ништо не купив . гледав колички и бендисав една на чико ама сега читам овде дека не ја препорачуваат пошто била мала... искрено многу споро ми оди бирањето работи... само гледам уште не купуваме..
Мене ми немаат спомнато за испитување за скриен шеќер. Задолжително е или ако има некои индикации се прави ?
Абе никој не може да те натера ако не сакаш, ама пожелно е да се исфрлат сите ризици. И мене не ми спомна матичната, јас сама од шо читам знам дека се прави од 24та до 28ма.
Нешто гледам ако ми искочи на инста или фб, ама не сум се осмелила да купам. Таман сакав едни шпихознички да си нарачам и на вториот скрининг ми рекоа дека го носам ниско и да одмарам повеќе, одма ме исекоа у корен и уште толку некако се затворив на таа тема. Обично одма купував работи и славев однапред за се и за сите, сега сум многу чудна за бебево.
Мајка ми пред малку "Има време, ќе купиме". Гледам неколку работи што ги гледав во Зара нема повеќе 0-1 величина. Ќе купиме - ако најдиме. За син ми они ми купуваа оти се породив во 37ма недела, со Има време ќе купиме ставот. Дете од болница ќе излезеше за малку со котви, бродови и бранови во декември, а по дома беше со безвезе бодиња и некои панталони распар.. Нема ни една пристојна слика за ова малку подобро ќе се спремам
јас почнав да се опуштам малку... искрено се осеќам многу попозитивно ... купив 2 боденца и скафандерче. гледам колички активно и креветчиња почнав списоци да правам што ми треба и сеа сфаќам дека спремањево е најубавиот дел од бременоста
Јас треба следен вторник да одам на контрола, па си ветив дека ако се поткачил погоре синко и дека ако се е добро одма ќе купам нешто. Оваа контрола ја чекам ко никоја, многу ми е страв некако, иако ми рекоа само повеќе да одмарам јас лежам цело време у грч да не направам нешто. За на психијатар сум жими се, а многу сакам и јас да почнам да се спремам, сега излегуваат баш ствари по долги ракавчиња и има преслатки работи, просто да се стопи човек коа ги гледа.
Јас многу работи имам од дечко, среќа се наоѓаат неутрални бои и по нешто розево (!?) во тоа што му го купувале првите месеци блиските.. Скафандерче, количка, транспортер, креветче, оградица, постелнина исто имаме, некои шпихозни плишени ми се купуваат, пастелно Розеви (а мислев дека нема да облекувам бебе во розе), и меркам кашмирен плетен комплет од Зара за од болница.. Декември/јануари е таман за плетен комплет дур некоја баба не купила сирени, рипки или еднорози.. @bybeDkid за момчиња има далеку повеќе избор и мнооогу кул облека, ќе уживаш
стварно бе.. цел живот живеам во заблуда дека за девојчиња има поише избор сега кога дојде време да купувам сфаќам дека за машки има поише работи што ми се свиѓаат и плус ако е девојче сакам така понеутрални бои, а некако се ми е удрено на розево за девојчиња до сеа се што купив е бело
Пазете си ги женските со @Anaksunamoon, бидејќи во Јануари доаѓа опасен дечко А и јас избегавам розево и принцезесто да купувам за девојчиња (ова за подарок), не мислам дека треба да ги учиме од мали принцези да бидат, а за синко се што гледам е жолто, кафеавко, крем, неутрални бои најчесто. Сино ништо. Ама тоа сум ја, вечен борец против стереотипите, а нема ништо лошо и у тие бои да си ги облечеме
да купиш и да се пофалиш овде што си купила иначе, вака ко што гледам уште се летни работи повеќе уште зимска колекција нема по дуќаниве.. чекам само и од октомври ќе се пуштам поактивно
Јас бев само на лежење скоро цело време, ама после 30та недела немаше ден да не стигне дома пратка Сега барем лесно е за пазарење, сите бутици испаќаат онлајн нарачки. Ќе почнев порано со купување ама чекав да извадат пролетни/летни работи
Јас вчера правев во synlab со упат од матичен општ доктор и доплатив 35ден,она ми кажа да не јадам 12h .Кај нив не се закажува само ми кажаа да одам најкасно до 9h,ме боцнаа па ми дадоа гликозата да ја испијам и после 2h ме боцнаа уште еднаш и рез имав за саатипол. Иначе сум 24+