Дали некоја се има соочено со блага форма на депресија и панични напади за време на бременост да ме посоветува како на природен начин да си помогнам бидејќи не сакам последните месеци од бременоста да користам терапија? Пред бременоста имав тешка депресија и изразени панични напади ама кога ги видов цртките се се смени на подобро ама периодов сум под малку поголем стрес од што можам да издржам па би ве замолила за совет. Благодарам
Ова е всушност Канестен. Чешањето се појавува од зголемен прогестерон најчесто. Кој во бременоста секако расте. Софи ако се е чисто, не паничи.
Ее не знаев. Јас тогаш и побарав и кажав дека пред бременост сум користела Канастен и ми рече сега таа да сум ја земела
Здраво јас уште не сум бремена се обидуваме една година скоро за бебе ама сакав овде да прашам искуства за др. Елена Петрова во Ремедика, сакам пап микробиолошки и ехо па понатака ке видиме и сакав за мислење да прашам и овде
Немам лично искуство со депресија, меѓутоа штом веќе си била на терапијата би те посоветувала да разговараш со терапевт мислам дека ќе ти помогне. Не мора лекови да зимаш во моментов.
Јас не знам зошто не ме слушаш коа истиот проблем го имав. Не можев да спијам од шо ме пецкаше. Цели 3 месеци. Две дози вагиналети ставив Канестен и цело време се мачкав со маст канестен надворешно. Не помогнаа. Башка едно време и ти ги ставаше и не ти помогнаа. Коа ќе те премачкаат со Геницијана (сината течност) ти ги чистат ѕидовите на вагината и немаш потреба да ставаш вагиналети дополнително! Генецијаната се чисти. Такви премивки прави и матичен гинеколог, иди замоли го да ти направи 3. Тофоски ми рече колку и да е тешка инфекцијата со 3 премивки поминува. Аман не лутај и не ги слушај сите и не ставај се шо ќе ти кажат, иди напрај го тоа и реши си го проблемот.
Тофоски е ембриолог? Сега го гледав на ТВ, зборуваше ао поддршка за вакцинација на трудници. Ме замисли баш.
Да и јас баш го слушав, други доктори ми кажаа да не примам втора доза освен Синан во Санте, и сега го слушав Тофоски за него само позитивни работи имам прочитано, па пак се замислив
И јас го гледав, почнаа да форсираат да се вакцинираме и ние трудниците но мислам дека нема да не убедат така лесно
И ембриолог меѓу другото, хахах. Специјалист за стерилтет е по звање. Мене ми вика ја праам бебиња Ма да прави и општи прегледи, мене цела бременост ми ја води, брисеви ми зема, премивки ми правеше, само за скринингот се огради, рече не ми е специјалност тоа. Ама незгодно ми е да го давам за таква општа работа како крвна слика да ми глеа, матичнана незз за шо ја иам Ми спомна една другарка дека го имало на Канал 5, ама не го фатив, штета А за вакцините и мене ми рече слободно после 12та недела, ама мене ми фуфка
Мојот доктор, благодарение на него си го имам ова мало чудо што си расте и клоцка кај мене во меше Нема подобар!!
19ta nedela sum sakam da prasam dali se normalni mlaki bolki vo stomakot dole pri vrtenje i isto taka vo spienje sega koristam pernica. Cuvstvuvam kako mrda bebus
Тофоски не е ембриолог „меѓу другото“, туку е гинеколог - акушер, субспецијалист за асистирана репродукција. Не мешајте две сосема различни професии,ембриолозите се биолози што работат со оплодување на биолошки (човечки) материјал, не се доктори.Тофоски не оплодува во лабораторија јајце клетки со сперматозоиди и не прави бебиња во ин витро култура (што го прават ембриолозите), туку работи репродуктивни технии за потпомогната репродукција (операции,инсеминации,ин витра).
Тофоски е звер од чоек. Шала на страна. Го запознав случајно додека разговарав со мојата докторка од ГАК, пријде нешто мислење да сподели со неа, и можам да кажам е еден од најпозитивните доктори што сум ги сретнала на блиц, иако не го знам лично,ниту пак сум била во контакт некогаш за нешто со него. Цар цар.
Ми го препорача доста стручен доктор, пиеш 200 мг што е доза за деца, а јас како што знам и сум читала бруфен/ибупрофен е дозволен вио бременост (во ретки случаеви нормално), но секој има различно искуство, сепак и секој доктор си оди по некое свое знаење и долгогодишно искуство.