Навистина само стресови, ама каде кај мене може нешто лесно да е. Имам закажано кај Елена Петрова во Ремедика за 2 недели, за 3скрининг мислам да почекам до тогаш. Што знам. Кај неа кога бев пред 2 недели ми спомна дека по постелката се познавало дека примам клексани, ама дека е добро. Незнам што мислеше со тоа, сега божем ќе го прашав Владимир ама заборавив. Друго кога ме погледна на ехо рече има доволно вода, ама зарем не треба некои мерења да се нсправат па да се види количеството вода. Тој само главчето го измери и толку. Го прашав може ли и да е напукнат водењакот, рече може да. Ама не спомна кај мене да е така. Ах бе, отидов на преглед се вратив со повеќе прашања во глава. Ама велам да имаше нешто лошо ќе речеше. @Bubce38 Бубче не се плашам, баш и јас така мислам со нив ќе се осеќам посигурна и по нема да се секирам. Сепак Докторот рече, прво да видиме резултати и ако има инфекција ќе ги примам. А, што менува тоа незнам. Дај Боже Бубе, дај Боже така да биде. Мислам сме заслужиле навистина.
Хахаха Нека биде се' добро, први сте на список. Ваква поддршка како вас нема никаде да си знаете. Затоа вас ве гњавам најмногу.
Здраво на сите! Јас сум прилично рано во бременоста, 8ма недела сум, се е ок сега за сега, срцева акција се покажа уште во 5та недела, во 7ма бев на уште еден преглед во Ремедика и таму ми рекоа дека се е ок ама не можам да си помогнам од читање секакви приказни на нетов и само нови стравови ми се ствараат. Како се справувате вие со ова? Сакам да престанам да го гуглам секој најмал симптом, ама тешко ми оди....
Хахахах добредојде во клубот. Исти ме сите тука, ако најдеш начин како да престанеме да гугламе и да се паничиме кажи ни го, бидејќи нема спас за нас инаку
Јас сум 34 недела и се мислам да не е рано за депилирање,додека да дојде термин ке пораснат пак Кога се средивте вие?
Фала богу дека ќе биде, ја сум спремна за у Декември за мекици уште од сега. Ќе ти дојдеме сите со стомаците до заби мисли му ја
Здраво, пред се честито за бременоста ) јас не најдов начин да не гуглам ... ама во однос на она што ми прави стрес од типот неубави работи само што ќе прочитам скролам и одма пробувам да мислам на нешто убаво и продолжувам да си читам само тоа што ми одговара
Јас редовно се депилирав цела бременост, и пред тоа редовно се депилирав еднаш месечно. Бев во 36 па во 39та.
Здраво на сите, јас сум нов член на форумов, мада ве следам од поодамна.. Имав ист проблем како тебе, од 25 недела цервиксот ми се скрати на 25 мм. Ме сместија во болница со терапија 24/7 на трактоцили. Јас живеам надвор од државава ама мислам дека и тука има токолиза. Постојано варираше должината на цервиксот, дури во еден момент достигна само 9 мм.. . Примив инекции за зреење во 29 недела и останав на болница до полна 34 недела. Од таа недела натака си веќе во сигурна зона, и докторите тука ми рекоја понатака нема што да се прави, ако недај боже дојде до контракции. Постојано лежење, само кратко станување до веце, чак и туширање ми рекоја да редуцирам ама дека летен период , нема шанси да се скокни туширање...и така издржав до 37 недела и сега си се гушкаме со ова мало врапче кое уште 2 недели ќе слави прв роденден. Ти посакувам среќа и трпение.
Честито! Јас па обратно, од ко видовме срцева реакција решив ништо да не гуглам и да не паничам. Доктор само во случај на крварење или болки ненормални, или болки што не прекинуваат во рок од 2 дена. Секоја бременост си е различна па така да ако гуглаш и читаш на некој таму што му се има десено.. само стресови. Тоа не ти треба уште од почеток. А тек понатаму, ко ќе расте бебчо, ко ќе притиска, уште толку ќе читаш глупости. Опушти се и слушај си ги докторите
Јас повраќав активно ( и по неколку пати дневно ) до 17та недела отприлика, ништо не можев да пијам и јадам... Гадењето и киселините сеуште ги имам ( 28ма недела )
И кај мене беше исто. Цело прво тромесечие со близначките ми се гадеше, повраќаше. Утрото кога влегов 14-та недела повратив и тоа беше последно, толку. Никакви симптоми понатака и сé беше во ред.
