Мешиња јас и дечково успешно поминавме втор скрининг. Се е уредно со него, само што ми кажа докторката дека ниско го носам и поише да одмарам со кренати нозе и перниче под газ. Неќела да дава терапија, демек не било за терапија, само магнезиум. И за 3 недели треба пак на контрола да одам. Нели ја одма се извадив од памет и почнав да си праам филмови дека ќе се породам предвреме, па за да не си праам бајрам на паметот дали некоја има слично искуство? Дали го носи некоја ниско бебушот? И каква е таа терапија шо ја даваат обично? Инаку ме гледаше Адела Стефанија на ГАК. У мисла сум дали да одам на второ мислење, али знам дека кај Димчев нема за брзо да најдам термин, а ја сум 22+ 2. Што мислите, некој совет?
torch нема поврзаност со скринингот.И не се прави по индикација.Тоа е тест за вируси(Цитомегало вирус,токсопламоза,herpes virus и сл.Мене не ми го наплатиа на државно го правев.Преку земање крв од вена.
Да, да сега се сетив дека беше тоа за сифилис хив и сл мене ми отиде паметот на нифти. Ама ако го има правено тој и нема менувано партнери и она и сопругот повторно не мора да го прави...
Ако доктор ти кажал дека нема потреба за терапија значи нема Повеќе одмор и ќе се следи плодот дали ќе се поткрене на следните контроли. Обично како расте матката така и бебуш се поткрева, и ти ќе правиш стимул со лежење на перница под газ. Тука не има различни, на пример и јас исто ниско го носам но бебуш со главата удира на цервиксот ( и истиот е поцентрализиран отколку што треба да биде) и имам доста потешкотии дури и со обично одење. Терапијата што се дава е утрогестан, магнезиум и лежење, во мојот случај лежење на страна. Но пак ќе кажам препишано од доктор. Затоа слушај доктор, одмарај и гали си мешко. Не се оптеретувај со црни мисли се додека доктор не ти каже поинаку
Софи јас правев после спонтаниот, сега кога останав бремена матичната ме тераше пак да правам во 12-13 недела сега демек по ново морале да ги праќаат трудниците. искрено јас бев против ама она инсистираше. резултатите ми беа идентични како лани. искрено според мене немаш потреба никаква да го правиш особено не сега
Здраво, 14+3 недели сум,овие 3 дена секој ден имам боцкање на десната страна, како пулсирање по неколку секунди, неколку пати на ден. Дали е нормално,многу се секирам а несакам да одам на контрола бидејки пред 1 недела бев .
Јас синко толку многу ниско го носев што во 8ми се отворив 4 прста и строго ама строго мирување.. само мирувај со крената карлица и утрогестан и магнезиум тоа е чарето
Да нормално е се шириш магнезиум и одмарај колку можеш јас сум тука некаде со тебе 15+ и уште имам понекогаш боцкање. Со лесно
Ставам веќе навечер утрогестан од 200мг и пијам магнезиум директ. Поише секако не ни можам да напраам. Ај да се надеваме дека ќе се поткрене.
Денес бев за контролните брисеви ама матичната малце ме загрижи... грлото на матката ми е 32-34мм и ми рече за две недели ако се крати повеќе ќе морам да седам дома.. бебко расте и веќе тераме 16 недела се е во ред ама ова ме загрижи.. читав на нет оваа недела било нормално од 40-45 мм оф да немаш мир
Јас го мерев 12та беше 27мм, после 10 дена отидов измерија 36мм Сега сум пак на контрола па ќе видиме. Одмарај повеќе до следна контрола ќе одиш на почести прегледи и ќе го следите. Сепак мислам дека некогаш и како да не го мерат добро, ете кај мене во рок од 10дена колкава разлика се појави. Без грижи, редовни контроли и ќе биде се океј
Јас онојден осеќав како боцкање во левата страна одма кај вагината под стомакот, вчера немаше денес еве пак. Како станав и осеќам на мрдање, станување се надевам дека не е ништо страшно. Магнезиум ќе пијам, па се надевам дека е од ширење на маткта. Раснат бебковци.
Ми рече затворено е (си добив преглед со рака) ама како да се крати па ја замолив на ехо да види заради работа да им најавам ќе мора да обучам некој и еднаш 32 еднаш 34 оф бе само да се нема мир...а друго се е во ред... имав еден спонтан пораѓај во 23 недела и затоа ме фаќа паника..
Здраво жени. Имам едно прашање.. 10+4 недели.. Болката во долниот дел на стомакот се намали, но денес ми се појави болка на десната страна дирекно во стомак. Болка како бодежи, притискање незнам како да ја опишам. Ама ме вознемирува искрено. Дали мислите дека е нормално.. Скоро бев на контрола се беше во ред.
Обавезно редовно следи ако треба оди и на второ мислење. Со лесно нека ни е до крај, тука сме негде јас 15та недела, прва бременост