Ехх ти немаш гајле, во сигурен месец си Мене ме проверуваат сеуште дали држи серклажот, дали е се во ред со цервиксот итн… Само да влезам во 9ти мислам ќе славам
Нема да те примаат утре без болки евентуално ако си отворена 5, 6 прста ама тоа без болки тешко... Ќе чекаат едно недела дена да добиеш болки ( да се отвориш) па ако не иде тогаш ќе ти стават провокација да родиш. Јас се породив 7 дена после термин немав никакви болки не се ни отварав
Да еве денес цел ден го осеќам, кога мрда, кога се тегне. Туку еве денес што приметив, до сега стомакот ми беше мек дека јас си имав доста салце, а денес целиот ми е цврст, тврд и на мрдање, станување имам таква нелагодност во долниот дел од стомакот како менструално. И таман одам во вц, пак ми се мочка за кратко време. Да се лажни контракции ќе има стврднување па пуштање или? Мене така целиот ми стои цврст. Се напив пак уште еден магнезиум и тоа е ќе сум на мисла додека не отидам на доктор. Фатив и уплав дека ми тече плодова вода со водниот исцедок. Ах, едвај го чекам прегледот.
Kolku sto znam moze da Se otvori 28 Dena pred termin Kaj maticen ginekologo....no za da ja zemes prvata isplata treba prvo da Se porodis bidejki u socijalno Se nosi izvod od detetot original bolesuvanje I mislam kopija od otpusnoto Pismo
Ако си на патолошка бременост 45 дена пред термин. Ако е нормална бременост 28дена пред термин или на денот на пораѓај.
Дали многу е штетно во 13та недела ако се напијам околу пола чаша бело вино? Во недела правиме регистрација, па за наздравување да не биде со вода, малку да се напијам или да заборавам
Се што ке испиеш и изедеш оди кај бебе. Заборави на алкохол за време на бременост. Замисли како ке му е на тој од од 7 8 цм или колку беше во таа недела? Ако доиш исто така. И без алкохол ке се венчаш. И кас брев бремена кога се венчавме и капка алкохол не испив. И други свадби имав без алкохол. 2 год дојам без алкохол.
Мене гинекологот ми рече дека до една чашка не е штетно, ама јас секако не сум се напила ни голтка од шо ми е шубе. Ама мислам дека ако се напиеш 3/4 голтки при наздравување, не е ништо страшно. У принцип тие што на нишо не пазат, боље си проаѓаат по Марфи, а ние шо се тресеме на све, само нешто ни е
Се што не е претерано не е штетно. Ништо нема да биде ни неа ни бебе од пола или една чаша вино, али секој си знае за себе
И јас со првото пиев скоро секоја вечер зимото по една чаша греано вино, сега не бев толку лабава ама сепак за пола чаша не ми било фрка
Вино не сум пиела, ама и сега по пола чаша пиво знам да се напијам. И тоа многу ретко. Знам пивото е добро за млеко да имаш.
Секој си одговара за себе и за свое бебе. Јас ви кажувам што велат докторите и истражувањата. Вие ако сакате пливајте во алкохол. Дебилно е да убедуваш други дека ништо не е. Како можеш да тврди дека од толку алкохол на бебето не му е ништо. Сега не ама утре којзнае. Ни си доктор ни си истражила како алкохолот влијае врз бебето. Како можеш да тврдиш? На луѓе од 50 60 кг може да им се замати од една чаша вино а не на бебе кое нема ни пола кг во таа недела. Намалете со вакви опасни тврдења. Безалкохолно пиво има.
И јас не би пиела. И секогаш доктор би слушала и слушам. Не е до толку јајцето на газ за алкохол. Има и шампањ за деца без алкохол за да наздравиш.
@MilaSs12 како направи, мислиш се опиваат секоја вечер лом се прават И јас сметам дека од малку ништо нема да биде, сепак пишав за мислење. Јас колку пати пиев и жестоко, и пушев цигари првите 6 недели пред да дознаам дека сум бремена, па си се развива како што треба фала богу. Сметам дека ако имало некој проблем, ќе запрел развојот уште тогаш.
Откако ке дознаеш дека си бремена нема потреба ни од капка алкохол. Нема што да мислиш кога доктори и научници истражиле и кажале дека е штетно.
Штетен е и телефонот што куцаш моментално, и тоа би рекла далеку поштетен од пола чаша вино па пак куцаш, ако веќе толку навлагаме во научници