приватна фирма сум за жал...
Точно знаев дека ке ме цитираш ти пошто знам колку нејкеш царски Не ,првиот пат мн грозно минав.До трансфузија на крв стигнав пошто ме оставиа со заборавен дел од постелката.И не ме погледнаа цели 5-6 часа во соба иако крварев како луда.Ама несакам тука во детали да влегувам ,читаат мн идни родилки Болките не се проблем туку анскиозноста,стравот кој знае да ме парализира тотално и да не соработувам.Веќе е донесена одлуката заедно со Петровска .Се надевам на убав исход и за мене и за бебето