Бев на рутински ехо преглед денеска, бебе се стуткало во долен дел на матка, како логото на mozilla firefox. Горен дел од матка празен, плодова вода нормално. Док вика дека можело само да се сврти, кога сака, ама мене ми е шубе што е така долу, ем ми скока по цервикс со една нога, со друга на бешика. Имал некој нешто слично, нормално е? И дали може и како да се наместам да ја "поткачам" малку нагоре??
И јас ниско го носам, мене ме советуваа да лежам повеќе и да гледам да не стојам многу, многу на нозе. И да пијам магнезиум. Ми рекоа дека е уште мало и ќе си пливка и ќе се разместува. И мене исто ме клоца доле на бешика и цервикс, па затоа и мислам дека се нема поткачено уште горе. Ја не можам со перничка под газ да лежам ме кине кичма така. Ама знам да си ги кренам нозете и така да си лежам неколку пати во текот на денот. Следна недела сум на контрола па ќе видиме дали има некое фајде од одмарањево.
Се чувствува, кај мене повисочко тропкаше, околу папок, ама еден ден минатата недела се испешачив несакајќи повеќе од планирано, ми годеше многу, ама од нареден ден како да се спушти надолу, се упрпав ептен па на лекар најбрзо шо може.. А мислам и дека не ми годи спиење на мек душек, и тоа како да има некаков удел.
Кај мене се шета, некогаш кај папок тропка, некогаш скроз доле, како му текне. Ама мислам дека ние сме доста помали од вас у недели. 24 + сме. Тофоски ми рече дур цервиксот е долг и цврст дека нема гајле. И дека бебето може у следниот саат да смени скроз друга положба. Само гледај да не пешачиш долго и да не стоиш на нозе многу, прилегнувај си почесто.
Сум слушала такви муабети, но секој случај си е индивидуален па така најдобро е да се консултираш со твојот очен доктор. Мислам дека беше за многу поголеми диоптри, но сепак ти веќе имаш направено корекција и затоа консултирај со докторот што ти правел операција. Јас кога го прашав мојот дали ако направам корекција ќе ми смета за природен пораѓај, ми рече не. Но сепак некако се одлучив да направам одпосле.
@Bebe3 јас имам диоптер, и за првата бременост читајќи тука дознав дека при природен пораѓај може да се покачи диоптер. И вом36та недела трчав на офталмолог. Отидов во приватна ординација, ми рече обично за - 6 диоптер па натака важело, нешто така беше. Ме прегледа и рече според него нема да е проблем, ама да консултирам и гинеколог и морало од Клиника да ми дадат потврда. Па бев и на Клиника, исто пак преглед ми правеа и ми рекоа дека нема да смета. Е сега, после 2 пораѓаи ми се покачи минимално, -0,25 ама дали е од годините или пораѓајот никој не спомна ништо. Мој совет ти е да си консултираш офталмолог, еден рутински преглед и тој ќе ти даде писмена изјава за начин на пораѓај. Со лесно
Ич да не те буни, исто од 20 недела забележав и кај мене Само немој да ги стискаш дополнително градите за да истекува со сила.
Женски абе некоја болки у нозете има ли? Од вчера ме болат од препона до доле, не се грчеви, туку баш болки. Магнезиумов нешто не помага. Исто приметив дека мешково ми има доста пораснато неделава па си мислев да не е од тежината нешто..
Не ич не стискам допонително ама забележав на градникот и баш проверив и малку ме збуни Фала инаку Иста сум веќе 2 недели необјасниви болки во нозете оток немам не движам одмарам дома не сум попраена многу 20 недела а само 2кг сум поправена значи можи и не е од самата тежина комшивкава ми вели пониско го носиш затоа колку можи да е точно незнам :/ Не делува магнизиум воопшто кај мене
Неам отоци ни јас, само некоја глупава болка, особено над колената. Оооо епа ја пониско го носам, да. Не се ни сетив дека може да е од тоа. А и јас одмарам, и можно е да е од тоа што не движиме многу. А со ниско поставено бебе и не можеме мн да движиме и ко ќе видиш секако сме за*бани
Понекогаш чувствувам притисок/болка под лева града, белодробие. Кога ќе ае истргнам престанува. Зарем може да притиска или лошо да е наместено таму бебе. И некои денови коа ќе си се уфилмам дека стомакот ми е помал, леле. 25гн сум, и си мислам дека не ми е многу голем стомакот за таа недела, цел месец не сум била на контрола и си се уфилмувам, а досега нормално аи расте бебе. Утре сум на ехо.
Мешиња вчера бев кај матичната, бебка упорно карлично наместена. Тука во Гв ми рекоа најверојатно царски ќе биде ако не се сврти и ради мојата висина. Крвна слика добра пијам Хаемовит и во урина имаше + кетони но се било во ред. Чекам резултат од брисеви но најверојатно имам кандида, ми препиша вагиналети па ако треба ќе се појача со други ствари. Инаку сум 33н.
Вчера спомнавте за чаеви дека се забранети барав на интернет што пишува, па денес што ми требаше гледав за овошје. Пишува грозје и ананас да не се јадат Додуша некаде пишува за ананасот дека тоа е мит дека го омекнувал цервиксот и дека може да се јаде...но сепак.. Дали вие јадете, дали доктор ви има кажано за овие овошки да не ги конзумирате? Јас без грозје денот не го минувам, само тоа ми помага за одење по голема нужда. А ананас еднаш неделно обавезно купувам од кога видов дека е поевтин од праските
И јас јадам и тоа и тоа за овошјето пишува се нешто имав читано и за праски па потоа излезе дека не е точно не знам ни јас више што треба а што не …
Значи колку сакам што ни е достапен интернет и секакви информации, толку и го мразам. Некогаш сакам ништо од овие работи да незнам и да си терам бременост мирно. Во се едно што ќе прочитам лошо, јас таму ќе се пронајдам. Па анализирам, мислам премислувам абе ужас. Инаку за ананасот знам, а за грозјето не сум слушнала до сега. Ама немора да значи дека сега одма нешто ќе се случи, зошто имаш јадено. А и сметам кога е во нормални количини дека нема страшно. Знаеш колку трудници знам што пушеа премногу цигари во бременост, алкохол се пие и тоа жесток па пак родиле. Јас пред недела време сварив чај мајчина душица и пиев некоја чашка и после незнам што ме натера да читам на нет дали е дозволено, па прочитав дека не се препорачува. Абе ексик. Сега само брусница си пијам.
На моево ножињата и се кај мене под ребра наместени, кога се тегне или се врти буквално додека не си се намести не можам да дишам. А инает малово веќе месец и пол си е така наместено, никако да ми олесни ситуација А за стомакот не е битна големината, само нека напредува бебето. Другарка ми на породување немаше толкаво стомаче како јас сега во 7ми месец