Да одиш на доктор, да се контролира притисокот. Мери го дома утро и вечер и запишувај. После со тоа оди на доктор, да види дали си за терапија или не. Исто и јас цела бременост имав висок притисок и пиев метилдопа. Ми трпнеа и нозете и рацете. Најмногу ми се креваше 160/100. Со пиење на метилдопа, се преродив. Ни главоболка,ни трпнење. И секако сол исфрли од исхрана.
Од паника не се крева 140. Може малце да се поткрене ама треба да си екстра стресена за да се крене 140. Не ти е многу висок ама дефинитивно малку повисок од нормала. Особено штом веќе осеќаш симптоми ко заматен вид и трнење и го имаш фатено дека ти е висок во повеќе наврати, значи не е само еднаш, инцидентно. Нема зошто да чекаш, консултирај се со доктор и да си ги земаш апчињата. Сол намали, ама не исфрлувај скрос, кафе, кока кола такви работи не, мрсно не, свинско месо никако, тоа секако не е здраво, вода пиј колку што ти се пие, некои трудници на сила по 3 литри пијат, ако го правиш тоа немој. Раздвижување лесно ако ти е дозволено од доктор (не те следам не знам дали ти е бременоста со лежење) и без нервирање. Не ти е висок за да се паничиш, ама е доволно висок за да појдеш на лекар без чекање и одолговлекување.
СОС. Од пред некој ден имам зголемена потреба од благо! И тоа попладне. Пред малку си каснав нутеличка.. Едно 3-4 лажици не можев да запрам. На што се должи ова? Никогаш не сум сакала благо, освен у пубертет што кркав по цело чоколадо, особено после попладневна дремка. Забележувам и дека качувам килажа, посебно во задниот дел, иако никогаш не сум ставала килажа таму, па ова ненадејната потреба за чоколадирани работи ме загрижува. Шо мислите: Има врска со низок/висок шеќер и/или ниско железо?
морав да се насмеам душо јас сум дијабетичар и нема врска благото као демек многу ти се јаде благо и оп имаш шеќер, не тоа се баш тие фамозни труднички хормони, јас секој ден си правам мајонез салата а кога и да е имало дома ќе чепнам а сега како да не сум видела затоа уживај ручкај што ти душа сака нека ни се живи и здрави само бебушките
Јас пред бременоста не јадев воопшто благо,а сега не можам да се сопрам. 3-4 лажици се гола вода, ни сама не сум свесна колку канчиња сладолед испразнив. Сите кажуваат дека е нормална зголемена желба за благо. Бев убедена дека на толку благо ќе ми најдат шеќер ама за среќа се беше во ред се до сега 36+2
Јас сега искрено немам никакви тегоби. Само еднаш ми се случи тоа со трнење на раката и устата сега во бременост и баш тогаш го измерив и беше висок. Сега не сум ни отечена ни ништо, иако сум со вишок кг. Ама велам чекај превентивно да го мерам да видам како се движи, баш од причина што лани летото се патев и не го средив. А, предходно си имав нормален притисок. Ќе се консултирам, па подобро да пијам апчиња и да се надевам ќе се стабилизира. @Mantub Тоа со симптомот беше еднаш во бременост, лани повеќе ми се случуваше тоа и така открив дека се качува. Ако ме веруваш имам скриен шеќер на граница. Јадам црн леб, газирано ми е исфрлено од употреба освен некогаш газирана вода, благо не јадам, со сол сега не форсирам ако не ми е солено, сега не го ни досолувам јадењето. Во неделата може еднаш свинско месо во манџа, бидејќи и со шеќерот искрено веќе незнам што да јадам. Сирење исто поретко, дека нели солено. Повеќе сум на пржена со јајца, урда, јогурт... сега знам и пржена храна не е убаво. Сега од последната контрола ми рекоа повеќе да лежам и одмарам. Може најдобро ќе биде да си почнам со апчињата, ќе се консултирам со матичниот што и како. Малку ми дојде шубе, баш цела бременост само нешто нервози. Фала ви женски.
И да не си за терапија, контролирај го редовно. Да си знаеш колку е, за да не дојди до некој проблем. Се ќе биди супер, ајде уште малце остана, ќе си се гушкате со бебеушот
Ова со притисок во бременост не може да се предвиди, има трудници јадат све што не треба, кафиња по 5 дневно, кока кола, мрсно и немаат гајле, а некои пазат на се што крева притисок и пак имаат висок. Од апчињата не се плаши ич, ќе ги пиеш најверојатно само дури си трудна и толку, немаат штета, дозволени се во бременост, многу трудници ги пијат и ќе се стабилизира одма притисокот од метилдопата.
Хахахаха, секогаш ама секогаш ме насмеваат коа потребата за нешто блашко ја поврзуваат со шеќер во крв. Шеќерот што го внесуваме нема никаква врска со инсулинските единици, а ако веќе некоја храна влијае на негово покачување, тогаш тоа е месото (особено она помрсното и пржено). Благото не. Но, зголемената потреба за благо може (но и не мора) да укажува на присуство на некаква бактерија (како е.коли) или габа (како кандида) во телото. Јас знам по мене порано имав многууу мака со ешерхија коли во урина и штом почнуваше да ми се јаде благо знаев дека пак сум ја закачила. И секогаш беше така. Ама јас бев склона на тоа, за тебе не мора да значи. Бактериите и габите се хранат со шеќери, така што логочно е да ти бара телото благо.
Zdravo devojki imam jaki bolki vo zeludnikot pred godina dena lskuvav helikobakterija izlecena bese sega imam pak prejaki bolki dali steti na plodot toa bidejki ne pomagaat apcinja za bolki osven ketonal inekcija nemee sea da se prima. Najmnogu me interesira dali steti na plodot bolkite ? 20 nedela sum
Истааа сим. Цела бременост нема ден да не си каснам благичко. А претходно се контролирав. Леле слон ќе се направам
3-4 лажички нутела?? Ма дур не отепам 200 гр чоколадо во денот јас не можам кризи ме фаќаат и тоа само во последното тромесечие ми се дешава,пред тоа воопшто не јадев благо (првите 6 месеци мислам) ама сега....
Немам искуство, ама со сите мајки што се посоветував тој дел што е корпа сметаат дека може и без него. Така да јас си купив количка и транспортер.
Не штети, јас првата бременост имав хеликобактер, исто болки имав и пиев Ранитидин 2 пати на ден. Бебето добро напредуваше. Единствено ти ќе умаш проблем со болки и ќе ти смета одреден вид на храна, за бебето ич не се секирај неможе да се пренесе.