Спрејот е најдоброто нешто што досега сум го користела. Мене Лазаревски за бактерии ми го препиша, одма од една кутија се беше чисто, претходно само вагиналети и антибиотици клукав. Меѓутоа не го најдов мк, од германија го нарачав 10евра кутивче. Тука го немаше за вагинална употреба, само за надворешна. Чудо од антисептик.
Фала ти што ме поштеди од барање. Не ме чуди што го нема кај нас, мизерии сме. Само кажи ми дали преку човек некој нарачуваше или преку сајт?
Нема која аптека не ја поминав, немаше за вагинална употреба никаде. И Лазаревски кога ми го препиша ми рече веќе тешко се наоѓа у мк. Ама не е на одмет да се побара.
Све ми е јасно, јас така со Лактогинот се изнамачив. Среќа маж ми претходно работеше логистика па познава многу шофери
Мешковци јас прооверував крв сабајлево и хемоглобинот ми е 10, хематокрит 29.5, а железо супер 13.9. Не знам дали со овој хемоглобин се дава некоја терапија. Некоја слични резултати да не имала?
23 + 4 сум, баш забележувам дека секој месец опаѓа..сега и пишав на матичната ми рече да сум појачала со цвекло, аронија, боровница, па ако не се качувал ќе сум примала терапија. А @Noranora , јас не сум примала ништо за железото, отсекогаш ми било високо, дур над нормала. Ова е најниско што ми било некогаш. Мене за хемоглобинов ми е повеќе. Мислев да ме посоветувате за суплементи што ги промате и што внесувате во исхраната
Да не те демотивирам, ама со храна многу тешко ќе го регулираш посебно во бременост... Пробај, ама од кога ќе влезеш во 3 триместар не се оставај без суплемент. Од мене препорака за сидерал форте, го примав исто на крај, одкако друго немаше ефект а веќе стигнав 36та недела, за 2 недели ми ја опорави крвта. Малку поскап е ама вреди.
цел живот имам проблем со железо... со храна тешко да го качиш само уште поише ќе ти падне. за железо како што ти кажала матичната се препорачува цвекло аронија, исто така спанаќ, варени јајца, црвено месо, можеш да пробаш мн помага семе од коприва со мед да измешаш... инаку хемоглобинот и мене ми е 10, хематокритот 29, железото 6 јас пијам суплементи на џејмисон во комбинација со витамин ц ...
Сок од моркови и цвекло, аронија, житарки, риба, пилешко, брокули Мене ништо од ова не ми помогна ама тоа ми беше совет од матичен. Додатно пијам IRON FOLIQ, ми го качи железото а хемоглобинот ми стои у место.
Па и јас ќе пробам со сидерал, само да направам нова крвна слика да видам може па нешто се сменило у меѓувреме
Ти благодарам, ќе правам за две недели контролна крвна слика, ако не се покачи хгб ќе си ги земам Сидералот.
Иста сум и јас. Хем 100, хематолрит 30. А два месеца примам тотхема по две на ден, и од 110 на 100 паднал. Сега пијам лактиферон плус, па ќе видиме. Ако не ќе пробам со сидерал.
Абе оваа матичнава моја е лудница. Сите сте на терапија со тие резултати, само она гајле нема. Па не можам за све нешто на Гак да одам и Тофоски да го малтертирам ипак е ембриолог човекот, не е матичен гинеколог. Прошлиот пат брисеви не ми зема убаво. Хемоглобинот секој месец ми паѓа, она ништо не ми спомнува. Јас ли сама да си праам све на своја рака