Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. S.o.F.i

    S.o.F.i Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    4.021
    Ќе ги продолжам и јас од вечер, само нешто да се ставало.:D
    Може после од тие да пробам хаха.
    Инаку за купувањето пак да се надоврзам.
    Си реков ако се' е добро ќе си порачам некои шпикозни онлајн, дека само ги гледам.
    Вчера го велам тоа на мајка ми и таа чекај уште е рано.|(
    Хахаха и јас се засмејав и баш ми текна некоја го имаше пишано истото.
    Од една страна се' ме караат дека само стресови си правам и паничам, дека треба да се опуштам.
    А, од друга страна чекај не брзај.
    Мада веќе ќе си порачам и што мора да ни кажувам.:D

    @bybeDkid
    Еве сум кај мајка ми и тука побргу поминува времето и сум поокупирана со други работи.
    Лежам, одмарам, ме чуваат.
    Морам малку да го сменам размислувањето.:sun:

    Што мислиш за антибиотикот, дозволен е во бременост нели?
    Јас не ни помислив дека не е, велам докторот го препишал.
    Аптекарката сега ме прашува, абе за тебе ли е твојте го купија.
    Па зарем смееш ти да го пиеш дека е антибиотик?
    Одма ме стави во мисла.:?:

    Дали некоја членка го има пиено ?8-|

    Тие што така се' си купуваат и што не мислат само кој што ќе ни рече, најубаво си поминуваат.
    Ако е така недај Боже, па и кога ќе се роди и тогаш ли да се плашиме дека може нешто да биде.
    Па ништо да не купуваме.:?:
    Што знам, незнам.:shake:
     
    На Anaroz1 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. bybeDkid

    bybeDkid Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2014
    Пораки:
    1.304
    Допаѓања:
    3.816
    Пол:
    Женски
    Сеа прогуглав и глеам дека е безбеден. Чим лекар го дал, значи е. Јас го немам земано никогаш затоа што сум алергична на пеницилин.
    Обавезно сеа ставај пробиотик да не ти се јави кандида од антибиотикот. :*
     
    На Anaroz1 и S.o.F.i им се допаѓа ова.
  3. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    2.466
    Допаѓања:
    5.778
    јас почнав да нарачувам. проблемот е што со страв им кажувам дека сум купила нешто пошо одма иде не брзај рано е -.-
    иначе така ми правеа на почетокот не кажувај рано е..
    имам братучетка што кога направи тест кажа на цела фамилија и на сите луѓе што ги знае и не ги знае, пушеше, пиеше, не се замараше ни 1 посто од ова овде ние што се замараме ене ја каков буцко и е малиот :) да е жив и здрав... али тие најубаво поминуваат за се во животот... ти стегај се.. мисли се:?:

    иначе за антибиотикот, чим ти препишал доктор да пиеш. затоа што јас кога го имав стомачниот и ми беше страв да се напијам антибиотик докторката вака ми објасни да точно е дека не се препорачуваат во бременоста ама некогаш користа од пиењето на абтиотик е поголема, затоа што штетата што би се направила кога не би пиела би била полоша него пиењето на антибиотик... така да знаат повеќе од нас во секој случај :)
     
    Последна измена: 15 септември 2021
    На S.o.F.i, Bubamaricka и bybeDkid им се допаѓа ова.
  4. baby 5

    baby 5 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2016
    Пораки:
    1.135
    Допаѓања:
    5.167
    Пол:
    Женски
    Мами ве читам ама некако немам време да ви пишам, на работа ми најдоа замена и сега до 1 ќе издржиме некако.. многу се исплашив сабајле ме многу болеше ко за добивање.. се напив дупла доза магнезиум и седев цел ден на работа ама некако се осеќам притисок долу кај јајници :-/ денес го осетив дури дома кога легнав ме фати паника дека ме болеше ама како ме изрита ми се смири душа :)
     
    На S.o.F.i и Knizhevnik11 им се допаѓа ова.
  5. Bubamaricka

    Bubamaricka Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    2.917
    Пол:
    Женски
    Празно да не е хахах нешто мора да се става. Јас таман 2 недели одморив од утрогестан еве сега пак...дупла доза, плус и полигинакс (facepalm) од апчиња исто таман ми намали матичнава нешто скративме сега пак пробиотик... Тоа е што ќе кажат докторите ќе правиме, само нека се добри бебушите.

    Инаку за купувањето и мене кога да спомнев нешто беа као рано е почекај... јас 30та недела почнав со порачување.

