И мене ми се случува ова со мокри гаќи и постојано исцедок, дневно и по 2 пати менувам гаќи, а 6 месец сум. И јас се сомневам на некоја уринарна инфекција, ама не знам дали да одам да правам брисеви кај матичен, зашто и исцедокот некогаш знае да е жолтеникав, накај зеленкаст или да да правам само уринокултира на мокрача? Ти преку што откри?
Ништо страшно. Тоа било бидејќи матката се шири и од наглото вртење. Ми рече може уште сега да си земам од трудничките перници ако планирам да зимам, иако сеуште немам ни стомак туку чисто позгодно да е спиењето. Е сега да кажете од каде земавте трудничка перница и како сте задоволни, како е спиењето со неа?
Не може жолто/зеленикав исцедок од уринарна инфекција. Уринарната инфекција не дава такви симптоми. Брисеви прави, најверојатно е нешто гинеколошко, а не уролошко. Можно е кандида.
Ми олесни многуу,фала ти најмногу и јас денеска се јавив да одам во систина на контролс не ѓи де чека уште 4 дена, и планирам да дменам докторка да одам кај Корнелија гледам ја фалат, од 1 скрининг сакав да продолжам кај Гордана Петровска ама искрено не бев задоволна многу не ми објасни многу,ни не знае што терапија примам ми рече продолжи со истата до следна контрола ниту ме праша што примам.. Ке одам денес кај Корнелија па ке видам за понатаму.. Инсче јас планирам да земам од кај pillows_lala инстаграм ке нарачувам од таму ги фалат
нема да згрешиш со Корнелија, а нема да згрешиш ни со перницата, јас ја земав од таму по препорака на членка на форумов, ептен е удобна
Здраво на сите. Кои капки за нос можам да ги земам? Ми тече премногу, си го зацрвив од секнење и кивање еве веќе трет ден.
Влегов во 34 недела ,според напредок на бебуш сум 35 недела но многу ми е тешко.Досега никакви проблеми немав ама овие неколку дена нити можам да се движам, нити да седам,тешко дишам стомакот тежи,нозе отечени.Како се чуствувате вие?
Мами цервикс се мерел до 24та недела? Или може да си бараме стално да ни го мерат. Јас денес го мерев 3.5мм, докторот ми кажа помалку да шетам и да одмарам повеќе, а јас шетачка по 6-8 км на ден изодувам.
Која недела си? Јас сум 16+ и ми кажа матичната да останам дома на боледување дека почнал да се крати цервикс 32мм ми беше здравје за една недела пак ќе одам и да ми отвори и боледувањето.. јас имам некакво боцкање долу и неможам да се свивам осеќам ко притисок
Никои, само солен раствор и на heath aid апчињана природна база за отстранување на симптоми од алергија (меѓу кои е и течење нос). Која недела си? Имав јас на почеток на бремноста 10тина дена кивавица, солзење, грло+увоболка и така си ги поминав, со цвитамин и овие погоре напишаните
Мене у 22ра ми го мереа прв пат, 4цм. Ама и мене ми рекоа повеќе да лежам и одмарам бидејќи бебуш си лежи ниско. И мене тешко ми паѓа, по природа сум несобрана дома вечно
Добро бре мајки, Можно ли е во 22ра недела бебето нон стоп да мрда?! Па зар не спие тоа човече? Просто Не ми се верува. Вчера и денес по цел ден го осеќам како си претка. Не знам што прави, но како да се превртува внатре. Гљум гљум ми прави во стомакот. Божееее Чувството е Сега многу работи ми стануваат појасни Порано кога слушав/ читав како мајките се топат кога мрда бебето, си велев- лигавешки што толку значение се дава на тоа оти мрднала бепка та само за тоа да се збори. А сега јас?! По цел ден само тоа му раскажувм на мм, каде и како мрднало. Го збудалев човекот Криво ми е малку што мажите не можат да ја осетат оваа убавина Ама не за џабе се вели дека терминот МАЈКА е нешто посебно
И мене на втор скрининг во 21ва недела со ехото ми кажа Елена 4,5мм дека е, а сега во 24та недела, вагинално ми е измерен 3.5мм, а ми се шета таква сум и јас неприбрана хах
Само мене изгледа ниту во прва, ниту во вторава бременост ми измерија цервикс. 24та недела сум. Ама осеќам дека е ниско и не форсирам многу движење