36 недела сум некако ми остана како комплекс дека сите ми велеа воопшто не ти се познава стомакот ќе биде мало бебе јас не сакам да биде мала, сакам да биде со нормална тежина а инаку не знам дали имам контракции дека ми е прва бременост векје два дена го чуствувам напнат стомакот и ме боли кога станувам и седнувам според вас нормално е или?
јас во 36 недела влегов со 2 кила бебеа до 42 напрви 3300 грама ама посто имав циклус на 45 дена и покасно сум останала бремена затоа и бебето стално беше помало ама накрај си надополни тебе каков ти е циклусот?? а гинекологот што вели за килажата на бебето ??? да ти кажам битно е да едобро бебето тежината и не ебитна толку и моето се роди 33 недела со 1900 гр ама еве го израсна една глава е понизок од мене а има 9 години аххаха не се коси ке си качи оно на крај обтати шажње на исхраната сега
Јас веќе недела време го осеќам стомакот како се стврднува од време на време, денес малку боли, ама само стомакот без половини, што значи уште не е ништо страшно nadege, сигурна си дека тоа е килажата на бебето??? А што до 25.10??? тогаш ти е термин??? И мене тогаш ми е термин, но сега не сум 36недела Сега сум 34н4д , а бебушот денес ми го измерија околу 2400гр.
јас во 36 недела влегов со 2 кила бебеа до 42 напрви 3300 грама ама посто имав циклус на 45 дена и покасно сум останала бремена затоа и бебето стално беше помало ама накрај си надополни тебе каков ти е циклусот?? а гинекологот што вели за килажата на бебето ??? да ти кажам битно е да едобро бебето тежината и не ебитна толку и моето се роди 33 недела со 1900 гр ама еве го израсна една глава е понизок од мене а има 9 години аххаха не се коси ке си качи оно на крај обтати шажње на исхраната сега[/quote] не знам на колку дена имав циклус зашто имав нередовен само знам дека останав бремена последниот ден од циклусот. инаку геникологот ми вели дека напредува добро и дека се е ок, така да се надевам дека до крај ќе си има нормалана тежина да таа е килажата бев пред неколку дена (на 14ти) на екографија. инаку тогаш ми е термин, јас останав бремена на 19 јануари и како што рачунав сега сум точно 35 недела + 3 дена.
19ти јануари ти бил последен циклус, а бремена си останала некаде февруари, доколку ти е последен термин 25.10. , ова по мене си знам. Јас на 11.09 бев на преглед и на цело ми ги утнаа мерките со бебето, ми го направија помало стомачето, помало на килажа(само 2кг, а знам дека за неделите 34=2200кг треба да е некаде), паника ме фати ептен. Денес бев кај друг лекар, мереше и се си излезе како што треба. Кажа дека до две недели разлика толерираат.
Абе мене стомакот ми се ствднува и грбот неверојатно ме боли , посебно кај крстот и болки имам од време на време амаа инат дете бре не искача и готово... Во петок сум на контрола пак ако до тогаш не се породам, следува и секој ден ЦТГ , нешто што највеќе мрзам , колку ми е само мачно и тоа мирен да седиш а грбот боли ли боли ... ама тоа е што да се прави ајде ке издржиме уште малку.. инаку на последната контрола ѕверчево беше 3700 па очекувам тука некаде да биде и кога ке се роди, ајде нека биде жива и здрава само па ке се поправиме послем
Мешиња дали кашлањето е опасно за бебчето? Ме фатила мала настинка и се плашам по малку дан ми се налути бебчето
Луѓенца како сте? Мене денес какви болки ме фатиле не се издржуваа. За прв пат да не можам да ги додржам и правец на клиника. Одма на цтг и фала му на Бога во ред беше се. Утре закажаа проверка на дотек на крв преку папочната врвца и ултразвук и туке се надевам се ќе покаже во ред. Среќа не сум воопшто паничарка и знам дека е се во ред, некако од внатре. Докторот рече можеби само матката тренирала за да е спремна за пороѓај, ама утре точно ќе знаеме што како. Нека си поседи бебуш уште малку, да досредиме ситници па потем го чекаме. Јуник ајде да не израдуваш за скоро и да се олесниш. Чекајте рапорт утре приквечер од мене и држете ми среќа
баш ми е мило дека сега е се во ред, ајде уште малку ке се гушкате со бебенцето туку кога сме кај болките и јас сум се преплашила вечерва за миг цел стомак ми се згрчи, и неможев да се исправам, дури и почнав да плачам од страв, ама за брзо ми помина од што би можело да ми биде??? инаку денес некаде еден саат седев свиткана, лупев пиперки да не ми е од тоа??? се надевм дека нема да ми се повтори
добро утро како сме денес јас сум супер убаво си се наспав, мешето денес ми е добро не ми е напнато после три дена добра промена е така да денес се фаќаме за пеглање и чистење по дома mеу најверојатно си во право но како може да ја згрешат килажата на бебчето ? како го мерат не ми јасно.. на екографија се гледа све и големина и тежина нема место за грешка. инаку штом геникологот ни кажува дека нормално се развива и дека добро напредува мислам дека нема потреба од грижа имајте си пријатен ден мешиња
Килажата беше згрешена , зошто и мерките за мешето на бебето беа целосно промашени не ми е јасно како можеше да биде измерена толкава разлика, но тоа е. Среќа сега си знам дека е се во ред. Мене вчера цел ден стомакот ми беше тврд, напнат , мислев дека ќе експлодирам . Денес гледам подобро е. Се мислев и јас да почнам со перење ,пеглање деновиве, ама ми се сврте во глава да купам течен детергент прво, демек да не останува од овој, па во перална се да ставам да преперам. Највеќе ми е за ќебенцата, не ми се пере на рака да ги перам, вака во машина барем и центрифуга ќе поминат, па да се исушат побрзо. А каква козметика земавте за бебушите??? Јас бев упорна и многу сакав да биде Косили, останато ми е од детството , и земав, но видов во ДМ на бејбилове еден многу убав и купка и шампон во едно, прекрасно мирисаше и немаше ништо во него, ни сапун, ни хемикалии... па ми се виде добар. Здравје после мислам дека ќе одам до центар да купам нешто од таа линија.
