Хаха секоја жена си е и различна, чисто ме интересираше искуство. Незнам веќе како да се однесувам што е нормално, а што не е. Како и да е,оваа ноќ да ги сварам овие информации. И морам да се сконцентрирам на убавите работи и да верувам дека ќе успееме. Стресот ми го е*а мамето. Сепак пак на крај ќе биде како Господ решил,а јас се надевам на најубавото.
Здраво на сите, 40+5 сум со поминат термин денес бев на преглед ме гледаа два пати вагиналнижо 2 цм бев отворена, но сега на гаќите имам темно кафеава крв и кога се избришам малку имам. Се плашам многу да не е нешто со бебето проблем па затоа крварам
Софи и јас исто го осеќам стомакот и баш е чудно, но претпоставувам нормално. Ептен е цврст и затегнат и тешко се чувствувам. Папокот е буквално вдлабнат кога се гледам вака од горе а од двете страни стомакот е повисок, како две рогчиња И странично кога лежам е истото, единствено кога сум на грб го осеќам помеко, но нели не смее во таа позиција да се лежи па избегнувам. Инаку девојки јас за 2 дена влегувам во 37ма недела и буквално не ми се верува. Како вчера да беше кога пишував низ темите и барав одговори. Времето ми летна буквално, сеуште не ми е верно дека за некои две до три недели ќе имам бебе. Не знам за вас, ама чувствувам дека голема паника ќе ме фати. Засега одиме кон природно, секако никогаш не се знае, но досега спрема се, така се планира. Тоа уште повеќе ме плаши, иако од сам почеток сакав да се пораѓам природно. Засега немам контракции, не чувствувам ништо, но често мислам на моментот и ме фаќа тахикардија од самата помисла Не знам како да си помогнам, прв пат ми е, не знам што да очекувам, би сакала да сум смирена, да се спремам како човек, ама чувствувам дека тоа ќе бидат големи паники иако во принцип не сум таков карактер. Па, споделете искуство, нешто што би можело да помогни Инаку сеуште не сум нешто посебно спремна, па мислам дека малку и ќе ми олесни кога ќе се спаковам за на болница. Деновиве спремав креветче за бебе, постелнини, облека, па кај и да е, ќе дојдам и јас на ред Мислам дека немаш причина за грижи, крвта е најверојатно од самиот преглед, го радразнил местото при проверувањето, и кај мене беше истата ситуација.
I jas denes bev na pregled iato posleden den termin mi bese koga dojdov doma kafeavo imav i se brisam i usye imam sig od pregledot vaginalen
Ne nemav denes bev na kontrola posleden den od termin me oregleda vaginalno 2 cm ctg mirno me pratija doma mislam deka e od pregledot nz
Тахикардија ме фати само од читање Далеку сум јас од 37 недела ама баш во 37ма го родив син ми, со царски, со целосна анестезија, заради пукнат водењак од непознати причини. Инаку, нема паника на самиот чин, има само додека си замислуваме. Вистинскиот настан е нешто сосема различно од замислувањата, и само се мисли на тоа бебето да е ок (кај мене беше така). Немав луксуз за паника, одбирање, замислување итн. Овој пат целиот стрес е да истераме што е можно подалеку во недели и да го избегнеме непознатиот причинител на предвремениот пораѓај од минатата бременост.
И мене ми е цврст стомакот постојано, освен кога лежам. Само тогаш е мек а сум 26 недела. Бебка си игра внатре, мислам во бешика ми буричка .
Девојки некој друг добар доктор во Ремедика да ми предложите? Незнам ако звонам дали ќе ме примат, или ќе ме закажат за кај било кој доктор? Незнам како оди таму. Ноќеска не ми беше добро, поголеми нелагодности во стомак ме разбудија во 2h. Едвај се вртев лево-десно. Чудно некако, стомакот тврд, бебето мрдаше и кога ќе ме ритнеше пониско ме болеше. Отидов во вц, за поголема нужда и после пиев пробиотик веќе незнаев што и малку како се стабилизирав. Само се тешев што е тоа е, и сум заспала. Стомакот вака ме заболе после прегледот од вчера и дали од стрес. Ама морам да одам некој убаво да ми објасни, сега сум подобро ама имам уште нелагодност што незнам колку е нормално.