    Не знам која недела си точно ама ако ти е мерак па зошто да не си порачаш нешто не мора кузнае колку крупна работа да земеш, ама алишта нешто порачај си. Рани душа да те слуша :l:
     
    На bebe2020, Damjana5, S.o.F.i и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Capricorn Taurus

    Capricorn Taurus Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јуни 2016
    Пораки:
    1.662
    Допаѓања:
    22.988
    Пол:
    Женски
    А зошто е рано за купување не разбирам. Мислите дека ако купувате тоа ќе донесе некоја лоша среќа или? Стварно не ми е јасно. Ако се случи нешто лошо налет купените работи тоа е само материјално, за мене ништо не значат освен обична потреба. И што ако се случи нешто во 9ти месеци ако размислуваме така секогаш може нешто лошо да се случи.... не ми е јасно зошто на купувањето му придавате толкаво значење.
    Дајте позитивна енергија, ќе се родат бебињата здрави и живи и ќе си носат и користат се' :l:
     
    На Kateto333, Лаура82, mssuniquee и 25 други им се допаѓа ова.
  7. RumShtangla

    RumShtangla Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2015
    Пораки:
    789
    Допаѓања:
    1.421
    Пол:
    Женски
    Добро како да знам како изгледаат контракции вистински а не лажни?
    Во понеделникот на контрола кај матичната кажа дека мали е веќе со главата надолу, што е супер затоа што цела бременост ја преседа горе под желудник со главата. Денес ме болеа препоните, ама не отрчав на ГАК предводена од претходното искуство прошли месец ко ме стегнаа болки па нели лежев 2 ноќи таму, бебе често се истегнува па го напрчува газот и тоа многу ме боли како да ми се двои кожата на стомакот, исто така денес приметив ми се стврдна наеднаш цел стомак, а сега пред еден час седејќи на кревет пак се истегна со газот, и почна да ме боли кичмата ептен јако, и долу како грчеви кај јајници, болки неверојатни беа, неможев да станам од кревет, па свеки дојде ме крена, прошетав низ куќа се смири све.
    Е сега ств не знам како да разликувам дали се лажни или вистински контракции.
    Инаку сум 36+2.
    Фала девојчиња.
     
  8. Saba08

    Saba08 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2017
    Пораки:
    1.451
    Допаѓања:
    1.666
    Пол:
    Женски
    Вистински контракции не се смируваат. Не се секирај, ќе знаеш, болките стануваат сé посилни и на пократок интервал.
     
    На S.o.F.i, majavel1 и dipsidipsidipsi им се допаѓа ова.
  9. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.471
    Допаѓања:
    32.597
    Пол:
    Женски
    Бабини деветини ваљда. Јас уште на почеток им кажав на сите да не ми ја пунат главата со тие работи, ќе си правам јас како шо си сакам. И си купив и креветче и шкафче за бебка и пола облека веќе има. Па нема да трчам последниот ден да купувам сигурно. Наредниот месец планирам да докупам се и да си уживам, да чекам да се роди. Па ќеф ми е и потребно ми е, зашо да не си купам ❤️
     
    На IRBBB, S.o.F.i, zverkica и 2 други им се допаѓа ова.
  10. zverkica

    zverkica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2010
    Пораки:
    1.476
    Допаѓања:
    2.618
    И за мене се глупости, исто купив креветче, кадичка со постоље, релаксатор, кенгур, и бајаги алиштенца, само декември ми е термин па нема зимска облека иначе и тоа ќе купев до сега . Ми е гајле кој што збори, ќе биде се како што треба кај секоја од нас и ќе заворавиме на се кога ќе се роди бебе
     
    На LiquidLuna, IRBBB, Sonchulka и 5 други им се допаѓа ова.
  11. ivani30

    ivani30 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2014
    Пораки:
    1.653
    Допаѓања:
    2.684
    Пол:
    Женски
    Ја првот пат и втриот со спнтаните се погоди да сум надвор д државава и си упував.Воо маерика еле какви работи има ,ама ете се случуваше/Сега кога останав трудна сите ми викаа фрли ги ,а јас скоро цел куфер донесен.Како ша да не не верувам во суверија.Еве сме 35 недела се испеглавме ,средено се скоро уште количка ни фали.Инче секогаш мислев дека сакам машки деца ама гледам сега по алиштата се сум купувала повеќе женски и на крај бог ме благослови со девојче.не знаете колку сум возбудена ....25 октомври м е термин и еевај чекам
     
    На Kateto333, LiquidLuna, IRBBB и 24 други им се допаѓа ова.
  12. bybeDkid

    bybeDkid Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2014
    Пораки:
    1.304
    Допаѓања:
    3.816
    Пол:
    Женски
    Леееелеее ме разнежни и ми ја стопли душава сабајлечки со муабетов. Најнајнајмило ми е коа ќе слушнам вакви приказни, успешни бремености после спонтан или борба со стерилитет. Не дека другите што не се помачиле не се пресреќни и не ми е мило за нив, ама за вакви случаи ми е особено драго. Поинакво и посебно е чувството после толкава борба и маки. Плус те читам од претходно и знам дека и сега лавовски се избори за оваа крофничка. Браво мајка, Бог е голем, уживајте во најголемиот благослов! :l::l:
     
