Здраво Извинете да ве прашаам дали некоја за време на бременоста била невработена Барам фирма што може да ме пријави само јас ке си плачам придонеси дали знаете како каде Ептен ке ми значии моментално сум во тесно Ви благодарам
Па и да сум на лева, во спиење се вртам и на десна, и цела вечер мењам страни. Ја па ич нејќам на лава, на срце да лежам, си го слушам како тропа некако посилно и ич не ми е убаво. Иначе Лала перница ме почасти сопругот, кој ја нема да си ја купи! Немало боље решение за болки во кукови, ептен е убава
Дали има некои книги за подготовка за бебе? Во смисла, важни совети, за психичка подготовка на мајката, што треба да очекуваме кога ќе дојде бебето и слично нешто да читаме во бременоста, наместо да гугламе? Ја најдов само Бебе Прирачник од Арс Ламина, па доколку некоја ја има споделете дали е корисна
Првиот пат мислам дека ни три тома литерарура не ти помагаат за тоа што те чека. Само фино тунирање на психата дека сѐ брзо минува, секоја фаза е кратка. И дека помош треба да се бара, околу нега на бебе, доење, нега на мама, постпартум анксиозност или депресија.. Опкружување со позитивни, стручни и луѓе кои знаат да дадат поддршка. Мене првиот пат доењето ми беше најтешко, првите 2-3 месеци. Немав некоја поддршка освен онлајн групи, и успеав успешно да дојам до 15 месеци. За мене победа, оти породена со царски во 37 недела, и во болница ми покажуваа како оди ама и ме подготвуваа дека некогаш не е лесно и дека АД е нормална опција на храна за бебе. Јас успеав, и на тоа сум посебно горда. Неспиењето исто ми беше ужааасно тешко, посебно првите 5-6 месеци. Зомбификација на ново ниво Секоја мама се соочува со предизвици, независно колку читала. Да се извлече заклучок што порано дека "И ова ќе помине и дека некогаш може (!?) ќе ми недостига", море и да се испринта како слоган за на фрижидер е моја најсилна препорака до мамите за првпат
Јас ја имам Бебе прирачник, мене лично ми се допадна, има разни совети, и на хумористичен начин е напишана ( повеќе за татковците ) Исто така и на почетокот си ја купив од антолог Свесно мајчинство, брзо читлива и смирувачка книга, општо за негативните мисли во бременост да ги тргнеш. Моментално ја читам secrets of the baby whisperer ја нарачав онлајн, некако колку повеќе читаш толку повеќе си викаш го можам јас ова Следна на листа ми е Мудар родител среќно бебе од антолог. Исто и таа ја прочитав тука негде дека ја имаа пофалено. Е сега колку ќе ми помогнат сите овие книги.. Ама како што имам прочитано некаде, страшни се нештата што не ги знаеш, јас вака барем да си имам ситна допирна точка... се надевам
Откако ке се роди очекувај неспиење. Па ако имаш мирно бебе ке кажеш супер е. Јас не читав ниту една книга, само на интернет читав. Прифати помош околу куќата и барај ако не ти помагаат. Запомни дека ти треба некој да ти исчисти, зготви и испере. А ти со бебе ке се гушкаш. Маж ти не смее да е маж туку родител како тебе. Значи обврски пола пола. Околу доење можам со топло срце да ти кажам да ја заследиш @Kaetana и/ или doenje so ljubov на инста.
Мешиња здраво. Лани после 3тиот спонтан почна летото глава да ме боли, некогаш видот да ми се мати и качував притисок 150/90. Бев на доктор што требаше се' испитав. Крв, тироидните хормони, на ехо ме праќаа за бубрезите и на крај испадна дека малку холестеролот ми е покачен па да внимавам на исхраната за веднаш да не почнувам со апчиња. Па ајде нели дека е од стрес, ептен ми беше таков периодот никаков. Сега на почеток некаде на бременост ќе осетев глава ме боли во тилот, и почнаа прстите да ми трнат и устата, тоа и предтоа ми се има случувано. Мерев тогаш притисок и пак висок 150/90. Кога бев кај Владимир му спомнав што како, само ми рече ти ми личиш на здрава личност, ама насабајле кога ќе станеш да помине пола час и тогаш било најверодостојно да се мери. Кога мерев, кога не и така си го прифатив тоа. Кога бев скриен шеќер да испитувам и матичниот ајде притисок да ми измерат да пишат во мајчината книшка и оп 140/90. Почнаа одма ааа тоа е висок притисок, ми препиша апчиња Метилдопа мислам се викаа. Ама рече консултирај се и со Владимир. Јас ги купив апчињата и дома кога стигнав мерев притисок и беше намален, па ајде матичниот вели може од возбуда ти е. И вака читајќи и по форумот, наидов на мислења дека не треба да е поголем од 130/90. Јас вчера мерев 136/86. Сега мерев 135/91. Сега немам симптоми да ме боли глава или слично. А, често знае да ме боли се' од промените на времето. Што мислите според вас, дали да се консултирам со доктор па да почнам со апчињата да ги пијам? Дали е вака висок за во бременост? Мислам дека цело време ми се смени од лани и вака се движи притисокот мој, додека предходно си имав баш нормален 120/80. Ама подобро да реагирам на време.
Да се консултираш Софи. Не е тоа ниско баш. Јас имам обратна мака - низок. Не се разбирам воопшто од хипертензија, знам само дека треба сол да се избегнува у таков случај и кофеин, секако. Прашај си на гинеколог, можеби треба да почнеш со некоја терапија. Ќе биде добро, ќе се стабилизира, не се грижи.
Мене на котрола секогаш ми е висок од паника, а дома кога мерам е нормален. Мерувај дома почесто и по 2 -3пати едно по друго да видиш дали од самото мерење се вознемируваш. Ако ти е константно 130 со 90 мислам дека ќе треба да превземеш нешто затоа што висок притисок предизвикува прекламсија што е сериозна состојба во бременост. Не сакам да те плашам дека знам дека си миле паника ко мене ама контролирај го тоа.
Јас кога бев пред 2 недели последен пат во Сити мол, ништо немаа. Бар ништо што ми се допадна, мислам дека истите работи ги вртат со години веќе. А Котон и Калиопе немаат трудничка гардероба, за жал.
Ниту во првата бременост не ми беше згодно да спијам на лева страна, ниту сега. Гледам да не се оптеретувам со тоа се додека бебе добро си се развива. Плус никој доктор не ми спомнал, се што знам е од што сум читала.
Здраво, 22 недела сум, се беше нормално и пред 3 - 4 саати ми почна вртоглавица, на моменти ми е добро на моменти не можам да станам, мачно ми е во глава, притисокот ми е ок, како и секогаш 100 со 70/80,каснав и благо, кока кола ама иста е ситуацијата, не знам што да правам
да одите на преглед кардиолог ако нон стоп ви е висок јас првата бременост имав проблеми со пулсот па ме испратија на преглед .
Прееска бев во Сити мол, за жал нема ништо есенско, летни работи, а за бебиња ништо нема, се растурено, нафрлено на една закачалка хаос не е ништо по бројче средено