^ Има тема за бебешка козметика, можеш да разгледаш што препорачуваат мајките со искуство : bebe/kozmetika-za-bebe-samponcinja-kupki-kremi-t968/
Меу за алиштенцата мислам дека не е лошо да ги пуштат на почеток барем алиштенцата на дупло плавење и да има нешто ќе се испере, дури и кога переш со течен тоа, сепак се работи за нежна кожа, не е исто ко со нас. За козметика, јас тврдам дека козметиката произведена кај нас или барем кај нашите соседи е таа што е вистинската за одбирање, секако чест на исклучоци, ако нема поголеми дерматолошки проблеми кај детето се разбира. А вас мајкички времево ептен ви се погоди а? Уживкајте си сега додека да дојдат бебушките на ред, после вие ке си бидете во втор план да си знаете
Да си се пофалам , сите брисеви ми се негаривни уште едно олеснување А денес сум права трудница, нема едно нешто што го фатив а да не го истурам, од чај, млеко, какао, па и пресолта на сирењето за мене АнгелОфАрт планирам и јас да ги исплавам два пати, само да видам како функционира пералната во тој поглед, да не ја суредам
Ајде Меу без мн мн потреси за истурања, дека кој за истурање, кој за покапување со меш голем сум махер. Инаку да течен детергент е подобар. Јаз зедов Ариел сензитив и не толку концентриран омекнувач за бебе ама сепак малкуцка смао да мириса, па здравје ако нема некаква реакција кога ќе се роди бебе ќе продолжам, ако има имаме Неутрал се вика тука без парфеми и сите остали хемикалии. А за машината, или има опција за дополнително плавење, која одма ќе се надоврзи на претходната избрана програма, на 40 на пр, или од кога ќе заврши машината со перење ќе мораш рачно да ја вратиш само на плавење делот. Испери си, здипли си и само чекај си бебуш. Дека ако јас до сега чекав се да средам кај ќе ми беше крајот. Полека, полека секој ден по малкуцка, па за скоро се ќе е спремно за бебуш
Не збори за покапување, тоа маж ми ми запишува јадење/пиење без да се покапам никако не ми успева да останам чиста Така и мислев да ти кажам да направам, нека си заврши до крај машинатапа рачно ќе ја свртам пак само на крајниот дел (да не види свекрва ми, ептен си ја пази оти )
Хаха и јас многу се покапувам и тоа нон стоп , нема шанси да седнам да јадам а да не се покапам, што да правам ми смета стомакот и не можам да се свивам убаво.. Јас алиштенцата ги исправ со Мерикс а омекнувач ставив Ленор од плавиот , ама ептен малку бидејќи тој многу јако мириса.. и пуштив дополнително плавење.. Во врска со козметиката јас земав Бекутан , земав шампонче, купка и млеко за тело мислам дека овие ке ми бидат потребни за почеток.. А земав и павловичева од онаа детската - розева со таа планирам да ја мачкам при промена на памперс , бидејќи пудра не сакам а и мајками ми има кажувано дека јас не сум поднесувала ништо освен павловичева.. Ете така времето си поминува се е готово и спремно И едвај чекам да се породам , иако да признаам ме фаќа малку страв, ама мислам дека во тој момент и нема да мислам на стравот ке мислам само да ја видам
Уник Чик земи си и јекодерм, за почеток ќе ти треба најмногу. Оној јекодерм од порано што се користел, на Јака мислам дека е, сега е подобрен и не мириса толку лошо, на Бекутан малку повеќе мириса на рибино масло ама се издржува. И оној прашак што личи на кари зачинот и тој ќе ти треба за папочето, е ова дефинитивно ти е се што ти треба за почеток
За прашакот некој тука спомна дека веќе не ставале од него. Само алкохол чист и папочето паѓало за некои 4 дена, дека сега поинаку ги врзувале. И јас бев во потрага по тој прашок, но не го земав, а не сум купила ни ова маста, ако има потреба ќе земем дополнително, зошто ми кажаа доколку е потребно кажувале во болница или патронажната сестра.
Па маста ти е за полесно да помине она лупењето кај децата. Мислам дека на сите деца ја препорачуваат, тоа се знае останало од памтивек. Инаку да папочето паѓа ако бебето само не си го тргне, што беше случај со внука ми. Алкохол не стававме бидејќи тоа сепак е раничка и многу ја печеше кога стававме, само одоколу пребришувавме и тоа со разреден алкохол бидејќи првиот ден по совет од лекар ставивме чист алкохол 70% и за два саати и се излушти кожичето мислам, лудница.