    Последна измена: 16 септември 2021
    На IRBBB, Emaema, paleska3 и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Capricorn Taurus

    Capricorn Taurus Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јуни 2016
    Пораки:
    1.662
    Допаѓања:
    22.988
    Пол:
    Женски
    Апсолутно :l: И мене ми е декември термин, исто ми фалат зимски алишта. Чекам нови колекции месецов :inlove:
    @ivani30 :hug:
    @LiquidLuna да си купуваш и да си уживаш :l:
     
    На Sonchulka, S.o.F.i, zverkica и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.746
    Допаѓања:
    176.013
    Пол:
    Женски
    Слична сум и јас.
    Јас па имав обичај последните 3 ипол години секој месец да купувам по неколку парталчиња. И као внимавав да земам неутрални бои, ама сега кога гледам појќето вртат за мома да се дотера.
    Ама ако...ќе има за подароци:)
    Ама дефинитивно ќе ми останат и мн необлечени работи. Зошто пример, величина 0-3 м имам и зимско и летно и есенско:)
    А здравје боже моето ќе е апла зимско новороденче:)

    Да го истуркам и 7ми месец и во план ми е да ја средам цакум пакум собата за бепка:inlove:
     
    На Лаура82, IRBBB, paleska3 и 9 други им се допаѓа ова.
  15. Sunshine*baby

    Sunshine*baby Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2020
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    971
    Пол:
    Женски
    До која недела примавте прогестеронска подршка? Јас сум 17 недела. Примав Добрастон 2 пати по 1. Имам абдоминален серклаж и спонтано останав бремена. Во 6 недела добрастон от ми го препиша Димитров и сега без да ме прегледа, само од гледање резултати од скрининг, брисеви и мутации ми вели да го прекинам Добрастон от. Вие што би направиле?
     
  16. bybeDkid

    bybeDkid Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2014
    Пораки:
    1.304
    Допаѓања:
    3.816
    Пол:
    Женски
    Ја ко шо знам не се прекинува прогестеронска терапија одеднаш, туку се намалува. Мене така ми го намалија Утрогестанот, ама пак, не сум доктор, најдобро би било уште едно мислење да побараш.
     
    На S.o.F.i и Anaroz1 им се допаѓа ова.
  17. ivani30

    ivani30 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2014
    Пораки:
    1.653
    Допаѓања:
    2.684
    Пол:
    Женски
    Чувај си ги, ќе си имаме по уште едно... Ќе видиш.. Хаха
     
    На IRBBB, Anaksunamoon, mal.ecka и 7 други им се допаѓа ова.
  18. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.038
    Допаѓања:
    4.888
    И мене ми го прекина тука негде 19-20 (тогаш бев на преглед), ми спомна мислам дека немал ефект после таму некоја недела. И одма јас ама како зошто да го прекинам па за секој случај, ми рече ти пиј ако сакаш нема да ти штети. После и кај матичниот отидов му кажав, ми рече па така беше ама сега го даваат и до крај. Не ме држи за збор со неделиве. Јас го прекинав тогаш кога ми кажа Димитров и периодот мн апчиња пиев и си реков ај ќе намалам две, а и ваљда знае што кажува. Претпоставувам дека ти го тргнал врз основа на тоа што после некоја Х недела џабе се пие.
     
    На S.o.F.i му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Sunshine*baby

    Sunshine*baby Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2020
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    971
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам на одговорот, значи дека најверојатно кај сите го трга.
     
    На S.o.F.i му/ѝ се допаѓа ова.
  20. S.o.F.i

    S.o.F.i Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    4.021
    Баш така само нешто да се тура.:D
    Јас вчера пред да легнам велам на мајка ми, изгледа сите апчиња ги испив.
    Таа вели како некоја баба си, со кесенцето.:rofl:

    Од утре сум здравје 29та недела.:inlove:
    Имам јас до сега 3 работи.:D
    Кога останав бремена одма си купив едно боденце.
    Ама еве сега само ми иззглегуваат преубави парчиња и да знаеш дека ќе си порачам.
    :hug:

    @baby 5
    Мила јас до претходно немав никакви болки во стомак, после стомачниот вирус мислам осеќам тегоби.
    Друго јас сум прав метеопат, на промените на времето ме болат раце, нозе, глава...
    Еве оваа недела само осеќам некои болки, од десна страна ме боли јајник и бебе баш таму кога ќе ме ритне абе знаеш колку ме здоболува.
    Се надевам денес дека си подобра денес.
    :hug:

    @ivani30
    Мила верувај многу добро ти ја разбирам возбудата и среќата.
    Секој ден, недела едвај чекам да поминат да дојде таа фамозната 36 недела.
    Ситно е кај тебе.:sun:
    :hug:
     
    На zverkica, baby 5, LiquidLuna и 4 други им се допаѓа ова.