Jas nesto slicno kako @Anaroz1 pominav so toa sto sea imam kiselini posle toa ne sekoj den ama zavisi sto jadam I gledam navecer da ne jadam epten nekoja grisinka kolku creva da ne krcat Ili nekoe bademce ako me mavat kiselini jas sum 19 nedela.
Тука сум и јас, ве ѕиркам ама никако немам време да пишам. 11та недела сум, второ бебе, после 8год. Мојот син сега веќе е голем батко На почеток не ни знаев дека сум бремена, пробувавме некое време, немаше ништо, бев( и сеуште сум) под голем стрес и претрпени лоши работипа затоа и дури во 6та недела го видовме најпозитивното нешто за нас оваа година. Мачнини немам, одам и на работа,ама проблем со храна имам и тоа одбивност кон истата. Додуша јас тој лош мирис и вкус ги имам откако прележав корона, но сега поинтензивно чувствувам и не можам да јадам. Благо исто не сакам, а обожавав,зачинета храна, брза храна... Се смееме ова ќе биде фит бебе Со лесно на сите мешиња и дај Боже сите да се читаме со најубави искуства во Породилни приказни.
Софче мила ти кажал ќе ги примаш ако има инфекција оти самата е ризик за пукање на водењак друго стварно не гледам причина зошто би ти ги давале ако ти е цервиксот добар ако нема фанелинг јас знаеш со контракции сум ама цервиксот крепеше и ни една не примив а сакав за мирна глава ама одев на 10тина дена и ми рече при најмала промена ставаме ама ете издржа да не се скрати и отвори.. Ако треба да лежиш ќе си одмараш. Психата е мнооогу лоша работа јас се побудалив овие 8 месеци не памтам еден ден да бев смирена само се молам да не му имам наштетено нешто на бебе и затоа смири се колку што можиш.. И јас се враќав некогаш со уште повеќе прашања и плачев се нервирав зошто после преглед бев уште понесигурна и исплашена.. Чудни и многу тешки времиња, само да си ги родиме здрави и живи се да биди во најдобар ред..
Здраво Во петокот бев на скрининг во Ремедика кај Афродита и ептен сум задоволна од нејзе. Многу убаво ми објасни се, вело вррме збрува и може 20 мин ме гледаше, да имам финансии би ја водела бременоста кај нејзе, здравје за второ Сакав да прашам, дали смеам да спијам уште на стомак, 13+4 сум и така ми е најзгодно за одмарање, ама мисла ми е да не и правам притисок на матката
Ништо ќе чекам утре кога ќе ми се јават за резултатите што и какви се, некогаш докторот ми се јавува и имам мислам потреба уште еднаш да го препрашам дали со водењакот, плодовата вода е се ок хаха. Веќе фатив позиција и ќе лежам, па за 2 недели сум во Ремедика ќе слушнам уште едно мислење. Туку нели пишував дека сум со вишок кг и стомакот ми беше таков мек. Прво таков цврст стана кај желудникот, а од оваа недела кога стојам и еве кога лежам и странично го осеќам цврст и затегнат. Таков ли ви е и вас? Таков треба да биде? Освен кога седам понапред уште ми се дели кај папакот. Ќе издржиме се', само да си ги гушкаме.
Јас кога лежам ми е мек ко ќе станам или седнам одма се зацврстува.. И тоа уште од 5ти месец ко почна да расти ми се правеше така.. Мислам дека и кај тебе е нормално кога ги гледам другите топчиња се и кога лежат. Јас па се чудам кај оди бебето кога ќе легнам на грб скоро рамна сум во стомакот а кога сум исправена има бааги меше.. Прашања без број и одговор