хахаха не си само ти еве и јас се пријавувам. мислам дека ми мери пошо ме гледа и вагинално ама само ми вика супер е супер и толку. кога ќе прочитам овде сантиметри милиметри се чудам пошо мене никој не ми кажал колку е, не сум ни прашала чим е супер, супер
и јас сум опседната со мрдањето го пукнав маж ми еве ја, еве ја пак инаку ќе видиш од недела во недела се повеќе и појако ќе го осеќаш... еве 28ма сум скоро по цел ден ја осеќам и се топам, нема поубаво чувство кога знаеш дека бебка е во ред и си расте
Те разбирам скорз ама чим се крати, ќе мора да пододмориш. Сеа како шо ќе тежи бебуш повеќе може не дај боже уште да се скрати, а со одмор ќе си биде се во ред. А со абдоменално ехо се прават грешки, со вагинално е поточно. Не има тука повеќе лежачки ќе се дружиме
?Дали на некоја во 13та недела имаат измерено вратен набор повеќе од 2.50? Претходниот понеделник матичната го измери 1.40, во петокот и денес Афродита во Ремедика 2.80. Ми рече над 2.50 веќе било сива зона, да размислам кој следен чекор ќе го превземам. Да напоменам, резултатите од Приската се добри, односно низок ризик пишува. Е сега, следните чекори ми ги кажа нифти, панорама и вериреф преку крв тоа што се испитувало и уште едно ми кажа кое можело бесплатно да го испитам на клиника, што се испитувало од плодовата вода, ве молам кажете ми како се вика бидејќи не запамтив. Дали некоја го има испитувано ова со плодовата вода? Како се испитува, дали ми треба упат од матичен, дали треба да закажувам нешто? За тоа нифти/панорама/вериреф, ми даде флаери од разни компании со кои најверојатно соработува, бидејќи си стави нејзин печат, а за ова другово ми рече дека исто имало 99% точност, па ќе се одлучам за него. Ве молам споделете искуство и со вратен набор подебел од што треба, дали се повлекол или кои испитувања ги правевте, што и како. Вечерва ќе нема спиење.
Мислам дека на ова мислела: https://acibademsistinababy.mk/index.php/bremenost/skrininzi/247-amniocenteza.
Зошто правеше 3 пати скрининг, т.е. зошто и петок и вторник кај ист приватен доктор? Со чии мерки Приска вика дека си низок ризик? Искрено, амниоцинтеза е инвазивна техника, постои ризик и за тебе и за бебето, што во проценти е многу и јас не би ја правела. Мене во првата бременост на Приска ми излезе висок ризик за Down syndrome и препораката на докторот (на приватно, кај второто мислење) беше амниоцинтеза, или генетските тестови од 500+евра. Се консултирав со матичниот и ставот беше дека сѐ е видено (нухална транслуценца, носна коска, ковчиња на прстиња, срце и др.) и ништо не упатува на абнормалности. Близок пријател доктор ми ја кажа статистиката со ризик од амниоцинтеза, и ми ја препорача Адамова во Санте како трето мислење. И таа потврди дека нема ништо што упатува на генетски абнормалности. Не направив амнио нит генетски, имам супер 5годишен дечко. Искрено ти препорачувам да најдеш и трето мислење, и тоа што побрзо. Измисли и спиј, по таков ден верувам дека ти треба масажа, Б6 и сон.
34 недела сум и како расте бебето ногата насабајле кај бутот се повеќе и повеќе ме боли, неможам да се наспијам на раат, кога ќе станам па ич не се издржува одењето премногу боли. Како да ме тепал некој и модрица да имам внатре. Дали некој има слична болка? Што да направам да можам да спијам барем?
Мене пак обратно, ехо беше супер, нт 1, ама лоша приска. Направив нифти, на 3 рати. Се излезе супер. Ако си финансиски во можност, можеш нифти. Но, ако нифти покаже нешто пак се оди на амнио. Во приска темата расчитај, или во неинвазивни тестови, има повеќе искуства.
Правев во петокот кај приватниот доктор и ја измери толку 2.80 неколку пати ама бебе многу се вртеше и не беше сигурна дали се точно земени мерките, па ми рече пак да одам за неколку дена да премери. Инаку приската е со мерките од матичната каде што е нормално 1.40.
Приската е само статистика не толку базирај се на неа,мој совет е да си направиш некој од пренеталните тестови имаш мини панорама за 25.000 на 3 рати.Ако не си во можност да од финансиски аспект не можеш, да правиш амниоцинтеза ама на државна се чека 2 недели за резултат а на приватно 1 ден ама не знам која е цената сигурно е околу 10.000 ако не се лажам.Најефтина варијанта ти е да одиш на трето мислење кај некој што специјаност му е скрининг.Јас ти го препорачувам Димчев во Систина.Со него нема утка .
Девојки кога сме веќе кај тоа по неколку пати правење скрининг.. јас закажав кај матичната и после за второ мислење кај Димчев. Сега последно слушам коментари од типот штетно е толку зрачење за бебето, последици има иначе секој ден ќе се гледавме, не дај Боже беља ќе направиш, само лошо мислиш, што мислиш оа повикуваш што се занесуваш оди на едно место итн итн. Главата ќе ми пукне. И тоа ова се коментари од блиски луѓе. Искрено може требаше само кај Димчев да одам и не знам со која причина закажав на две места. И сега се предомислувам, кога некој нон стоп ти збори над глава 300 мисли ти доаѓаат
А бе само знаат да тресат зелени. Ко една трудница да нема доволно стресови, па уште одстрана треба да слуша. Ехото нема воопшто зрачење никакво. Буквално секој ден можеш да правиш. Не си земај здраво за готово се што ќе слушнеш. Луѓето од незнаење све коментираат.
Да не слушаш многу многу што кажуваат другите да правиш како што сметаш ти дека треба. И јас бев кај двајца за првиот скрининг и кај матичната и кај Димчев. Зошто? Така сметав дека требаше, дека двајца можат подобро да видат од еден. Вториот скриниг бев само кај Димчев, 32 недела здравје исто само кај него. Нормално е да се мислиш дали е се во ред, сите се мислиме за беблаците дали се добри. Останатите сите можат да споделат мислење и секогаш некој ќе најде замерка на твојата одлука, така што релакс и како што сметате ти и партнерот дека е најдобро така правете. Со лесно и те чекаме со убави вести
И јас ќе ти кажам како ивани, не се базирај многу на приска, тој тест јас лично не би го правела воопшто, на здрава бременост може да те преплашат тие калкулациите, а проблем ако има може да го промаши. Пренатални тестови ти се поскапи, нифти, панорама, точност над 99 посто. Амниоцентеза е со 100 % точност, само малку инванзивна дијагностика затоа ја прават само по индикација додека пренаталните може да ги прави секоја. Ама и амниоцентезата има само сосема сосема мал ризик, и ако се одлучиш да ја правиш ќе одиш кај искусен, јас кога би немала финансии за пренатален би правела амниоцентеза без мислење штом ти рекла докторката дека можеш.