Во една аптека ми рекоа демек е исто веќе, во друга дека не. И јас бев на идеја со шприц. Не знам да ти кажам, не можам да тврдам дали е скроз исти состав.
Здраво трудници Имам прашање за вас... Вака, јас сум моментално 14 та недела бременост, со инсеминација и претходно еден спонтан во 4-5 недела. На микробиолошките брисеви ми излезе позитивна на уреаплазма 10/4 ... На ниту еден претходен брис ми се нема појавено оваа бактерија, со сопругот имаме лечено кламидија, ама оваа се нема појавено.. како и да е.. последно нешто што сакав да пијам во бременост се антибиотици.. но геникологот ми препиша clarithromycin... Свесна сум дека пожелно е и подобро да се исчисти бактеријата отколку да предизвика поголеми проблеми, но, не сум сигурна за безбедноста за плодот на антибиотиков. Значи, прашањето ми е дали некоја од вас го има користено во некоја бременост и како сте поминале ако сте го користеле? И какви пробиотици се даваат со овој лек, или какви вие сте пиеле кои се безбедни? Ви благодарам, поздрав до сите
Чим ти ги препишал доктор значи безбедни се. Зошто мислиш дека тука ние сме постручни од гинеколози? Не ме сфаќај лошо, ама мора да му веруваш на гинеколот што те води, а ако не, тогаш треба да го смениш. Сум ја немала таа бактерија ама сигурна сум дека може многу поголема штета да направи од антибиотикот. И мислам дека 70% од трудниците пиеле некаков антибиотик во бременост, бидејќи морале едноставно. Пробиотик можеш било каков, јас сум пиела Лактогин, Провен и еден на Д (што не можам да се сетам како се викаше во моментов), ама можеш било кој. Испиј го антибиотикот и прави контролни брисеви да видиш дали се исчистила. Уреаплазма не е играчка. Со лесно!
Dali smee da se jade skusha riba vo bremenost? Osmi mesec sum.Matichnata mi rece prvite tri meseci riba da ne jadam.Vi imaat I vas spomnato za odredena hrana da ne se jade??
Мислам дека смееш ако е убаво печена, од риба само туна ми кажаа дека не смеам и суши, односно тоа се однесуваше на се што е конзервирано и месо кое не е убаво обработено, печено варено.
Девојки 38 недела сум, контракции никакви,2 природни пораѓаии ,па и сега сакам природно,но малку сум збунета од една информација која ја прочитав,па би сакала да слушнам ваше мислење,а можи и искуство од некоја мајка. Пред 1,5 година се правев операција на очите во Систина поради кератоконус на рожницата,имав диоптер -4,5 со -3,5 со што после операцијата се намали на -3.5 со -1.25. Сега за време на бременоста осетив како да ми е зголемен диоптер бидејќи гледам и како матно,наочарите не ги носам(не можам )знам дека мора ама ете... е сега друго ми беше прашањето,прочитав дека природниот пораѓај штетел на диоптрија т.е можело од напонот да се зголеми диоптерот и било препорачливо да се оди на царски. Дали сте слушнале и вие за вакво нешто?
Добар ден мами ви се придружуваме со бебе во одмарање и од денес официјално дома до крај на бременост.. го гледаше докторка па може пола саат да му виде полот а јас како навиена: плодова вода ОК ли е? Постелкатаа? Лакуни? А таа се смее вели се пита те разбирам ама какво е не праша велам да ми е живо и здраво не ми е битно какво е вели а мажти што сака велам ќерка вика кажи 80% е мома мм се расплака инаку грлото не се крати пак е 32 ама матичната вели да не ризикуваме( имам веќе еден спонтан во 23) и ќе си одмараме, гушки
Сум слушнала и јас, барав литература, ама излезе дека е само гласина, идеја, која традиционално се пренесува меѓу некои офталмолози и гинеколози, а не нешто што е базирано на докази. Ако ти се чита: http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/8543212 http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/9026570 http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC3085969/ Ако не, накратко се вели дека ова не индикација за царски рез. Познавам жена со диопер -12, спонтано породена и без понатамошни проблеми со видот поврзани со породувањето. За кератоконус имало неколку побликувани студии (информација од офталмолог, па не можам да посочам линкови за студиите) во кои се вели дека пациентките имале оштетување на корнеата заради покачен очен притисок за време на породувањето, меѓутоа толку било ретко што исто така не смета како индикација за царски рез. Меѓутоа, секако дека е најдобро да зборуваш и со гинекологот и со очниот што те водат и да одлучите што е најдобро за тебе. Ти посакувам лесен и брз пороѓај .
Првпат слушам ова за чаеви е, среќа што не изнакупив повеќе, минатата недела си купив мешавина некоја Calm tea на Frank, и две чаши до сега имам само испиено. Ама го чекав дедо ми од село да ми прати планински, нане, мајчина душица... Не сакам овошни А и кафе престанав уште пред 6 месеци да пијам ради киселини и се тешев сега зимава дека бар чаеви ќе можам... Има некое објаснување зошто не смее?
Те разбирам, и јас по 10тина видови чаеви секогаш имам и дома и на работа и ги обожавам. Објаснување класично нема бидејќи секој чај си е посебен за себе и влијае на одредени органи или хормони. Не се препорачуваат билните чаеви, посебно зелен чај, а тие ајдучка трева, мацина и слично директно, влијаат на хормони и овулација, рачунај во бременоста и онака сите хормони се измешани о за да не се направи контра индикација не се препорачува пиење секаков чај. Може брусница, камилица, нане, но во одредена доза и не секојдневно, прочитај по нетов пишува зашто и како за одреден чај. Еве јас вчера првпат се напив 1 чаша нане за доручек а сум 25 недела.
Lele Calm i Enegrzie na Frank gi obozavavvv.. ene gi mi stojat od pred 6 meseci, mm ne pie caevi Ama niso strasno ako si se napila 2 sholji, niso nema da ti bide
Јас како што најдов информации, зелен/црн/бел се дозволени во ограничени количини бидејќи содржат кофеин во нив, значи може место кафе да се пијат. А другите билните што ги пиеме нане/камилица/планински не, бидејќи билките не биле тестирани на трудници
Поради гестацискиот дијабет во понеделникот на Гак каде што бев на контрола кај мојата докторица, ми рече веројатно нема да чекаат термин точно за пораѓај демек можело и 38ма, и 39та на почеток. Ако ме фателе природно болки ок, ако не со провокација ќе било. Сега сум 37+2 и ме интересира дали имал некој вакво искуство? И дали можам ја да си побарам на крај краева царски? Ми рече докторка за една недела пак на контрола па ќе видиме што како Прва бременост ми е а толку прашалници во глава..