Дај боже да не си во право и се да биде во ред, тука сме да си дадеме поддршка, немав друга намера. Одмарај повеќе додека да одиш на лекар. Ти посакувам се најдобро и те чекам дај боже со убави вести.
Здраво мешиња, влегувам во 7ми месец од бременоста и веројатно треба да почнам да барам доктор за породување. Прашањето ми е за девојките од Скопје, поточно тие што имаат одлучено да се породуваат на ГАК: Од кога се почнува со прегледите во болница и што вклучуваат тие? ( имам уште една контрола закажана кај матичен гинеколог за наредниот месец ) Дали можам да бирам доктор кој ќе ме следи и на кој начин се прави тоа? (Закажувам контрола кај одреден доктор ?) И препорака за доктор ве молам. И каде се вршат прегледите поточно каде треба да одам? (Бременоста ми ја води матичен од друг град а сега живеам во Скопје) Ви благодарам многу
Тој период имав болки во долниот дел на стомакот од премногу физичка активност а премалку течности. Ми препорачаа да одморам неколку дена и да пијам многу течности и се подобри. А на стомак спиев додека не почна да расте бебчо и немав никаква непријатност од тоа.
Мила ќе сетиш ако е водењакот.Ќе течи на секое. Со првата бременост син ми од многу активност го пукна водењакот, високо горе. И тоа убаво протече. И после тоа на секое движење на бебето протекуваше. Како неконтролирано мочање. Ако ти се десило само тогаш, вероватно е од вагиналетите и од потта. Сега сум 32ра недела, цело лето бев водена долу, и преку хеланки бев водена дури. А пример не ми беше жешко да се потам, ама долу бев жива вода. Побрзо беља ќе направиш од психата и негативни мисли, отколку шо навистина има проблем. Секое добро за тебе и бебушот
1.Од каде купувате облека за трудници? Нешто имам од Ваикики, сега не сакам/можам по трговски, а онлајн не знам дал постојат опции? 2.Од кога почнавте да мачкате мешиња превентивно против стрии?
1. Во Буњаковец доле има бутик, мислам дека имаат и достава. Побарај ги на фб, бутик ЕВА. А и Буњаковец не е класичен трговски, отворен е мислам дека ќе можеш да влезеш таму. 2. Уште од почеток бидејќи имав рамно стомаче и мислам дека уште ко почна да ми се познава (3ти месец отприлика) се мачкам со арганово масло од ДМ. Еве 7ми месец, сега за сега е супер
Побарај на фб има бутик за трудници Ева, вршат достава до дома, барем така им пишува на постовите, инаку продавницата е во буњаковец долу кај кам маркетот. Во гтц исто има долу бутик Пре мама мислам се викаше (не ме држи за збор). А за стрии јас лично од 4ти месец почнав секој ден. Преку ден со маслото од еуцерин, а навечер Павловичева измешана со бадемово и ад капки. 31 недела сум засега не ми се појавиле, да се надеваме така ќе остане.
https://www.facebook.com/ButikZaTrudniciEva1/ Планирам од овде да нарачам 2. Не мачкам ништо за стрии. 21+5 сум
Пиши на фб бутик за трудници и ке ти излезат опции. Јас од Ева порачав еден фустан ама изгор скапи се. Подобро ке ти е да пратиш некого во ваикики да ти купи. Ако не работиш и не ти требаат панталони, купи си хеланки два пара и блузи поголем број, фустани. Јас еден фустан и два пара хеланки имав, останато ми беше регулар ама пошироко носам. Се мачкав од старт ама без ефект. Си испукав поштено. Ама и троцифрен број килажа бев пред пораѓај.
И кај емен сега доле во стомакот се појавија неколку иначе сум34 недела .Мачкав еуцерин,кокосово,свинска маст ,масло мрсно цео време ама ете кој си е склон на стрии џабе ама не се откажувам
Јас ништо трудничко не купив.Само еден бр поголем земав од тоа шо си носам стандард(маички,пижами,хеланки,фустани)
Ама ако имаш дрес код да мора панталони и кошула да носиш не знам дали ке можеш. Од 10 трудници една ке може да истера до крај така.
јас купив од гтц доле до шеќерезада има бутик за трудници, пред некој ден бев во ваикики и земав фатмерки имаше убави. чисто за информација во сити мол пуштаат трудници невакцинирани. влегов и во енци менци разгледував колички
летно време е полесно. нас сеа што ќе не фатат зимски месеци на крај мора да земеш нешто по долги фармерки труднички/ хеланки особено ние на работа што одиме
Можеш од Стружанка да си земеш хеланки, имаат и долги и 3/4 за трудници. Јас кога бев на одмор си земав од H&M од Космос, имаат многу интересни работи, и после на враќање поминавме у Струмица у Ваикики (не е у склоп на трговски) и искрено истите глупости ги вртат со години. Уште ги прпдаваад оние маичките со бебето што ѕирка што ми се мене лично преглупи. Јас си зеам све еден број поголемо, пантолони со лесен, растеглив ластик под меше и си терам. И маички имаш у Стружанка. Е сеа за јакни понатаму незз што ќе праиме, не ни е истиот министер па може ќе сменат нешто од глупиве правила. Од Ева ништо посебно не ми се свиѓа, а и да, малку им се соленки цените, а и глупо ми е да купувам сеа нешто мн гардероба со оглед на тоа што од ден во ден се менувам
Феминки имам болка во папокот, незнам од што би можела да биде. Едвај се движам од бол, ме боде баш при движење папокот и околу него. Утре сум на преглед, но до утре има време. Сте се соочиле ли со ваков проблем?