Да, ама никогаш не знаеш што може да биде. Има трудници bundge скокаат и ништо не им е, а други од кревет не мрдаат па имаат проблеми. Се е индивидуално и зависи од организмот, ако мојот реагира или не реагира на еден начин не значи дека и твојот ќе ја има или нема истата реакција. Не сфаќај лошо, само те предупредува, ипак одлуката е на тебе, ти си мама на твоето бебче. Еве глеам ти сакаш да се вакцинираш, а мене ни у лудило не ми би ми паднало на памет таква работа у бременост на пример. И 100 гинеколози да ми тврдат дека нема ништо да биде, јас не сум едноставно подготвена на тој ризик. И јас мислам дека од пола чашка ништо нема да ти биде, ама твое си е да одлучиш. Како и да е, да сте живи, здрави и вечни тројцата!
И воздухот е штетен, па дишеме. Зошто одиш во крајности? Факт е дека алкохол е штетен, отвори и прочитај. Ако мислиш дека не е, слободно пиј. Ама тоа не ти дава за право да тврдиш дека нема ништо да е.
Точно затоа и пишав дека од толку ништо нема да и биде и да тврдам иако не сум научник. И пак ќе пишам секој си одлучува за себе. Девојчето праша на форум, секој има право да го изнесе своето мислење.
0 алкохол во бременост и доење. Јас лично ни голтка не би пиела, алкохолот се пренесува преку плацента и може да попречи на развојот на мозок на бебе. Секако зависи од количината, ама зошто воопшто да ризикуваш кога здравјето на бебето е најбитно. Има жени пиеле, и тоа многу пиеле и ќе ти речат ништо не му е, ама не знаеме колку ништо не му е. Ефекти од акохол може и по неколку години од раѓање да се увидат. Наздрави си со сокче, кисела вода. Честитки
Ако гледаме така што се научници имаат докажано дека е штетно, многу работи не треба да ги јадеме, пиеме, правиме не е само алкохолот. Пак ќе пишам, оној патлиџанот што вчера го исеков камен и внатре зелен, што немаше вкус на патлиџан, а поштетен од пола чаша алкохол што на крај краева се добива со природна ферментација на овошје.
Да детето на 3 год ако недај Боже се разболи, од таа пола чаша вино ќе е што она ја испила кога наздравила за регистрација. Ве молам не претерувајте до толку. Сепак не збориме за пијанчење и пиење во количини
Интелигенцијата на детето може да е засегната од пиење алкохол во бременост, нешто што се гледа одкако ќе подпорасне, затоа реков по неколку години. Ти ако сакаш пиј, секако секој си прави избор, ама не зборуваме за ништо неопходно, нешто без кое не се може, ниту па нешто кое треба со години да го избегнуваш, неколку месеци се во прашање.
Јас последно само ќе пишам дека прашањето беше пола чаша,нешто што цело време го вадите од контекст, и тука се одјавувам.
Ти за себе можеш да одлучиш да пиеш пола чашка или цела флаша. Тоа не те прави компетентна да кажуваш дека ништо не може да биде на плод во развој. Не знам дали се разбираме. И марихуаната се добива од листови, така? И хероин од афион или сум грешка???
Почитувам сечие мислење,затоа и пишав овде, но го извадивте муабетот од контекст. Не прашав дали да испијам цела флаша вино, да пушам трева или да шмркам бело. Прашав за неколку голтки вино. Ви благодарам на сите за одговорите, нема да пијам сепак
Јас само кажав Јас лично како би постапила. И во првиот пост реков дека секако има врска количината, ама јас лично не би пиела воопшто. На загаден воздух, загадена храна што ја јадеме, стрес кој е неизбежен, барем да го правиме тоа што е во наша контрола за здравјето на бебето. Јас така би постапила, а секој друг како си сака, тоа е темава, нешто ти ќе ги научиш, нешто ќе те научат.
Ајдее хипербола Жената праша конкретно за пола чаша вино а вие филозофирате колку е штетен алкохолот. Гарантирам дека многу поштетни работи сте конзумирале во бременоста од неколку голтки вино. Храната што ја јадеме е полна со е-мулатори и голем дел од нив се канцерогени. Дај не претерувајте аман.
Јас лично на почеток на бременоста ( со 2 лажно негативни тестови ) скоро секоја вечер си пиев чаша црвено вино со вечерата. Кога дознав дека сум бремена, испаничив да не сум направила некоја глупост и го прашав гинекологот. Ми кажа дека се што е умерено, не е опасно. А сметам дека пола чаша за наздравување не е претерано. И полот кога го дознав од среќа што ми се исполни желбата се напив чаша шампањ. И за тоа прашав гинеколог и истото ми го кажа, да не претерувам. Прашај за мислењето на матичниот и води се по тоа, овде секој си е со различно мислење. Со среќа инаку, да сте живи и здрави и многу среќни
Dali na nekoja pokraj bebeto i imaat najdeno sytano telo Maticnata ne znaj dali bile bliznaci ili so e toa please nekoja neka napisi
Дали некоја од вас има одено на бесплатниот преглед во Санте плус, да ми каже каков е прегледот и дали важи за сите или само за оние што ќе одлучат да се породат таму
За сите е, не мора да се породиш тану, можеш таман консултација да си направиш. Јас бев вчераме прегледа доктор Синан, разговаравме убаво објаснува што те интересира и ми направи ехо.
А да идеш кај некој пописмен доктор? Како може така да не знае што и да те остави у прашалници. Ај иди кај некој у Систина или Ремедика, одма ќе ти закажат, не се паничи за ништо.
Vo 16 odam na prenatalna klinika.Vo ger ziveam btw Dosega se bese vo red sega na 3ta kontrola mi vika bebeto e ok ama ima do nego nekakov drugo telo. Ne znam dali e nedorazvien bliznak.Mozi da zamislote mene posle eden spontan svetot mi e srusen gotovo. DAli nekoj imal vakvo iskustvo :'(