Можеби, засега ми делува како да ептен ќе испаничам, а баш би сакала да бидам смирена. Ама можеби во тој момент мислите и чувствата се сосема поинакви. Па види 37ма недела и не е така лошо, бебето е веќе целосно развиено и сметам дека нема потреба од грижи. Претпоставувам се плашиш овој пат да не се случи уште порано, што се надевам дека нема, како што велат секоја бременост е индивидуална и буквално нема правила ниту пак сличности од една до друга. Со лесно да ти биде и да се трудиме да бидеме што е можно посмирени и се ќе биде во ред.
Јас искрено не сум била никад таму ама ги фалат отларова и Петровса за Систина можам да ти препорачам.Софи нелагодностите се нормана работа да знаеш тоа нека те вознемирува еве на ример јас последниве 3 недели нит сијам нит можам да се наместам .Нисо бои секако плива се шири и јас мислев деа е доле а позицијата е баш супер .Мисам дека си под стрес...Напиј се б6 опушти се малку....
Срцка нормално е да осеќаш нелагодност после земање брис. Имав и ја 2 дена од коа ми зема Тофоски и имав и малку кафеаво на бришење ама он ми објасни дека се тоа е вообичаено и нормално и да не се паничам (бидејќи знае со кој си има работа хахаха). Јас во Ремедика не сум била, Тофоски од срце го препорачувам од ГАК ама до него не се стига, за Систина можам да ти ја препорачам Корнелија Трајкова. Млада, прекрасна докторка, смирена. Ќе те прегледа убаво и ќе те смири сигурно. Не е толку 'извикана' ко Димчев или Лазаревски и сл, па затоа и има повеќе слободни термини кај неа. Јас бев у 12та недела на скрининг кај неа, се јавив во 9 сабајле и ми закажаа за 12.30 истиот ден. Прекрасна е и ќе ти се допадне сигурно. Јас мислам дека немаш потреба да одиш ама за твој мир оди си ако сакаш. Со лесно и смирено и пиши што ќе направиш. Те гушкам
Не мила ова е друго, боли цело време и појака болка чудна, ме разбуди од спиење. Не ми се ризикува за бебето. Се јавивме и ми закажуваат за утре кај Петрова, за денес никој неможел да ме прими не ми е јасно. Имам прашање за тие што знаат за водењакот. Одам во вц не по мала нужда и цело време од 5-6 пат имам нагон за мочкање и мочам. Или таман мочам, се бришам и станувам и пак имам нагон. Дали кога би течел водењак имаш нагон кко за полна бешика или неможеш да ја контролираш таа течност ? Би ми било од помош.
Нема нагон ако е пукнат водењакот, си тече не може да се контролира. Мене ми пукна водењакот и баш течеше неконтролирано. Па запираше па по некое време пак млаз ќе истечеше. Ти веројатно имаш нагон дека бебе притиска на бешика.
Софче бешика е ова. И мене ми е така понекогаш. Чим си имала ешерихијаз имунитетот на бешиката секогаш ќе ти биде заникаде. Пиј повеќе вода и чај од брусница. Не се разбирам у водењак, ама со бешиката цел живот си иам мака, па знам. 100% е бешика ти тврдам. Си правела вчера уринокултура ќе видиш да не има некоја бактерија нешто
Здрабо, Дали на некоја и се случило при спиење да де сврти брзо пример од лева страна на десна и да те боли многу цел стомак неколку минути. Како затегање,грчеви .. не знам дс опишам какви болки имав ама многу ме плашат овие болки. 15 недела сум и порано ми се случило, мислев од тоа што се боцкав во стомак некој мускул ама др ми рече нема врска со тоа. Веке 3 недели ми се немаше случено и вчера кога ме заболи многу се исплашив, треба многу лесноо и полека да се свртам за да се прекине болката.
Штом имаш чувство на полна бешика и потреба за мокрење, дефинитивно не е водењакот. Него неможеш да го контролираш, едноставно тече...
Па иди си у Систина бе ако не ти се чека до утре, шо мора у Ремедика. Мислам ја не глеам нишо итно у ова што го опишуваш ама знам дека ќе си напраиш 300 филма до утре и болје е да идеш денес и да бидеш мирна